Историја

Исламизација во Македонија

angelina-markus

angelina-markus
Ангелина Маркус

Исламизацијата почнува уште со окупацијата на Балканот од страната на Турција. Меѓутоа најинтензивно се одвива во 16 век и подоцна. Покрај притисокот за покрстување, покрстените имале и посебни привилегии, намалени давачки и државни служби. Со покрстувањето требало да се промени христијанското име. Таквата пракса индиректно ни ги потврдува првите исламизирани генерациии од домородното население.

Вообичаено евиденциите во тоа време се воделе со запишување на личното име и името на таткото. Проблеми се јавувале кај прво покрстените генерации од христијаните, доколку таткото од разни причини не бил поктрстен т.е. останал со христијанско име. Во најголемиот број случаи наместо името на таткото се запишувало општо име „АБДУЛАХ” – „прататко”.

Анализите покажаа дека на просторите на Македонија како лично име не се појавува Абдулах, што значи, реално не може да се појави и како татково име. Со други зборови кога по новото – муслимански има се сретне син на Абдулах или само Абдулах, со голема сигурност може да се потврди дека се работи за лице-глава на домаќинството кое што се покрстило како прв од своето традиционално христијанско домаќинство. Исклучок од општото правило било во областа Река (околу Радика) каде се практикувало, наместо Абдулах да се запишува вистинското име на таткото (Стојан, Димитар, Никола, …).

Анализите покажуваа дека исламизираното домородно население во градовите, се трудело да го научи турскиот јазик, а постепено тој почнувал да се користи и во семејството. За разлика од условите во градовите или населените места близу до градовите, оддалечените населени места во кои имало исламизација, а немало од каде да го научат турскиот јазик, останале да го зборуваат македонскиот мајчин јазик.

Со релативно сложена статистичка пресметка за бројот на поколенијата, произлегува, дека населението што во 1913 година се декларирало како турско, над 70% генетски потекнувало од домородното население, односно нивните дедовци или прадедовци биле христијани. Дополнителна потврда за тоа е и распоредот на турското население. Голем број на турско население има по селата.  Турското население по род, доселено од Турција, најчесто биле државни службеници кои останале да живеат во Македонија или воени официри кои по престанувањето на воента должност за постојано место на живеење ја избрале Македонија, но тие најчесто останувале да живеат во градовите. Исклучок од тоа се Јуруците кои вообичаено биле сточари, се доселувале со семејствата, а поради природата на занимањето (напасување на стадата) останувале по планинските села, или пак, во посебни – времени живеалишта мезри. Доселувањето на Јуруците било потпомагано од властите заради одржувањето во покорност на домородното – христијанско население. Познати се и практиките, турските службеници да се женат со домородни девојки (доброволно или грабани) чии поколенија логично се евидентирале како муслимани. Дополнителен извор на зголемено муслиманско население се и познатите одземања (грабнувања) на машки деца од христијанското – домородно население кои ги учеле и воспитувале во духот на муслиманството. Од нив биле пополнувани таканаречените јаничарски воени формации.

Исламизацијата во Македонија е евидентна. Меѓу историчарите има дилеми колку тој процес бил со политички притисок, а колку поради економските привилегии или опортуно однесување на поединци. Распоредот на исламизираното население сугерира дека централната власт од Цариград јавно не декларирала исламизација. Тоа го правеле локалните управители и поединци од тогашната хиерархија.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top