Серскиотконгрес на Серскиот револуционерен округ е последен конгрес од низата конгреси на Македонската Револуционерна Организација по Илинденското востание па се` до свикувањеото на општиот Рилски конгрес.
Конгресот започнал со работа на 29 јули 1905 година во месноста Белемето, во Пирин и траел околу 8 дена.
На него присуствувале 25-30 делегати, а меѓу нив поистакнати биле: Јане Сандански, Стојо Хаџиев, Ѓорѓи Скрижовски, Лазар Томов, Тодор Поп Антов и други. Покрај нив присуствувале и неколку гости.
Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на Организацијата и населението.
Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто.
Конгресот дискутирал и за раководството, а за војводи биле избрани Јане Сандански – Мелничко, Таската Врански – Серско, Скрижовски – Разлошко, П. Милев за Неврокоп, Дедо Илија Крчовалијата и Хаџиев за Демихисарско и Ичко Бојчев за Горноџумајско.
Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност.
Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи и да си ја повратат земјата.
Во однос на Империјата било решено да се бојкотираат нејзините финансиски мерки како што е собирањето на десетокот.
На крајот на својата работа делегатите избрале претставници за општиот конгрес на Организацијата.
Извори
- ХристоСилянов, “ОсвободителнитеборбинаМакедония“, томIIСледъИлинденскотовъзстание, ИздателствонаИлинденскатаорганизация, София, 1943. (бугарски)
- Документизаборбатанамакедонскиотнародзасамостојностизанационалнадржава, томеден, УниврзитетКирилиМетодиј – Факултетзафилософско – историскинауки, Скопје, 1981
- Историјанамакедонскиотнарод, книгавтора, издаванипНоваМакедонија – заедницазаиздавачкадејност, книги, периодикаипублицистика – Скопје, Скопје, 1969 година