Историја

Некои македонски патриоти имаат прецизна мисла – Солун, февруари 1874 год.

petko-racov

ПЕТКО РАЧОВ СЛАВЕЈКОВ:

НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ИМААТ ПРЕЦИЗНА МИСЛА:

„МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ БУГАРИ И УПОРНО НАСТОЈУВААТ ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО СВОЈА ОДДЕЛНА ЦРКВА И ГО ИСТАКНУВААТ МЕСНОТО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ КАКО ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК”

Ваше Блаженство,

petko-racov„Во Солун пристигнав на 14-ти минатиот месец  вечерта. Веднаш успеав да се сретнам со сите поважни месни и некои други лица од другие македонски градови. Целта ми беше што поскоро да го раберам она што ќе ми биде неопходно да ја завршам успешно мисијата што ми ја доверивте. Најнапред се сретнав со Аверкиј Зографски (калуѓер од Света Гора, н.б.), а уште на следниот ден со отецот Петар Димитров тукашен претседател на општината. Можам да Ви речам, Ваше блаженство, дека одовде, од Солун ветерот дува и се разнесува на сите страни. Двајцата почитувани духовници се водачите на движењето за обнова на Охридската архиепископија, макар што не треба да се заборави и Охрид, донекаде Битола, Велес и Скопје.

Унијатското движење тука не е без корен, како што се мисли во Цариград, а посебно од неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев (Гроф Николај Игнатиев, тогашен руски амбасадор во Цариград, н.б.).

За ова време додека сум во Македонија јас го констатирав она што од порано го знаеме и за кое пишувавме пред три години. И сега, како и тогаш, како и пред дваесетина години, станува збор за македонското прашање. Во разговорот со некои македонски “патриоти” разбрав дека ова движење, кое само пред неколку години беа голи зборови, сега е јасна прецизирана мисла: „Македонците не се Бугари” и тие упорно нас-тојуваат, без оглед на цената, да се здобијат со своја одделна црква.

Во тој свој партикуларизам имааат поддршка и од некои црковни високо-достојници во Цариград, особено од Високопросветениот Натанаил Охридски ( Натанаил Охридски, од скопското с. Кучевиште, подоцнежен митрополит на Охридската епархија, н.б.), Панарет Пловдивски (од леринското с. Пателе, тогашен пловдивски митрополит, н.б.), Архи-мандритот Харитон Караузов (Архимандрит Харитон Карпузов, црковен деец од Неврокопско, н.б.).

Во текот на овој месец разбрав од доверливи извори дека секојдневно пристигнуваат писма од Цариград до солунската општина, а одовде се испраќааат до другите општини во внатрешноста. Писмата се пишувани во тој дух. Едно такво писмо… ги повикува воденчани да ги прекинат сите врски со Егзархијата додека не се решело македонското црковно прашање, бидејќи “сега бил моментот”. Особено активност во ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија покажува нам познатиот г-дин Кузман Шапкарев од Охрид, кој постојано скита од Кукуш до Охрид и обратно… Не помалку активен е и Димитар Македонски (од неврокопско, учител и автор на учебници на македонски јазик, н.б.), “македонскиот учебникар” кој прима плата  како учител од Егзархијата и од тукашниве лазаристи.

Поради ваквите неразумни проповеди на македонските патриоти, дека црковното прашање е разрешено само во полза на Бугарите, кај народот се разбудило нерасположение кон епархиите во Дунавскиот и Одринскиот вилает и завист поради поранешното пробудување на Бугарите. Особено се чувствува голем отпор против источнобугарскиот говор во литературата. Општ впечаток е дека месните луѓе сметаат оти Ма-кедонците се нажалени од разрешување на црквеното прашање во полза на крајдунавските и тракиските Бугари. Ова нерасположение веќе прерасна во недоверба кон Егзархијата и кон нејзината висока хиерархија и е оформена мислата за истакнување на месното македонско наречје како литературен јазик и за создавање  на македонска хиерархија.

Посебно внимание треба да се обрати на неговото високопреосвештенство Натанаил, кој им ветува на месните луѓе, штом ќе дојде во својата епархија, оти ќе преземе чекори за обнова на Охридската архиепископија. Изгледа, тој се поврзал со македонските еснафи во Цариград и кај нив ги протура вестите за спогодбата со Патријаршијата. Од своја страна, тие ги известувааат пак своите во Македонија. Тоа предизвикува голем револт овде. Според тоа, сепаратизмот ги има своите корења во тајниот круг во Цариград. Ако се притисне таму, овде во Македонија ќе стивне работата. Запрете ја тру-бата, ќе има и ехо.

Прашањето до дедото Нил (Нил Изворов Смоленски, унијатски епископ, родум од Русе, н.б.) е мошне деликатно, бидејќи се забарикадирал во Кукуш… Си всадил мисла да стане охридски архиепископ или барем солунски митрополит. Како егзархиски пратеник, тој како “најинформиран” ги шири гласовите за спогодба со Патријаршијата. Ја претставува пред народот Егзархијата како рамнодушна, неактивна да го избави македонското население од грѓчкото духовно ропство… Тој одржува постојани врски со владиците  Панарет и Натанаил, опсобено со последниов кој му сугерира да се задржи во Македонија додека не добие берат за Охрид и пристигне во Македонија. Мое мислење е дедото Нил по секоја цена да се крене од  Македонија и да се одведе во Цариград, бидејќи овде е опасен. Тој веќе дејствува под заштита на овдешните лазаристи и на францускиот конзул.

Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат плановите, тука се собираат запалените глави. Таа мисла, се разбира, не се базира врз некаква зрелост, особено откако Митхад-паша е сменет од Солун. Но таа постепено се шири и во северна Македонија, само што не е сосема јасна. Во народот еден фрла едно, друг друго. Постои опасност, доколку не се преземат чекори од авторитетно место, да дојде до едно општо мислење. Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Најдобро би било ако гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж дека само од Русија може да му дојде спасот.

Утре, со господа, имам намера да се сретнам со некои првенци од тукашнава општина. Ќе настојувам да ги убедам во неоснованоста на нивните стремежи за одделна црква, кога веќе имааат своја во лицето на Егзархијата. Секако дека најтешкото прашање ќе биде околу назначувањето владици од македонско потекло, а особено за хиротони-јата (ракополагање, н.б.) на дедо Харитон…”

Солун , февруари 1874

П. Р. Славејков

Славко  Димевски, Две писма на Петко Рачев Славејков     за   македонизмот.- Разгледи ЏИВ, 5 (1972), стр.  561-566;

Документи за борбата на македонскиот народ, И, стр.218-221;

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top