Историја

Филип II (2 дел)

filip-vtori-makedonski

filip-vtori-makedonski

Мораме да наброиме повеќе автори што оставиле градиво за познатите пет автори што ги искористиле изворните текстови, со многу преправки, посебно со преводите кај Аријан, Руф, Плутах, Диодор и други.

На прво место ќе ги споменеме делата на Аристотел и другите филозофи и говорници. Делата во областа на медицината со царските лекари и многубројни научници и уметници што зад себе оставиле бројни дела со трајна вредност во градбите, бистите и скулптурите, мозаиците и сегашниот арсенал на македонската бронза до златниот накит и оружјето на Македонците по музеите, претставуваат вистински извор и доказ.

Лисип-царскиот скулптор го претставувал Александар како бел, зацрвенет во лицето и градите, со лесно завртена глава на лево и средена фризура на крупни руси кадри на коса.

Скопас со синовите и други скулптори ангажирани од Филип II во Пела изработил голем број ликови и во бронза.

Апел изработил најскапа слика на Александар со молња в рака како што се претставувал Зевс. Во Пела, Дион, Стоби, Стибера, Хераклеа, се ископуваат статуи како да биле рудници македонските градови украсувани со нив.

Писмата од Филип кон Аристотел, Леонид, Лизимах и другите учени и писмата на Александар кон Аристотел, Олимпија, Антипатар и други, се исто така значајни извори како и писма на Дарие кон Александар.

Натпревари во изведба на трагедии, свирење китара, рецитирање, лов, лоптање на стадионите и трки, прослави во театрите и другите градби се извор и доказ за големите дострели на македонските науки и уметност што бележеле видни резултати.

Многу видни личности од фалангата, од Пела, од островите и од Александрија оставиле бележани податоци.

Ератостен пишува за влијанието на Олимпија врз Александар, преку воспитување да се создаде владар на светот издигнат до божество. Олимпија го вовела синот во мистериите и правото да се поднесе жртва во светилиштата во градовите на Македонците.

Хегесија од Магнезија го опишува раѓањето на Александар водено од астролозите и магите во Пела, горењето на храмот на Артемида во Ефес, тројната победа на Филип и објавувањето на божествените знаци на светлина при раѓањето на божјиот син, предназначен да биде господар на светот.

Онесикрит филозоф и придружник на Александар н# известува како Александар спиел со „Илијада“ во издание на Аристотел и како се поистоветувал со Ахил и разменувал реплики со генералите од делата на Еврипид и Хомер. Клито го предизвикуваше Александар со репликата „обичај е сите да се борат, а еден да ја присвои славата“. Онес и Крит биле задолжени за историјата на Александровите војни.

Харет и Калистен биле историчари. За Калистен се знае дека многу сликовито пишувал, особено како го опишал патот во Сива или Теба, како гавраните им го покажале патот до светилиштето и како го прочитале каменот со текстот дека нивниот фараон ќе се врати како млад да го ослободи Египет и така Александар бил прогласен за фараон на Долен и Горен Египет и станал бог на сонцето Амон Ра. Тоа наследено право триста години го користеле Птоломеите и носеле две кобри на чело како круна, како сите фараони што управувале со цел Египет.

Динократ – царски архитект, му го понудил планот на Александар за изградба на Александрија како типичен царски македонски град. Сочуван е, и видлив планот во вид на хламида и сите описи како се градела Александрија, како пример за сите древни градови што ги изградиле Македонците под исто име во светот.

Анаксарх – седел на гозбите до Александар и кога го прашал каква е гозбата, Анаксарх рекол дека фали сатрапска глава. За тие зборови изговорени во шега, Анаксарх, царскиот советник и филозоф бил ѕверски убиен од еден бивш персиски сатрап.

Птоломеј се занимавал со географија, топографија и етнографија, по што преставата за светот се изменила. Позната е најстарата карта на светот со Македонија во центар.

Сонцето не како симбол, туку како компас им бил ориентир на Македонците во сите истраживачки експедиции на широки простори за градење патишта, канали, мостови. На таа македонска експедиција паднале идеи за Коринтскиот и Суетскиот канал, биле откриени причините за излевање на Нил и многу други.

