Историја

Доверлив извештај на Крил Миљовски политичко-пропагандна работа во народот за присоединувањето кон нашата Македонија

kiril-miljovski

(Софија, крај на 1944 година)

kiril-miljovski„Нашите раководители на состанокот со претставниците на БРП (к) го поставија прашањето за бугарска Македонија и тие се согласија на се’. Така во бугарскиот дел на Македонија сега се пристапува кон организирањето на македонски бригади и дивизии, организирањето на Македонски народно-ослободителни одбори по сите градови и села, и како највисок орган Обласен народно-ослободителен одбор, и организи-рање на политичко-пропагандна работа во народот за присоединување кон нашата Македонија. Се разбира, сево ова е уште во рамките на бугар-ската држава, воените единици во рамките на бугарската војска, а народноослободителните одбори во рамките на Отечествениот фронт…

…Некои се однесуваат негативно, некои пак нејасно, а има и такви што сакаат да ја матат водата…

По првиот состанок со Трајчо Костов, дојдов до заклучок дека решенијата што беа постиганти со раководството на БРП (к), запишани во еден нотес, се заборавени, а дека не е направен ниеден обид тие да се спроведат барем во вид на директиви, ако не практично, како што би морало да се прави, ако искрено се сака грешките од минатото да се ликвидираат до корен… Од десетина партиски директиви што на теренот ги испрати Обласниот комитет на БРП (к) во Горна Џумаја, нема ниедна што би го поставувала прашањето за обединувањето на македонскиот народ онака како што беше речено на заедничкиот состанок.

Така стои работата со практичниот став на БРП(к) по прашањето за Македонија…

…На една коннференција на Отечествениот фронт во Горноџумајската област, од сите говорници по прашањето за статусот на Пиринска Македонија седум беа за присоединувањето кон федерална Македонија, еден против, и двајца со нејасен став…”

АРПЈ, Београд, док. бр. 1981/III, 4-5/44; Сл. Нешовииќ, Југословенско-бугарскитеодноси…, стр 245-246;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top