Историја

Самоиловата држава (976 – 1018) по карактер била словенска, односно македонска

samoilovo-carstvo

samoilovo-carstvo

Самоиловата држава (976 – 1018) по карактер била словенска односно македонска (бидејќи јадрото на државата, односно царството било тука, во Македонија).

Во 968 г. избива војна меѓу Русија и Бугарија, а рускиот кнез Свјатослав ја пустоши Бугарија, но и се повлекува поради нападот на Печенезите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите синови Борис и Роман во Цариград. Во 969 г. умира Петар, што води до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која ја освојува престолнината Преслав. Бугарија доживува пораз и поради ослабеноста од востанието во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарија е завземена од Византија.

Во тоа време, 968 г., комитопулот Никола ја искористил ослабеноста на бугарското царство се осамостоил во западна Македонија, т.е. создал своја држава.

Ѓорѓи Радуле, Македонец од Бугарија во книгата „Историја на Македонија“ (Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава.

Значи, комитопулот Никола, Самоил и тројцата негови браќа креваат востание против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на Македонија. Поради ова востание, Бугарија пропаѓа под налетот на Византија.

Иако во бугарската историографија Самоиловото Царство се нарекува Западно бугарско царство, неспорно е, според повеќе историчари дека “се работи за држава на Македонските Словени”. Чувството дека Самуиловата држава “е нешто ново и по јадрото и дури по етничкиот состав на централните области” се манифестирало кај различни странски историографи. Секогаш внимателниот Јиричек, пишувајќи за Самуиловата држава наведува дека непријателите на Василиј II редовно се нарекувале “Бугари” во грчките, арапските, ерменските извори, а исто така и кај Поп Дукљанин. Литаврин, пишувајќи за Бугарија и Византија, се оградува од постојните етнички проблеми. Кога станува збор за “Бугарите” и за “Бугарија”, во тоа време, Литаврин ја потцртува условноста на таквата терминологија.

Самоил е крунисан со благослов на папата Григориј V, со што стекнал и меѓународно признавање. Тој ја наследил бугарската круна, како единствено слободна во тој момент од четирите официјални (2 Римски, 1 Германска и 1 Бугарска). Ако Самоил бил етнички Бугарин, својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу “своите етнички браќа”. Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопул, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).

Најчесто византиските писатели под Бугари го подразбирале населението кое живеело во рамките на бугарската држава. Во X век се уште под тоа име не се појавуваат жителите на Бугарската тема, бидејќи таа е основана дури во почетокот на XI век. Во поранешниот период називот бил ограничен на т.н. протобугари, но набрзо се пренел на државата и целото нејзино население, на постарите словенски племиња и на се уште етнички различните Бугари. Во таа смисла треба да се сфати Скилица: кога зборува за Бугарите, тој мисли на населението на бугарската држава од периодот на Петар, па според тоа, смета Острогорски дека е “илузорно да се спуштаме во етничките разликувања врз основа на неговите податоци”. Кога византискиот цар Јован I Цимиски поставил конкретни територијални барања тој не се служел со релативно неодредени поими, како што е “Бугарија”, туку јасно барал Свјатослав да ја напушти Мизија, која припаѓа на Ромеите и која некогаш била дел од Македонија. Од друга страна помеѓу јужнословенските племиња немало големи разлики ниту пак Византијците нив ги чувствувале целосно. Резимирано, можеме да кажеме дека византиските автори и некои западни извори до крајот на X век под Бугари во етничка смисла разбираат народ сроден на Хуните, Аварите, Хазарите, Котрагите и Куманите.

Зборувајќи за карактерот на Самуиловото царство, и Георгие Острогорски укажува дека реално, ова царство било идеолошки поврзано со старото бугарско царство, па затоа и самите негови творци и Византијците го нарекувале бугарско, бидејќи традициите на царството и на патријаршијата, освен во Византија, постоеле само уште во Бугарија. Самуил ги прифатил тие традиции и го превзел наследството на Симеоновото и Петровото царство, кое паднало под ударите на Византија во 969 година.

Но, во суштина неговото царство значително се разликувало од царството на Симеон и Петар. И по состав и по карактер тоа било ново царство. Неговото тежиште се поместило кон југозапад и Македонија го сочинувала неговото јадро. Затоа, денес е апсурдно повикувањето на бугарскиот карактер на македонскиот народ (кој нема Протобугари во својата етногенеза), зашто се работи за два различни народа, со различна етничка смеса во која повидлив заеднички етнички супстрат биле Словените, како и кај повеќе народи во Европа.

За време на владеењето на Самуил (976-1014) македонската држава го доживеала својот најголем процут. Самуил бил многу талентиран и вешт владетел, војсководач и дипломат. Постигнал големи успеси во војната против Византија и успеал да ги прошири териториите на својата држава надвор од границите на Македонија. Под своја власт ја обединил цела Македонија (освен Солун), а потоа ги потчинил и околните, како и некои од подалечните балкански земји.

Превземеноод:

Macedonia : a True Endless Story

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top