Историја

За притисоците на фанариотските владици во серската област

fanariotski-vladici

Писмо од проигуменот Дионисиј до Стефан Верковиќ за притисоците на  фанариотските владици во Серската област

fanariotski-vladiciМинатата зима еден се осмели да каже во црквата едно “оче наш” и за тоа прележа еден месец в затвор и плати глоба 280 гроша; таму му ги ископаа  очите од иконата Свети Кирил и Методиј и сето тоа станува по советот на владиката…

„Ваше благородие, г-дин Стефане Верковиќ, здраво!

…Сега да ви раскажам нешто за нашата татковина Серскиот округ, за Драмската, Неврокопската и Мелничката каза. Во сите спомнати окрузи фанариотските владици се трудат на секаков начин да погубат и да поништат сеж што е словенско. Никогаш досега не било такво гонење на нашата народност како сега. Сите што беа со народни чувства ги предадоа на турската власт и многу од нив ги испратија на заточение, многу поизумреа во затворите и денес се пак полни затворите, а и мнозина избегаа од татковината, та се скитаат по кнежевството (Бугарија, н.б.) и по автономијата (Источна Румелија, н.б.) за да си го спасат животот. Само од нашето село Горно Броди изумреа по затворите во Серес и Солун околу 40 души, а има во заточение околу 15 души, додека во кнежевството и во автономијата има повеќе од 200 души бегалци, кои си ги оставиле во својата татковина своте деца и жени да плачат и да жалат за нивните татковци. Овде во Софија, во Дупница и во Ќустендил, може да има повеќе од 10.000 такви бегалци од несреќна Македонија…

…И штом ги истребија народните луѓе од нашата татковина, почнаа силно да работат со силогосите (грчки друштва за просветна пропаганда, н.б.) и да испраќаат бесплатно учители. Од лани наваму во нашето село располагаат грчки учители и учителки и силно ги учат да зборуваат на грчки јазик, за да ги привлечат девојчињата на грчкото учење, бесплатно ги облекоа во граѓански алишта. Големо внимание му имаат обрнато на нашето село како главно од скоро 900 куќи за да го погрчат. Таму и во двете цркви нема веќе да се чуе ниту едно “господи помилуј”. Минатата зима еден се осмели да каже во црквата едно “оче наш” и за тоа прележа еден месец в затвор и плати глоба 280 гроша; таму му ги ископаа очите од иконата Свети Кирил и Методиј и сето тоа станува по советот на влади-ката…

…Две години готови пари трошам, нема да ми се даде некое место во кнежевството колку за лебот да го вадам та затоа сум во очајна состојба, а најмногу ме вознемирува, како мене така и сите други мои сотатковинци бегалци што не се предвидува до кога ќе биде, една ли, две ли, пет или десет години ова страдање или до крајот на животот.

Во Берлинскиот договор, како што знаете, има член да се воведат и во Македонија реформи како и дека лани во Цариград изработи Европската комисија еден органски устав како треба да се управува Македонија. Јас помислив за добро да направиме една молба од страна на Македонците кои се наоѓаат овде да се потпишат, а можат да се најдат 6-7.000 потписи и ова нешто тајно му го предложив на г. Марин Дринов (бугарски историчар и славист, н.б.), а тој ми го одобри предлогот, но ми одговори дека сега не е време, додека се поправат работите во кнежевството. И така остана за друг пат да дадеме жалба до европските сили, но и Русија сосем не неж застапува и сосем неж остави, ја измени политиката и,  како што гледаме од весни-ците, сака да неж жртвува на Грците и не остава на нивните произволии. Ве молам пишете ми ако треба да имаме некаква надеж или да очајуваме!

Овде,  благодарам  на  бога, што се во добра положба училиштата и многу деца што има од Охрид, Прилеп, Велес, од Разлог и Неврокоп, но од Серскиот, Драмскиот и Мелничкиот округ за жал скоро нема ниедно! Министер на просветата  е  Константин Иричек (чешки историчар, прв министер на просветата  во  Бугарија и автор на првата научна историја на Бугарите, н.б.), кој ја составил  бугарската историја и таму пишува дека нема верба во нашите песни, но јас му докажав дека сите досега од вас проучувани песни и други народни споменици со многу труд сте ги пронашле и дека никакви ваши додатоци нема во нив, а песните се од простиот народ како што сте ги чуле! Тој вели дека не е возможно човекот да дума толку многу стихови, но јас му одговорив дека и јас сум сведок на неколку песни кога ги запишуваше Иван Даскалот од простите луѓе и така го убедив да поверува…”

Документи за б’лгарското в’зраждане  от Архивата на Ст. Веркович, стр. 602-604;

Љ. Лапе, Одбрани текстови…, II, стр 247-249;

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top