Историја

Прво заседание на АСНОМ

asnom

asnomПрвото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Во есента 1943 година беше формиран Иницијативен одбор за подготовка за создавање на АСНОМ. Во март 1944 Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни народноослободителни одбори, како и за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Во писмото на Иницијативниот одбор (од 14 март 1944) се укажува дека кандидатите за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат луѓе што на дело ја покажале преданоста кон НОБ, што се согласуваат со политичката концепција изложена во манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, од октомври 1943 година.

Во пролетта и летото 1944 година во Македонија се одржаа селски, градски и окружни конференции на кои се избрани раководствата на органите на народната власт на повеќе од 500 народноослободителни одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.

На 2 август 1944 во манастирот Прохор Пчињски, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 длегати… На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател Методија Андонов-Ченто, и двајца потпретседатели – Панко Брашнаров и Мане Чучков и 18 членови, од кои два секретара – Љупчо Арсов и Владо Полежина, потоа претставници од Македонијаза АВНОЈ, како и повеќе помошни тела на Президиумот.

Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другото, стои: „Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет…Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна“.

Заседанието на АСНОМ претставуваше потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народностите за конечна победа – за истерување на окупаторите.

Со Првото заседание на АСНОМ како врвно достигнување на НОБ на Македонија се обележува почетокот на постоењето на Социјалистичка Република Македонија во федерација со југословенските народи… На 28 декември 1944 година во Скопје во ослободена Македонија започна со работа првото вонредно заседание на АСНОМ, познато како Второ заседание.

Президиумот на АСНОМ по Првото заседание ја презеде грижата околу развитокот на културата и просветата. Така, уште пред Македонија да биде ослободена, се организира широка мрежа училишта од различен вид и различен степен. Пото се донесе решение основната настава да трае седум години, а средната – пет. Беа разгедувани и можностите за формирање на некои институти. Се преземаат мерки за отворање гимназии во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.

На 1 декември 1944 Президиумот на АСНОМ решава во Скопје да се организира музичка академија, уметничка и учителска школа и други средни школи… По ослободувањето на Скопје, во декември 1944, се организира посебна офицерска школа за усовршување на старешинскиот кадар… Во овој период се раѓа првата повоената генерација македонски поети и писатели, ликовни и музички уметници.

Во почетокот на есента 1944 година, културно-просветната група “Кочо Рацин” создава јака театарска група и дава драмски претстави во џамијата во село Горно Врановци. По ослободувањето на Скопје, во културно-просветната група “Кочо Рацин” од составот на единиците се вклучуваат извесен број сртисти кои почнуваат да градат професионален македонски народен театар со драма, опера и нешто подоцна балет… Во октомври 1944 година во Врановци се формира машки хор при Главниот штаб, кој по ослободувањето израсна во хор на Армијата во Скопје… Во октомври 1994 село Горно Врановци станува место каде што се воспоставува повоената македонската наука, култура и уметност.

Извор: (“Историја на македонскиот народ”- Александар Стојановски, Иван Катарџиев, Данчо Зографски, Михаило Апостолски).

…Како што е општо познато, Првото заседание на АСНОМ се одржа на 2 август 1944 година во конаците на Манастирот Свети Отец Прохор Пчински.

Заседанието го отвори Панко Брашнаров, учител од Велес, кој на 122 народни пратеници им се обрати со поздравна реч. Тој на делегатите им се обрати со следниве зборови:

“Другарки и другари народни претставници,

Во овој момент, во ова историско место Св. Отец Прохор  Пчински и на овој историски ден – Илинден, кога објавувам дека е отворено првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, душава ми е преполна со радодост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар до Места и до Бистрица, заплискувајќи ја целата македонска земја, сакајќи од македонскиот народ да го измијат десетвввековниот  ропски срам од пропаста на Самоиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројни народни херои, кои што паднаа и ги посеаа коските по цела Македонија, им станува полесна и тие во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, ја гледат идеалната дружба старите илинденци – на Гоце Делчев и на денешните илинденци – младата македонска војска, и поставените темели за остварувањето на идеалот, на две поколенија, на две епохи- слободна, обединета Македонија.

Во знак на почит кон паднатите јунаци, ве поканувам да им ја изразиме со едноминутно молчење нашата вечна, бескрајна благодарност. Вечна слава на паднатите херои за слободата на Македонија!

Другари народни представници, жив сведок сум на два Илиндена -1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја за Крушевската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жедта за слобода, борбата го дарува со слободна Кришевска република. Но, разјарениот башибузук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаа оазисот на слободна Македонија-Крушевската република, го задушија востанието и го стегнаа искрвавениот народ во ново робство.

Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаа против денешниот непријател на целото човештво – фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таа борба. Тој во неа виде можност да ја помогне општата борба, на сите поробени народи и на целото  слободољубиво човештво и да го оствари својот вековен национален идеал.

И ете, како резултат на тригодишните крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна, со крв и со борба, да дојде до нова братска, демократска и федеративна Југославија. Денес на вториот славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се ставаат темелите на македонската држава, во која што нашиот   народ ќе се обедини и ќе заживее онаков среќен живот каков што заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.

Да е жива нашата мила македонска федерална држава!

Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!”

Од говорот на членот на Иницијативниот одбор, стариот илинденец Панко Брашнаров, повеќе од очигледно е дека македонското Собрание го одржуваат на македонска територија и во македонски манастир.

Извор: Ставре Џиков-СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ; Скопје, 2000.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top