Историја

Македонија како римска провинција

Map_Macedonia_province

Map_Macedonia_provinceД-р  Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

(од праисторијата до почетокот на 21 век)

ПОРАЗ  НА  ПЕРСЕЈ  И  МАКЕДОНЦИТЕ  ОД  РИМЈАНИТЕ  ВО  БИТКАТА  КАЈ ПИДНА  ВО  ТРЕТАТА  МАКЕДОНСКО – РИМСКА  ВОЈНА

(22 јуни 168 година п.н. е.)

Еден заостанувал за да си ги врзе чизмите, други за да го искапе коњот, трет за да ја ублажи својата жед. Кралот ( се однесува на кралот Персеј, н.б.) беше слегол и го водел својот коњ за уздата, за подобро да зборува со своите пријатели.

Т. Лив., ЏЛИВ, 43.; Плут., Аем., п. 267;

ЈУСТИН: ПОД ВЛАСТА НА РИМЈАНИТЕ МАКЕДОНИЈА СТАНА СЛОБОДНА

Веднаш штом се најде под власта на Римјаните, откако во секој град беа избрани државни службеници, Македонија всушност стана слободна, та законите кои до денес се на сила, таа ги дои од Паул (Ајмелијан,н.б.).

Јуст,ЏЏЏ,2

ТИТ ЛИВИЈ: ПОБЕДНИКОТ ПАУЛ АЈМИЛИЈ ПРИСТИГНА ВО ПЕЛА

ДАВА ОПИС НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА

Пристигна (се однесува на римскиот војсководач Ајмилиј Паул,н.б.) во Пела, која како што забележа, не без причина била одбрана за кралски дом. Пела е распоредена на рид, свртен кон студениот запад; обиколена од длабоки мочуришта што не можат да се прегазат… Зашто се плавени од реки. Во мочуриштето што е најблизу до градот, како остров се исправа тврдината на Факос, сместена зад голем и макотрпно нафрлан на-сип што го крепи ѕидот… Се чини дека некаде наблизу, тврди-ната е поврзана со градот; меѓу нејзините ѕидини тече река, а двата дела се поврзани со мост, така што можниот надворешен освојувач не би имал пристап ниту од една страна, а ако пак, кралот таму затвори некого, овој не би имал од каде да избега, освен преку мостот, што може многу лесно да се чува.

Т.Лив., ЏЛИВ,46

ПЛУТАРХ:  ПРЕД  АЈМИЛИЈ  ПАУЛ  ДЕФИЛИРА  БОГАТСТВОТО  НА МАКЕДОНСКИТЕ  КРАЛЕВИ

Првиот ден ги носеле сребрените кратери (големи садови за вино, н.б.), пехарите во облик на рогови, шишињата, чашите, сите наредени за да се покажат, забележливи по нивната големина и убавината на нивната резба. Вториот ден се носеле светата чаша од масивно злато, тешка десет таланти, збогатена со драгоцени камења, дело направено по наредба на Ајмилиј Паул; потоа вазните што ги нарекувале антагонидиски, селевки-диски, териклаејски… (златни чинии на македонските кралеви, н.б.).

Плут. Аем.33

МАКЕДОНИЈА  ПОД  РИМСКА  ВЛАСТ  Е  АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНО  ПОДЕЛЕНА

Главен град на првото подрачје е Амфиполис, на второто Тесалонике, на четвртото Пелагонија…

Третиот дел, од исток, е омеѓен од реката Аксиј, а од запад со Пенеј, кон север, се извишува планината Бора. Во овој дел влегуваат и Едеса и Бероја. Кон овој дел е надојден и делот на Пајонија што се протега на запад, долж реката Аксиј…

…Исто така да не се користат рудниците на сребро и на злато…

Диод. Сиц. ЏЏЏИ,8,7

ТИТ  ЛИВИЈ  ЗА  ТРЕТАТА  ОБЛАСТ  ВО  МАКЕДОНИЈА

Третата област ги опфаќа славните градови Едеса и Бероја, како и воинственото племе Ветијци (Ботиајци); има и многу доселени Гали и Илири, земјоделци… (а имало и Тракијци и Дарданци, н.б.).

…Третиот дел, што од исток го омеѓува е Аксиј, а од запад реката Пенеј.

Т. Лив., ЏЛВ, 30, 32

РИМСКИОТ  СЕНАТ  ИМ  ИЗРЕКУВА  ЗАБРАНИ  И  ОГРАНИЧУВАЊА  НА МАКЕДОНЦИТЕ

Ниту да се женат, ниту пак да тргуваат со земја или градби со некој што доаѓа надвор од границите на нивната област…

…На Дарданците им дозволил да купуваат сол од Македонија, а за да можат Дарданците полесно да се снабдуваат со сол, на третатата област, каде имало најголемо изобилство на сол им заповеда солта да се собира во Стоби…

Т. Лив., ЏЛВ, 32

ПРЕСТОЈ  НА  ПОМПЕЈ  И  НА  ГЛАВНИОТ  ШТАБ  НА  РИМЈАНИТЕ  ВО МАКЕДОНИЈА

Неговата коњица била цветот на Рим и на Италија, тоа биле 7.000 коњаници, препознатливи по нивното раѓање и нивното богатство, како и по нивната храброст. Неговата пешадија создадена од војници собрани од сите делови, требало да се дисциплинира, во текот на престојот во Берхоја тој ја натерал да ракува без одмор. И тој секогаш во дејство, се оддавал на истите вежби како војниците… Секој ден во неговиот логор доаѓале кралеви и принцеви од сите народи, а римските војсководци што го опкружувале биле во толку голем број што велеле дека има целосен сенат… Лобиен и тој дошол… Брут… Дури и Цицерон… Тидиус Секстиус, човек што отишол да и се придружи на војската во Македонија…

Плут., Помп., ЛЏ

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top