Eтнографија на старите Македонци
„Eтнографија на старите Македонци“ – Студија на бугарскиот историчар и археолог Гаврил Кацаров за древните Македонци, списание „Минало“, 1909-та г.
Изнесени се интересни мислења и аргументи спроти грчкото крадење на македонската историја и наследство.
„Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам и оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се оддалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше…
…Според тоа, ако ни беше целта да ги опишеме зачуваните во грчките книги „Свадбарски обичаи и гозби на древните Македонци“, причината на оддалечување од предметот се состои да ја покажеме цивилизацијата на македонските Славјани, во што таа се состоела во времето на Александар (Македонски) и до каде стигнувало нивното образование, за да ги употребуваат Елините за подбив и сегашната нивна заблуда и незнаење, во кое ги фрлиле гркофенерските владици и да ги поканиме нашите родољубиви сонародници да им помогнат и морално, и материјално… “