Историја

Молба од група бегалци од пијанечко до Н. де Ринг, да посредува да се вратат во Македонија (1879 година)

carevo-selo

carevo-selo“Екселенцио,

Потпишаниве од името на илјада бегалски семејства од областа Пијанечко со оваа молба  доаѓаме да Ви го изнесеме следново:

Како последица од клањата, убиствата и силувањата што ги вршеа Турците пред повеќе од една година во нашиот крај Пијанец, клања кои не ги поштедија ни невините сосема мали деца, ние се најдовме принудени да ги напуштиме нашите имоти и нашата мила татковина и да дојдеме да скитаме овде голи, сиромашни и изгладнети.

Макар што бугарската влада се до денес ни помагаше и ни ја даваше нашата живеачка, ние гледаме дека таа не ќе може да продолжи и во иднина да ни ја дава оваа  милост, поради тоа што нашата положба од ден на ден станува се полоша и понеподнослива. Нејзе треба да и се стори крај, а само Вие со посредништво на вашата влада можете да го сторите тоа.

Повеќето од нашите бегалски семејства по покана од турската влада тргнаа да се вратат во своите домови, но по нивното пристигнување неколкумина од нив биле врзани и однесени во Скопје, каде што гнијат во затворот.

Тоа се:

Иван Јанев и неговиот син Стефан од Царево Село, Борис Мицев и неговиот син од Истевник. Пред едно десетина дена други од нив беа на немилосрден начин заклани, тоа се: Иван Велков, калуѓерски слуга од Царево Село и воденичарот Мито од селото Коселица.

Како последица од едно вакво предавничко држење на турската влада, која од една страна ги повикува бегалците да се вратат, а од друга безмилосрдно ги изложува на убиства и затвори, се наоѓаме во една голема збрканост и безнадежност. Поради ова, Ве молиме да се смилувате на нас сиромашните бегалци и да дејствувате таму каде што ќе сметате за добро за да се стави крај на нашата несносна положба, а бидете уверени дека вашето име меѓу нас ќе остави неизбришлив спомен.

Убедени дека Вашето човекољубиво срце ќе биде трогнато од гласот на сиромашните бегалци.

Ќустендил, 11. IX. (стар стил) 1879 година

(Следуваат десет потписи)”

Француски документи за историјата на македонскиот народ, серија VI, т.I, Архив на Македонија, Скопје, 1969, стр. 152-153;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top