Историја

Аристотел во науките и филозофијата (V дел)

aristotel

aristotelЃорѓија работеше и го ширеше ораторството со филозофија насекаде по градовите со македонски школи. Во Пела, Лариса, Арг, Делфи, Олимпија, Халкидик, во Сицилија, во македонската населба од Халкидик, Леонтина Сицилија. Имал брат Херодик, лекар, пријател на Емпедокле и Питагорејците со пурпурни наметки. Така филозофијата и медицината оделе пак заедно и со Ѓорѓија и брат му Херодик, како првосвештенство во врска и со Елејците од Колофон, прочуените Ксенофон, Парменид и Зенон. Нив често ги парафразирал Ѓорѓија за нивното битие што не постои и не се движи, а движењето е како небитие. Во врска со тоа е прашањето на Ѓорѓија: „Како може да постои тоа што го нема, а да не постои тоа што е“? И Диоген го поддржувал Ѓорѓија со неми докази против недвижење. Едноставно Диоген се движел околу бурето. Кипеле аргументите во филозофските учења од разни спротивставувања, за да рече Сократ дека мајеутика е породилна болка на вистината. Во таква состојба Аристотел ја преземал филозофската проблематика, едноставно ја наследил филозофијата, така убаво да ја среди и да ја предаде на поколенијата во најчиста форма на севкупна разноврстнот. Тука се извршени сите превозијдувања, критики и отфрлање на штетни влијанија за да се обезбеди развојноста и усовршуваноста на Аристотеловата мисла.

Ѓорѓија бил во постојани врски и со филозофите и со најславните луѓе на векот во кој живеел во V и IV век. Во Пела се сретнувал со Архелај, со Хипократ, Никомах, Еврипид, Тукидид, Проксен, Антистен и многу други негови ученици, во школите за говорништво и преку сите нив извршил влијание на Аристотел. Многу патувал да држи говори и да ги подучува луѓето со најдобрто и најлошо оружје – зборувањето. „Зборот е властодржец со најмал орган -јазикот, со кој се постигнуваат чудесни дела“, велел ораторот, филозофот, со кралско потекло од Македонија, Ѓорѓија.Тој, Ѓорѓија е сврзувачкото филозофско ткиво на кое што се надоврза Аристотел, прво со говорништво, па со медицина и филозофија.

Ѓорѓија ни ги разоктрива сите премолчени врски со другите филозофи чии дела му се припишуваат на Платон за да можат да го поврзуваат и Аристотел со Платон, но само како коментирање.

Внатрешна и длабока, наследна врска постои помеѓу Аристотел и филозофите што ги познавал, проучувал, ги разбирал и го средил нивното место во науките.

Се премолчува дека ученикот на Ѓорѓија, Проксен, исто така ретор и софист, му бил одреден за старател и за учител на Аристотел.

Се премолчува дека, исто така, ученикот на Ѓорѓија, Есхин,му бил учител на Аристотел по реторика и дека Аристотел го предавал тој предмет со свој учебник пред царските деца, другари и ширум по Гимназионите низ Македонија.

Се премолчува дека Филип го испратил Аристотел во Мисија во Атарнеја кај кралот Хермија, за да отвори филозофски школи во Ас кај Троја, Митилена на Лезб и други места.

Се премолчува дека Теофраст, Нелеј и другите од тестаментот, со Аристотел се познавале и работеле во Македонија многу од порано, пред да стигнат во македонска мисија во Атина, после Херонеја.

Не се знае од што се поголеми штетите, од премолчувањето или од преправањето. Ќе наведеме само еден пример како се сака да се преправаат податоци во врска со Платон. Тој се родил 427 година и веќе како бебе во 426 г. се борел за Атина во Танагра и 424 г. во Делион кога имал 3 години. Целата лажна биографија на Платон се прераскажува и се дотерува, вметнувајќи се` и во македонската историја. Ѓуриќ раскажува како Пердика, кога дошол на власт 365-360 г. бил наговорен од Платон, на Филипа да му се даде да раководи со некоја покраина. Изгледа дека Платон дошол од Сиракуза, или како продаден роб, во контакт со македонските кралеви, да врши влијание, да се доближи до Филип и Аристотел. Во тоа време веќе Филип управувал со Пелагонија во родното место на Евридика, мајка му на Филип и баба на Александар, па никакви препораки не можел Платон да упатува ни за Пелагонија, ни за Хермија и другите македонски бази каде што Филип го праќал Аристотел да го организира македонското образование. Вакви ситници ни даваат непобитни аргументи за вистинската ситуација во антиката. Така Критија, вујко на Платон, филозоф и ученик на Ѓорѓија бил водач на триесетмината тирани што извршиле колење во Атина, Ксенофон опширно го опишува настанот во историјата. Платон го критикувал Критија дека применил “право на посилниот” од филозофијата на Ѓорѓија. Кого сега брани Платон и каде припаѓа? Ако се сака да се прикаже со племство, од каде што потекнуваат сите филозофи, не се знае зошто застанува на страната на демократите, што го убија Сократа и наводно исплашен за себе Платон ја напуштил Атина. Многу колеблива политика и филозофија. Ја крши својата припадност за да се употреби како идеолог на град државата Атина од каде што се избркани уметниците и другите умни луѓе како што се пишува во неговата идеална држава.

Треба да го претставиме Аристотел во центар на светската наука и филозофија, изгледа ќе мора да го симнеме Платон од лажниот пиедестал, на којшто го издигаат Грциве денеска, сакајќи од Атина да направат македонска империја, што е невозможно, немаат такви луѓе како Македонците.

Преку животот наАристотел ја откриваме историјата на Македонија. Силната личност на Аристотел му овозможила правилно да ги опфати и насочи претходните и идните науки. Ги поврзал по сродност и наследност школите и филозофите. Така правото на посилниот кај Ѓорѓија не го сфатил како насилие, туку како космполитизам или слобода на народите, применета од Александар Македонски.

Уште повеќе што и Антистен и Диоген биле ученици и приврзаници на Ѓорѓија и тие непосредно вршеле влијание на Аристотел и Александар со етика и хуманост во филозофијата да го обединат светот до граници на сонцето во изгрев, на исток до кајшто пристигнале Македонците со фалангата, царот и филозофијата.

Ангелина Маркус

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top