Историја

Писмо од Јосип Броз Тито до Георги Димитров: (крај на јуни-почеток на јули 1944 година)

tito

КРИТИКА НА ПОЛИТИКАТА НА БРП (К) И КПГ ПО МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ И ПО ПРАШАЊЕТО ЗА ВООРУЖЕНАТА БОРБА

tito„…Во прашањето за Македонија, Отечествениот фронт вака го формира своето становиште. “За да се избегне тоа и нови историски грешки и постигне цврст мир во Македонија, Отечествениот фронт ја истакнува лозинката “Македонија на Македонците”. Таа лозинка ќе го заврши соперништвото меѓу балканските држави… Единствено решение е „целосна, слободна и независна Македонија”. Само таква таа ќе престане да биде јаболко на раздорот и ќе стане здрава и средена единица меѓу балканските народи”.

Образложението на тој став за македонското прашање се засновува на божемни историски искуства. Не се ни обидува да се темели на сегашните политички односи, во врска со ослободителната борба ба сите окупирани земји. Во врска со достигањата на народноослободителната борба воЈугославија и конечно во врска со тенденциите не само во Германија, туку и некои други империјалисти.

Судејќи не само според материјалот, туку и според последните извештаи од Бугарија, се гледа дека парт(изанското) движење таму наиде на разбирање а широките народни маси и има услови да се развива, и дека една правилна политика на Отечествениот фронт брзо би наишла на разбирање и поткрепа кај народот. Сегашната политика на бугарската партија не може да даде позитивни резултати. Со својот став спрема војската, таа повеќе му користи на герм(анскиот) окупатор, бидејќи наместо да го разорува тој инструмент на бугарската реакционаерна политика и германскиот окупатор за угнетување на други народим, таа се надева дека еден ден целата таа војска ќе премине на страната на Отечествениот фронт. Таквата политика не е во интерес на една напредна демократска Бугарија, туку на прво место во интерес на окупаторот, а на второ место во интерес на оние што сакаат да ги зајакнат во Бугарија своите реакционерни позиции, било внатрешни или надворешни.

Кога се гледа сето тоа, тогаш е јасно, дека затоа ниту КП на Бугарија, ниту Отечествениот фронт не ја популаризираат досега херојската борба на народите на Југославија повеќе од три години, а особено придобивките што таа борба ги даде   и што не користат само на народот на Југославија, туку се од корист и за сите мали народи.

Не е вистина, како што некогаш убаво го зборуваа тоа бугарските другари од ЦК, дека во Бугарија немало услови за кревање народно востание преку организација на партиз(ански) одреди итн. До такво гледање можеше да се допјде само на тој начин што германските хорди во Бугарија се сметаа како сојузници, а окупацијата јнана Македонија како задоволување на бугарските национални интереси во што им помо-гнале Германците.

Таквиот став значи да се вјава на опашката на бугарската реакција и слабеење на народноослоб(одителните) движења на Балканот. А тоа се оди на штета на зацврстувањето) на односите на балканските народи и конечната победа на вистински демократските сили на Балканот, и во крајна перспектива на штета на обединувањето на балканските земји во едно силно братско семејство.

Драги Георги Михајлович!

Вие ќе ми простите што ги поставувам работите со таква острина, но јас тука ги изнесувам работите онака како што мислам за нив.бидејќи во сегашнава епоха судбоносните настани се одвиваат со голема брзина и често најмалите грешки моат да нанесат огромна штета и тешко да се исправат. Зошто, ние во Југославија, и под најтешки услови успевавме, можам да вои кажам во неколку збора: Прво, кога окупаторот ја прегази нашата земја, па потоа го нападна и СССР, во нашата Партија немаше дискусија дали треба да се крева востание или не. Ние не ги меревме германските сили во Југославија и нашата слабост, туку не водеше една мисла, дека треба да се бориме против окупаторот на страната на СССР, без оглед на жртвите и тешкотииите. Тоа беше линија од 1941 г. па до денеска на нашата партија. На борбата  за ослободување на својот народ и за создавње на една демократска Југославија е посветена сета работа на нашата партија. Ете тоа е она што нашата партија се здоби меѓу народите на Југославија со таков огромен авторитет и поради што фати  таков корен во народот, каков што немала никогаш порано…

…Колку што ми е е сега познато, во Бугарија работата сега се подобрува, како во поглед на организацијата на партиз(анските) одреди, така и во поглед на партиската линија, и јас сум уверен дека вие со својот огромен авторитет кај бугарските другари можете да пос-тигнете работите сосем да се норамализираат, како би се овозможила најтесна соработка меѓу овие братски партии, што кај нас беше силен стремеж…

….Кога дојде грчкиот делегат дојде и наша македонска делегација заедно со Темпо (на островот Вис, јуни 1944 год., н.б.). За време на разговорот се виде дека постојат мошне нездрави односи меѓу Македонците и нашите грчки другари. Имаше меѓусебно обвинување. Ма-кедонците ги обвинуваат Грците дека Грците забраниле во Грчка Македо-нија секакво формирање на македонски партиз(ански) одреди. Велат дека дури забраниле и да се говори македонски, не им признаваат, велат на Македонците во Грција дека постои нивно прашање како народно малцинство ит.н. Од друга страна, Грците ги обвинуваат Македонците, дека Македонците примаат од Грција бегалци што би требало да дојдат под суд ит.н. Ние настојувавме да ги изгладиме тие спорови и влијаев-ме на нашите Македонци да не го поставуваат сега прашањето за приклучување на грчките Македонци кон југ(ословенска) Македонија. Јас лично добив впечаток дека грчките другари навистина имаат погрешен став по прашањето за Македонците во Грција и настојувам да влијаам да го поправат тоа без штета на грчкото ослободително движење.

Се надевам дека сега, кога нивни претставник е тука( се однесува на Андреас Џимас, н.б.), ќе може полесно да се избегнат такви инциденти и дека ќе можеме да влијаеме и да им помагаме на грчките другари што повеќе да се избегнат грешките во линијата на партијата…

…На крај морам да додадам уште и тоа дека во Албанија и во другите земји на Балканот, Британците работат мошне упорно и имаше полни раце работа што повеќе да го оневозможиме нивното делување, што е насочено кон тоа да сее раздор меѓу земјите на Балканот и во секоја земја посебно.

Ете накратко како стојат работите…

Со другарски поздрав ваш Валтер” (псевдиним на Тито)

АРПЈ, Београд, Збирка МеЃународне комисије ЦК КПЈ, бр. 21697;

Слободан  Нешовиќ, Југословенско-бугарските односи во недамнешното минато, НИП  Нова Македонија,Скопје 1973, стр.204-208;

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top