Историја

Рајхштатска спогодба – 1876 г.

mapa-balkan

mapa-balkanИсточното прашање е европскиот дипломатски термин со кој се означува проблемот на Отоманското политичко наследство. Во периодот кога е доведено во прашање опстанокот на Османската империја кон крајот на XIX век се отвара прашање на поделба, заграбување и контрола на територијата под администрација на Османлиите. Со други зборови, станува збор за териториите во југоисточна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.

Во тој контекст интересни се размислувањата на Големите сили кога е во прашање Румелија, односно Македонија. Всушност под Румелија, Османлиите отпрвин ги подразбираат заземените територии. Потоа под овој назив се подразбирал поголемиот дел од европска Турција, во кој влегувала и Македонија. Со воведување на новото административно уредување во државата, од 1864 година овој назив официјално се губи, но сепак останува во употреба.

Со цел да ги заштита своите интереси при решавањето на Источиата криза, некои сили презеле дипломатски иницијативи. Меѓу нив, „најзаинтересирани“ биле Русија и Австро-Унгарија. За таа цел за време на средбата на суверените на двете земји во Рајхштат, Чешка, на 8 јули 1876 година била донесена спогодба, со која се предвидува создавање независни држави, односно кнежевства Бугарија, Румелија (односно Македонија) и Албанија.

Така во руска варијанта на Рајхштатска спогодба се вели дека „ …Ако најпосле поради успехот на христијаните настапи полн разгром на Османската империја во Европа, Бугарија и Румелија, би можеле да формираат независни книжевства во своите природни граници…

За разлика од руската, во австриската варијанта стои дека „ … Босна, Румелија и Албанија ќе можат да станат автономни држави…“

За да го добие „неутралитетот“ на Австро-Унгарија во случај на војна со Османската империја царска Русија заклучила дополнителна тајна конвенција во Будимпешта на 15 јануари 1877 година. Во ова дополнителен дел на руско-австро-унгарска тајна конвенција во членот 3 се вели дека „ …во случај на територијални промени или на распаѓање на Османската империја се исклучува создавањето на голема сплотена словенска или друга држава; напротив, Бугарија, Албанија и останатата Румелија (во чиј состав влегувала и Македонија) би можеле да станат независни држави… Нивните величества констатираат дека не сакаат никакви промени во овие предлози и одново ја изјавуваат својата желба да ги зачуваат како основа за својата натамошна политика. Со членот 4 тие како „Високи страни потписнички се задолжуваат да ги чуваат како тајна условите на оваа конвенција…“

Во источната криза одредени интереси покажуваат ослободените Србија и Грција, како и бугарските стопанственици, чија територија се` ушта се наоѓа под Отоманска администрација. Грција која на почетокот има аспирации спрема Епир и Тесалија, во овој период се повеќе ги искажува своите интереси кон Македонија. Србија која на почетокот била заинтересирана за Стара Србија, исто така почнува да ги покажува своите претензии према Македонија. Во целата ситуација не остануваат подалеку ни бугарските стопанственици, кои иако се` уште се борат за ослободување на својата земја јасно ги покажуваат своите намери кон Македонија. Во 1873 година тие ќе изјават дека имаат потреба од излез на „Бело Море“.

По извршениот колеж на конзулите во Солун, повторно доаѓа до заострување на источната криза. Во отоманското царство биле извршени уставни реформи, а големите сили преку своите амбасадори во Цариград кон крајот на 1876 и почетокот на 1877 година се обидоа да воведат некои реформи со надеж дека ќе ги смират немирните балкански провинции. За таа цел се одржа Цариградската конференција која на Портата и предложила да донесе одлука за формирање на две автономни провинции на Балканот, кои би ги опфатиле Македонија и Бугарија, а кои би биле под контрола на Големите сили.

Меѓутоа, Портата ги отврлила овие предлози. Во овој период бугарските претставници доставиле предлог до конференцијата во кој се бара да не се формираат две автономни држави, туку една, во која би била вклучена и Македонија. Тие сметале дека формирањето на две држави не е решение, бидејќи во македонскиот дел подоцна би се проширила „сепаратистичката идеја“, па во иднина тешко би се остварила идејата за единствена бугарска држава.

Отфрлањето на одуките на Цариградската конференција од страна Портата, предизвикала заострување на кризата. Сето тоа ќе доведе до усогласување на дипломатската иницијатаива на Русија и Австро-Унгарија со склучување на тајната конвенција, со која меѓу другото Австро-Унгарија го добива правото да ја окупира Босна и Херцеговина. И во оваа, како и во Рајхштатската спогодба јасно се гледа дека се тежнеело за терторијални промени во случај на распад на Отоманската империја.

Секоја од Големите сили имале свои интереси и план за завладување на „ослободените“ територии. Меѓутоа, инсистирањето на тајна клаузула, само покажува дека тие ги штителе сопствените интереси и повеќе сакале да се одржи статус – кво на Балканот. Подоцна кон овие одлуки воопшто не се придржувале.

Сепак  инрересно е да се напомене дека во Рајхштатската спогодба било предвидено создавање на независни држави, односно кнежевствата Бугарија, Румелија (Македонија) и Албанија. А во тајната конвенција, пак било предвидено да не се создава голема славјанска држава, туку само формирање на независни држави.

(извор: Од минатото на македонскиот народ, Скопје, 1969, стр. 95 – 97; Документи, Том I, Скопје, 1981)

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top