Историја

Југословенски нацрт на заедничка изјава меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков

JBT-600

JBT-600

(јануари 1976 година)

“Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито и првиот секретар на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија и претседател на Државниот совет на Народна Република Бугарија, Тодор Живков во атмосфера на пријателство, заемно уважување, разбирање и отвореност извршија, заедно со своите сора-ботници, широка размена на мислења за сите прашања од интерес за двете земји.

…Двајцатата претседатели изразуваат задоволство што двете страни се цврсто решени, натаму да ги унапредат и развиваат добрососедеските односи на трајни основи, да вложуваат заеднички напори да се надминат оние прашања и проблеми кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји.

Притоа, претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков изразија согласност за положбата и заштитата на националните малцинства – македонското во Бугарија и бугарското во Југославија, како и дека доследното почитување и остварување на нивните национални права, претставуваат значаен фактор во натамошното создавање доверба, во развивањето и јакнењето на сестраната соработка меѓу двете соседни социјалистички земји. За таа цел владите на двете земји, во согласност со почитувањето на меѓународните норми, вклучувајќи ги и соодветните одредби од Мировниот договор со Бугарија, потпишан на 10 февруари 1947 година во Париз, и врз основа на почитувањето на принципите за суверено одлучување во своите внатрешни прашања, ќе посветуваат полно внимание на постојаното унапредување на правата на националните малцинства, особено во областа на употребата на јазикот, образованието, културата, информативната дејност и во јавниот живот.

Двајцатата претседатели одлучија владите на двете земји, поаѓајќи од заедничките ставови прифатени во ова соопштение, секоја пред својот парламент да дадат свечени изјави во кои ќе ги изложат основните принципи, мерки и гаранции, на основа на која ќе се остварува заштитата на правата на националните малцинства – македонското, односно бугарското во својата земја.

Двајцатата претседатели со задоволство констатираа дека соработката меѓу СФР Југославија и НР Бугарија во политичкта, економската, културната и други области, како и соработката меѓу општествено-политичките организации забележува виден напредок. Тие, меѓутоа, се уверени дека постојат широки можности за нивното натамошно проширување и унапредување… 

ИИ 

Претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков со за-доволство констатираа дека економската соработка меѓу двете земји бележи напредок и дека постои заемна заинтересираност и залагање за натамошно развивање на современите облици на соработка во областа на производството, индустриската кооперација, научно-техничката соработка, стоковата размена, врските, транспортот, изградбата на патишта и железници…

Двајцатата претседатели ја разгледаа и состојбата на билатералните односи во областа на културата, науката, образованието и средствата за јавно информирање. Тие сметаат дека во тоа се постигнати одредени резултати, дека многу прашања за соработка се веќе договорени меѓу двете страни, па треба да се пристапи кон реализација:

– во работата на комисиите кои треба  да настојуваат во учебниците правилно да се обработуваат прашања од историјата на двете земји;

– учеството на научни собири и семинари;

– достапноста на историските архиви за научниците од двете земји;

– соработката на воените историчари.

Покрај спомнатите, на ист начин треба да се спроведат во живот и други прашања за соработка за кои е постигнат договор меѓу двете земји.

Двајцата претседатели оценија дека е потребно да се развива размена на културни и научни достигања, размена на искуства, како и заеднички потфати на научните и културно-просветните институции. Тие посебно ја истакнуваат целисходноста и значењето на соработката меѓу Српската академија на науките и уметностите, Македонската академија на науките и уметностите, Југословенската академија на науките и уметностите, Словенечката академија на науките и уметностите, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Научното друштво на Црна Гора и Друштвото за наука и уметност на Косово со Бугарската академија на науките, заради изучување и научна обработка на  мина-тото, а особено на оние периоди во кои се остварувала соработка меѓу југословенските и бугарските народи. Овие и други соодветни облици на соработка треба да обезбедат негување кај младите генерации на најсветлите и најплеменити стремежи на прогресивните и револуционерни сили на база на традициите во минатото и современите стремежи на прогресивните и револуционерните сили на двете земји.

Претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков сметаат дека треба уште повеќе да се развиваат и поттикнуваат непосредните контакти на граѓаните на двете земји, посебно во пограничните подрачја по пат на малограничен промет, соработка на градовите, развој на туризмот, одржување  гранични собори и други…

Тие се согласни дека треба да се овозможи слободна размена на печатот и информациите и дека треба да се поттикнува соработката меѓу информативните установи и организации (печат, часописи, радио, телевизија, издавачка дејност и др.), да се пристапи кон отворање културно-информативни центри се со цел подобро меѓусебно познавање на народите на двете земји, нивните успеси и проблеми во изградбата на нови социјалистички општествено-економски односи.

ИИИ

Двајцата претседатели сметаат дека постојат поволни услови за соработка на двете земји и на поширок меѓународен план, со оглед  на тоа дека погледите на двете страни за многу актуелни меѓународни проблеми се совпаѓаат или се слични.

…Претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков и натаму ќе вложуваат напори и лично ќе придонесуваат кон постојаното унапредување на стабилни, долгорочни и сестрани пријателски односи и соработка меѓу СФР Југославија и НР Бугарија, како и меѓу нивните народи.

М. СтефановиЌ, М. КрстиЌ, Апостолски: Великобугарске претензије…., стр. 265-269;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top