Историја

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сите сфери

emigracija

emigracija„…Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар ветеран, но за жал Македонија раѓала и сорта на Лигушевци и сорта на послушници и се освестуваме тогаш кога времето е веќе изгубено, дека не е уште касно. Зошто сево ова? …Лигушевци нема ниту да ја афирмираат државата на светски план, ниту ќе ја издигнат економијата да стане Македонија, нека и ма-ла држава, но висок светски економски фактор… Тука е потребно да дојдеме пак до зборовите на Солунски – „Тие ќе ја држат републиката и водат во пропаст додека не му здодее на народот економската немаштија и востане против тие што до ден денеска (ја) сонуваат Југославија и им рече, стига или главите долу, тогаш ќе се најдат смели Лигушевци кои ќе речат: „Да народе во право си да востанеш и бараш тоа што ти припаѓа, Ние сторивме сеж што можевме но сме слаби да го убедиме светот да неж слуша и помага и за нас, како мала и слаба држава, нема друг начин да излеземе од оваа криза освен да се споиме назад со остатокот на бивша Југославија, а со тоа пак да станеме колонија во алчните нокти на Шешеловци и Милошевци”. Меѓу другото ова не е догма, а реален чин утре да ни го сервираат тие што 47 години ја градеа Србија, а не Македонија”!

А за да не се случи тоа потребно е секој од нас да е буден, да се бори и бара чекори на вистинско дело, а не лага со шлем и меч. За ова е потребно македонското иселеништво да се сплоти околу тие кои секогаш не учеле да тераме прави патишта и успееме да имаме свои претставници во Македонскиот Парламент да работат не да формираат востаничка армија во Македонија да се бори против Македонија, како што тоа го прават албанските заменици и помошници министри, а да ра-ботат за Македонија, да ги изучуваат работите и врз тоа да им помагаат на Лигушевци да станат Гоцеделчевци. Македонската емиграција во ст-ранство ги има тие можности и може многу да придонесе за афирмирањето на републиката во сите сфери, државна, економска, национална и интер-национална, но за да стане ова стварност на чело треба да се избираат тие што знаат што треба и како треба и да им се помага нивната работа да оди во корист согласно националниот интерес, а не да се дозволува поединци да се збогатуваат и да создаваат династии и да го лажат народот да дава и да се трошат против интересот на тој народ, а не во корист на интересот на тој ист народ…”

Родољуб Славин – Од Историско истражувачката група „Гоце Делчев”

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top