Харет го спомнавме како историчар од Митилена што го пишувал приватниот живот на Александар, неговите разговори со генералите, спроведувањето на сопствените одлуки, откако барал предлози за с# и од сите. Парманиод го советувал да го прифати предлогот на Дарие и да ги задржи освоените територии. – Јас не сум Перманон и не мислам така. Победникот ги поставува условите, а не победениот, одговорил Александар. Од таквите записи ја согледуваме исклучивата личност и способност на царот кој што имал најдобри согледувања за решение на било која ситуација. Уште за Харет треба да се каже дека бил коморник на фалангата. Се грижел за цела фаланга како да биде нахранета и колку резерва со колите да се движи со војската и на колку оддалеченост да се постават базите со резервата во храна и вино. Менито за цела војска го составувал и го контролирал лично Александар. Тоа го научил од Аристотел, кој што лично го одобрувал јадењето за учениците во Лицеумите и Гимназиумите секој ден, понекогаш за 2000 оброци. Филип исто така и на царските трпези и со фаланата се хранел заедно со сите. Затоа коморникот како Харет морало да биде доверлива и блиска личност до царот кај Македонците. Истакнат Македонец високо образован  и способен.

Харпал бил царски другар од најблиските кругови во школувањето на Александар. Бил поставен за благајник на државната каса во вавилон и персиското азно од Суса. Со државното македонско богатство се однесувал како со свое, направил голема проневера и побегнал во Атина, раздавајќи злато за мито. Така и Демостен станал човек со златен пехар и заедно со Харпал си ја нашол смртта од раката на војниците на Александар по барање на Александар. Оваа случка како извор за авторитетот на македонската држава ни зборува како била организирана царската власт и како се извршувала во заштита на високиот морал на Македонците. Оваа случка ја преплаши Атина и не го прими Харпал ни во градот, ни до пристаништето, знаејќи што може да ја снајде од Македонците за мито.

Ксенократ, Аристобул, Поликлат и Птоломеј Лаг од Еордија пишувале историски списи за војничките случувања на Аристотел.

Клито – телохранителот на Александар уште од ученичките денови кај Аристотел бил неразделен другар и тој пишувал историја за протоколот на македонскиот царски двор. Тој бил како модерен портпарол и лично го известувал Филип за сите желби и контакти што ги имал Александар. Клито му бил како брат уште од детството, кога сестра му била доилка на најславниот цар на светот.

Неарх раководел со македонската поморска флота. Оставил извештај за опасната пловидба по Инд и покрај океанскиот брег и успешно ја довел флотата до фалангата до Вавилон, каде се сретнале со другарите Македонци што по копно ги водел Александар. Голема била радоста кога Александар ја пречекал жива и здрава војската што ја командувал адмиралот Неарх. Се знае за наредбата што ја издал Александар за изградба на нови 1000 кораби со кои Неарх требало да тргне на исток. Македонската флота оставила легенди за сонцето и коњицата кај народи од Јапонија на островот Фиџи, во Малезија и на Велигденските острови.

Мистерија е како се најде македонското шеснаесеткрако сонце исклесано во камен на Велигденските острови и како се најдоа бели цртежи на луѓе на фрески  кај индијанските племиња. Не знаеме дали се тоа некои од неарховите војници што со флотата ги препливале океаните.

Како Неарх и другите генерали оставиле дневници, извештаи, писма. Тоа се секретарот Евмеј, Пердика, Лиземах и познато е дека наследници на Александар ги продолжиле сите македонски традиции и научни постигнувања во новите држави. Сите се придржувале кон изворите што ги затекнале и законите што се применувале кај Македонците во афтентично продолжение.

Антиклид – оставил голем број списи за градовите, обичаите, митивите со кои што се служеле Александровите војници во гарнизоните. Тоа културно влијание с# уште се чувствува не само кај Хунзите и Калашите, туку и кај многу други кавкаски и арапски народи.

Потамон – пишувал песни и поеми за Александар па не е ништо чудно што се појавиле толку Александриди за нашиот Александар Македонски. И јас објавив поема за Александар во книгата „Поеми за македонските цареви“.

Сите извори кажани, запишани, печатени во книги, папируси, камен, глина го потврдуваат македонскиот идентитет и сведочат за постоње на Македонците, македонските цареви, научници, познати светски личности.

Ниту можат да се обезличат, ниту можат да се присвојат, ниту знаат колку можеме да издржиме како потомци на Филип II и Александар Македонски. Македонците еднаш владееле со светот и с# уште ја поседуваат таа сила во опстанокот да генерираат правда, радост и човекољубие, како што тоа го правеле древните Македонци со космополитска филозофија како основен научен поглед на уредувањето на светот.

Филип, Аристотел и Александар се најславните Македонци. Со својот ум допреле и до космососот и до крајот на икуменот, каде што заедно со учените Македонци, владееле во склад со науките и македонските закони и морал, оставајќи ги во наследство сите доблести на македонскиот народ секаде по светот.

Ангелина Маркус

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top