Историја

Подготовки за Илинденското востание

ilindenso-vostanie-2009-01

ilindenso-vostanie-2009-01

Гарванов откако се вратил од Софија, Централниот комитет ги известил сите свои раководители на реони дека:

1. Организацијата решила да крене востание и со сите сили и средства да се бори за извојување на човечки права.

2. Организацијата ги осудува сите стремежи на официјалните и неофицијалните фактори во Бугарија, кои без нејзина согласност настојувале и настојуваат да го вовлечат населението во востание, бидејќи со тоа свесно или несвесно ја поткопуваат каузата на македонскиот роб и со своите дејства давале колорит на надворешно потикнување, факт кој бил силно експлатиран од Турција и европската дипломатија.

3.Организацијата изјавува дека до денот на востанието ќе се бори со сите комитети, корпорации и надворешни лица, кои со своите постапки ќе ја фрлат во борба и предвреме ќе го осуетат планот за дејство. Таа ќе води сметка за сите што ќе се обидат да ја искористат нејзината борба за други цели.

4. По објавувањето на востанието, сите кои се готови да го поткрепат ќе бидат прифатени. Притоа била пожелна претходна согласност од Организацијата.

Со ова известување била официјализирана одлуката за кревање на востанието, а истовремено биле предупредени и поканети врховистите.

Вознемиреност

Одлуката за востание предизвикала негодување кај многумина. Јане Сандански со одлуката бил запознат на 21 јануари 1903 година од Лазар Димитров, а самиот Сандански за тоа истакнува:

Тоа соопштение морално не уби, едно мислевме за Организацијата, едно агитиравме, а сосема друго излезе. Веќе немав ни лице, ни срце да агитирам како порано… Просто плачевме.

Костадин Нунков за решението на Централниот комитет за востание истакнува:

Во нашите очи тоа е една непромислена авантура. Ние мислевме дека востанието е пакосно, штетно, безнадежно, ненавремено, неподготвено, повеќе од кога било! Ние го сметавме погубно за македонскиот народ.

Подготовки на Централниот комитет

Веднаш по Солунскиот конгрес, Централниот комитет ги известил сите раководители да започнат со собирање на оружје.

Самиот Централен комитет постигнал договор со група на грчки контрабандисти. Тие оружјето за потребите на Организацијата и претстојното востание го пренесувале преку море до утоката на реката Вардар, а таму било преземано преку канал.

Лазар Димитров истакнал дека овој канал одвај ги задоволил потребите на Кукуш и околните села. Централниот комитет со посредство на Петроградскиот македонски кружок се обидел да набави и руски пушки но овој план бил напуштен откако бил воспоставен каналот со Грците.

Дополнително на овие активности ЦК започнал иницијатива за враќање на печалбарите во Македонија. Од кореспонденцијата помеѓу Бугарското трговско агентство во Солун и Бугарското министерство за надворешни работи и вероисповест се дознава дека до 13 март, околу 10.000 млади Македонци се вратиле во родните краеви од Цариград, Румелија, Бугарија… За да земат учество во претстојното востание, а Селџобалив истакнал дека од Цариград заминале 2.500 градинари и малекари. Сите тие Макеодонци со нетрпение чекаат да дојде часот за востание.

Овие подготовки биле будно следени од дипломатските претставници во Солун, а рускиот дипломатски претставник Николај Гирс информирал дека:

Во целата земја одвај можело да се најде поголемо село, каде немало востаничка чета. Селаните биле во постојан контакт со нив. Четите биле раководени од членовите на Комитетот. Тие имале строга наредба да не предизвикуваат вооружени судири, туку само да го подготвуваат населението за востание на повик од повисоките раководители…Еесенскиот налет на бандите од Бугарија (врховистички чети б.н), суровата пресметка на војските со мирното население, вмешувањето на Русија, прогласените реформи од страна на султанот и очекувањата од сето тоа, ако во суштина не ја промениле дејноста на месните комитети, во секој случај ги поттикнале… Организацијата не била за одлагање на востанието. Таа сакала да ги причека резултатите од реформите во кои малку верувала. Со одлагањето на востанието на неопределено време, македонското прашање би се затаило, а со тоа Организацијата би ја изгубила својата подлога и би го пропуштила погодниот момент за целосно ослободување. Оттука, четите трескаво работеле на собирање борци. Притоа истакнувале дека нема да им допуштат на Турците да ги исколат како Ерменците.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top