Историја

Учители и ученици на Аристотел

aristotel-240

aristotel-240Луѓето што го опкружувале Аристотел цел живот биле царски луѓе од дворот на македонската династија и луѓе од највиските научни кругови. Како Филип ја ширел македонската држава, обединувајќи ги сродните народи, така кругот на школите и науките ги ширел и градел Аристотел. Први учители му биле научниците од Пела:

– Никомах – татко му на Аристотел му ги пренел сите знаења од природните науки и медицината во трајно наследство. Во негова чест Аристотел ја напишал Никомаховата етика.

– Хипократ со синовите Дракон и Тесал, исто така царски лекари, покрај медицината му ги пренеле учењата на Демокрит од Јонско подрачје со материјалистичка ориентација од филозофијата на Талес и Хераклит.

– Ѓорѓија преку своите ученици му овозможил допир со сите филозофи и оратори од Сицилија, од Елејците и Емпедокле и Анаксагора (царски филозофи).

– Есхин – самиот рекол дека по примерот на својот учител Ѓорѓија покрај школите подучувал и еден ученик. Тоа бил Аристотел, наречен Мит.

– Проксен – филозоф и оратор го згрижил Аристотел како старател по смртта на татко му Никомах. Аристотел на Проксен, жената и синот Никанор им поставил статуи во светилиштата во Стагира и во Стибера.

– Аминта, со сите свои синови, ги обезбедувал школувањето и животот на Аристотел, обезбедувајќи му раскошен живот во имотите низ Македонија.

– Филип II го праќал Аристотел во разни мисии со образовни цели во базите, во близина на стратешките градови каде што има Гимназиони и стадиони за обука на фалангата. Проксен го придружувал во Атарнеја кај Троја, Митилена, Ас, Миеза, Стагира и други места.

Аристотел имал голем број ученици со кои одржувал врски. Тоа се Филиповите генерали: Антипатар, Атал, Парменион и нивните синови.

Александар Македонски е најславниот Аристотелов ученик со сите дванаесет царски другари што застанале на чело на македонските држави во Египет, Ахаја, Антиохија и ги воспоставиле македонските традиции во новите центри Александрии, со истите учители Гимназиони и Аристотеловите списи. Сите други ученици ги продолжиле и го прошириле Аристотеловото учење.

– Калистен, Менен, Кориско со синот Нелеј, Никанор, Ксенократ, Ераст, посебно Еврем ги издавал Аристотеловите списи. Сите тие и уште многу други негови ученици соработници и следбеници имаат заслуга за науките и филозофијата на Аристотел.

Најзаслужен од сите нив бил Теофраст од Менон, нив Аристотел ги именувал за наследници на Гимназионите и библиотеката на сите книги. Тие биле долгогодишни соработници на Аристотел и ја продолжиле истражувачката дејност, пренесувајќи ја преку Хипарх и Нелеле во библиотеката во Александрија и од таму по цел свет.

– Калистен – роднина на Аристотел го придружувал Александар како историчар на походот и успесите на фалангата и Македонците. Роднинските врски на филозофи се многу често застапени.

– Кориско со Теофраст, Ксенократ и Аристотел ја формирале филозфската школа во Ас под заштита на Хермија. Таму Аристотел се оженил и се сродил со владетелот Хермија и му се родила ќерката Питијада. И Кориско го внел синот Нелеј во Аристотеловата филозофија, подоцна да ја сочува наследената библиотека што ја откупил Птоломеј во Александрија. Има уште многу ученици и соработници на Аристотел фамилијарно поврзани роднини. Проксен со синот Никанор, Никомах со синот Аристотел, Кориско со синот Нелеј и многу други поврзани со македонскиот наследен ген и во царските и во филозофските фамилии.

Филозофијата на Аристотел и во теоријата и во праксата е рационална. Тие корени се извлечени уште од митологијата во Македонија. Боговите се симнувале на земја да ја покажат и практичната страна. Така Зевс со молња му го дава оганот на народот. Сонцето дава плодородие и се обожава од Македонците. Артемида лови. Дионис прави вино. Хермес кова орудија. Орфеј свири и пее. Музите играат оро. Сето тоа го прави македонскиот народ. Прави орудија, се служи со оган, лови, прави вино и леб и се весели. Тоа се наследените македонски корени што Аристотел ги развил во науки и Александар ги разнел по светот. Да се потсетиме само на имињата што Аристотел ги спомнува во тестаментот: Проксен, Никанор, Никомах, Хипар, Грилион, Нелеј, Теофраст, Антипатар, Праксител, Стратон, Калин, Калистен, Накип, Метродор и др. Тестаментот е пишуван во Филипово време кога внукот Калистен уште бил ученик кај Аристотел. Тестаментот на Теофраст е пишуван во Александрово време кога Александар ги обновувал разрушените од Филип градови па Музеумот, се вели, требало да биде обновен исто како што бил порано.

Значењето на Македонија со феноменална појава на сите нејзини трајни вредности произлегува од:

– Македонското племство со наследен ред во цврста монархија со Филип II.

– Наследноста со професиите и науката изразени кај Аристотел.

– Поврзаност на школите (Гимназиони, лицеиуми, симпозиуми) и библиотеките од Македонија со влијание во образовниот систем во светот.

– Плејада (ѕвезди) на славни личности меѓу кралевите, научниците, уметниците, светците од Библијата сите Македонци.

– Артефактите од археолошките наоѓалишта ја даваат потврдата за македонските градови со многу докази за македонската историја и животот на Македонците во милениумски континуитет.

– Македонскиот неолит, македонската бронза, македонските театри, македонските монети, македонската фаланга составен дел се од Филип II, Аристотел и Александар, овековечени во македонската писменост и исклучителна уметност.

– Чудно е како на апсурден начин се негира или присвојува с# македонско. Македонските докази се аксиоматски и покрај тоа светот се залажува дека со космополитската политика Македонците им припаѓаат на сите.

– Велика е Македонија, насекаде допре, Аристотел и Александар Македонски се наши по карактер и по наследство. Македонците нема зошто да се борат и да докажуваат било што за себе. Тоа со логиката го стори Аристотел најумниот Македонец на сите времиња.

angelina-markus
Ангелина Маркус

Ангелина Маркус е дипломиран професор по филозофија на македонската јавност и е позната по десетте објавени книги од древноста на Македонија. Во нив пишува за сите вредности од различни области, за македонската древна медицина, театри, митологија, царства, пари, филозофијата, Филип Македонецот и сега за Аристотел. Нејзините приказни за Македон и Македонците предизвика голем медиумски интерес. Често е присутна на разни трибини, Македонското радио, телевизиите и пишаните медиуми, пишува рецензии и соработува со сите што на било кој начин се занимаваат со Македонизмот и ја сакаат Македонија, работат и мислат македонски.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top