Историја

Листа на кралеви, оратори и филозофи поврзани со Аристотел во Македонија

aristotel_copy

aristotel_copyТочната година на раѓање на многу личности не се знае. Често се напоменува дека зрело време на живеење било на олимписката година, а тоа може да биде четири години подоцна или порано. И за местото на смртта не се знае на протераните и осудените филозофи, уметници и научници. Презимињата и фамилиите се губат за да се заметне потеклото. Најчесто тие се определуваат по градови каде што живеат, како на пр. Питагора од островот Сам или Питагора од Тарент, Сицилија. Дури и името на Александар Македонски се преправа како Велики.

Листата на Македонци владетели цврсто е утврдена, па затоа според неа треба да се одредува кои современици живееле во нивното владеење.

Се знае дека во Пела кај Архелај се собрале голем број славни личности околу 400 година п.н.е. Ако се тргне само од тој факт многу поточно ќе се напише македонската историја. Сите загрозени личности продолжиле да живеат и работат кај Архелај во Пела.

АРХЕЛАЈ И НЕГОВИТЕ СОВРЕМЕНИЦИ

Тукидид – протеран од Атина ја напишал историјата во Македонија.

Еврипид – по смртта на Сократ продолжил да твори кај Архелај во Македонија.

Агатон – глумец и трагичар, пријател на Алкибијад и Сократ, дошол со Еврипид.

Хипокрит – царски лекар со цела фамилија создавал асклепијади во градовите.

Ѓорѓија – оратор, политичар, филозоф, остварувал соработка со сите од Сицилија до Јонија, подучувајќи ги Софистите од Македонија.

Зевскид – од Хераклеја ги украсувал палатите и гробниците со акварели, сочувани во царската гробница од Кутлеш, Палатица, Еге. Патувачките учители и лекари, уметници и научници завршиле во Пела кај Архелај. Таму се нивните гробови и статуи со богови заедно. Проучувањето на најголемото македонско светилиште под Олимп во градот Дион најдобро ќе ни раскажел зошто биле толку палати, театри, сали со мозаици, храмови со бисти и статуи и најмногу градби и активности за самите македонски династии. Сите македонски кралеви и цареви биле мецени за било кое творештво и с# заедно.

Аминта – со сите три синови: Александар II, Пердика II и Филип II покрај постојаните војни во борба за македонската држава, како и Архелај, наоѓале време за градење, правење патишта, обезбедување напредок во науките, филозофијата и уметноста. Кралевите учеле во школите, се вежбале со фалангата по стадионите и останувале пријатели и соработници целиот живот со најучените луѓе на својот народ.

Тоа се потврдува и со животот на Филип II, Аристотел и голем број царски другари на принцевите и нивните учители и ученици. Долга е листата на наследената врска во образованието во Македонија кое што не никнало со појава на Аристотел. Стотина години наназад биле оратори и филозофи што вршеле влијание врз Аристотел некој посредно, некој директно, како негови учители. Како што имотите во Македонија се пренесуваат со тестамент, како што владеењето се наследувало, така науките, филозофијата и уметноста се одвивале во фамилијарни наследни тајфи. Тоа се гледа во тестаментот на Аристотел и Хипократовата заклетва и најмногу во врските на многубројните учители и ученици што го одредувале образованиот систем на највисоко ниво во Македонија.

ЃОРЃИЈА И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ ПО ОРАТОРСТВО

– Ѓорѓија претставува претходница на Аристотеловите науки и филозофија – повеќе од 100 години контактирал со истакнатите луѓе од Македонија. Тоа биле кралевите, филозофите, лекарите што ги собирал да ги учи на ораторство од најоддалечени краеви. Од него се воодушевувале Теофраст од Лезб, Еврем од Род, Аристоксен од Тарент, Дилеарх од Месенија, Стратон од Лампеах, Деметрис Фалереон и многу познатите Софисти, оратори, логопети, коишто и самите се познати како говорници. За сите што ќе ги спомнеме постојат докази дека тие во Атина биле странци, метоци учители по реторика, прогонети и убивани и место презиме пород го кажувале од кој град од Македонија произлегле за да ги оспоруваат, разединуваат.

– Исократ (436-338 г.) – оставил писма и посланица до Филип. Учители му биле Продил и Протагора, Ѓорѓија, Архин, Сократ и др. Ученици му биле Ефор, Есхин, Теопомп, Тимотеј  (се оженил со вдовица на Хипис) и др.

Филиповата посланица од 346 г. ја испратил по филократовата делегација како покана да дојде Филип во Атина за да се смират Арг, Теба и Спарта и да им биде водач на сите. Филип тоа веќе го правел на сите фронтови.

– Протагора – убиен во Атина кога сакал да побегне во Сицилија како тоа што го сторил Есхил, драмскиот писател. Имал многу ученици меѓу кои и Мелис, владетел на Сам. Списите на Протагора се изгорени во Атина, како што гореле еретици во инквизацијата.

– Лисие бил меток немал право на политика и јавни настапи, подучувал млади демократи како да учествуваат во власта.

– Исеј – познат учител на Демостен, држел беседи за наследство. Меток.

– Антистен – ученик на Сократ и Агатон, учител на Диоген.

– Диоген од Синопс се познавал со Филип, Александар и Аристотел.

– Антифон – (го цени Тукидид) – странец, убиен во Спарта со делегација за преговори, приврзаник на Ѓорѓија.

– Каликле, Хипија, Продик, Тразимах – познати Софисти и оратори со свои школи и ученици како и Андокид по примерот на Ѓорѓија се движеле по Пелопонес, Тесалија, Сицилија, Хелеспонт, Јонија и Егејските острови каде што и Филип подоцна праќал оратори и филозофи да делуваат како претходница на македонското обединување.

– Критија – вујко на Платон, водич на триесетмината тирани во Атина, ја спроведувал филозофијата на Ѓорѓија. Во Атина постоела силна македонска политичка партија, преку неа Филип II ја спроведувал својата политика. Водачи биле Есхин, Филократ и значителен број филозофи и оратори.

– Проксен – бил Ѓорѓин ученик, Софист и старател на Аристотел во Пела и Стагира, познато од тестаментот.

Angelina_MarkusАнгелина Маркус

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top