Историја

Македонија прераснува во светска империја (334 година п.н.е.)

Map-alexander-empire

Map-alexander-empire

ПО  ПОКОРУВАЊЕТО  НА  ГРЧКИТЕ  ПОЛИСИ  АЛЕКСАНДАР  СЕ  ВРАЌА  ВО МАКЕДОНИЈА, ОДРЖУВА  ОЛИМПИСКИ  ИГРИ  И  ПРЕЗЕМА  ПОХОД  ВО ХЕЛЕСПОНТ

Откако го заврши сето тоа (се однесува на покорувањето на грчките полиси, н.б.), Александар се врати во Македонија; таму принесе жртва на Севс Олимписки (што беше правило од времето на Архелај) и во Ајга одржа олимписки игри.

Некои велат дека игрите ги одржал во чест на Музите.

И потоа се кажа дека кипот на Орфеј, синот на Ојагар Тракиецот постојано се потел во Пиерида; гатачите го објаснуваа ова најразлично; но Аристандар, човек од Телмиса, пророк, објави дека Александар треба да биде горд, зашто тоа значи дека поетите на епиката и на хорските песни и писателите ќе се изнамачат да создаваат дела, во кои ќе го воспеваат Александар и делата на Александар.

Откако му ги препушти обврските околу Македонија и Хелените на Антипатар, на самиот почеток на пролетта Александар поведе поход во Хелеспонт, предводејќи пешадија  со  лесно вооружени војници и стрелци не повеќе од триесет илјади, и над пет илјади коњаници…

Аријан,  Александровата  Анабаса…, кн. И, предговор ВИИ- Џ , стр.14-15

МАКЕДОНИЈА  ПРЕДВОДЕНА  ОД  КРАЛОТ  АЛЕКСАНДАР  ИИИ  МАКЕДОНСКИ

ВОЈУВА ВО ХЕЛЕСПОНТ И СТАСУВА  ДО  РЕКАТА  ГРАНИК

…Неговиот пат (на Александар и македонската војска, н.б.) водеше покрај Керкинитис Езеро кон Амфипол и делтата на реката Стримон… Ја помина и планината Пангај, кон Абдела и Маронеја, грчки приморски градови. Оттаму стаса и до реката Хебар… Откако ја мина Мелан… Кога стаса во Елајунт, му принесе жртва на Протесилај на гробот на Протесилај… Прв Протесилај стапнал во Азија. Целта на принесувањето на жртвата била стапнувањето да му излезе посреќно одошто на Протесилаја.

Перманион беше определен да го пренесе поголемиот дел од пешадијата и коњицата од Сестос во Абидос. Тие преминаа со сто и шеесет тримери и со многу други трговски кораби.

За Александар, пак, повеќемина велат дека од Елајунт допловил во Ахајското пристаниште и дека сам управувал со главниот кораб; а кога дошол на половина пат, крај Хелеспонт, дека заклал бик и во чест на Посејдон и на Нереидите од златна чаша полеал жртва во морето. Исто така има мислење, дека прв излегол од коработ на заиската земја целосно вооружен и дека им подигнал олтари – од каде што тргнал од Европа и каде што стапнал во Азија – на Севс – заштитникот на безбедното прис-тигнување, на Атена и на Херакле…

Кога Александар пристигна во Илиј, го овенча со златен венец кормиларот Менојтиј, а исто така атитенцот Харес,… и некои други – и Хелени и домашни, велат дека Хефајстион го овенчал гробот на Патрокло; други пак, дека го овенчал и гробот на Ахилеја. И му завидувал, како што вели, Александар на Ахилеј, зашто го добил Хомера за гласник на неговата посмртна слава …

…И Александар не се бореше заедно со некого, ниту бегаше од Големиот Крал (се однесува на Дареј, кралот на Персија, н.б.), туку ги покоруваше оние, што ќе му се испречеа при походот кон морето… Но, нема ниту еден таков друг човек ни меѓу Хелените, ниту барбарите, што направил толку и такви дела ни според бројот, ниту според големината. Самиот јас изјавувам дека токму затоа и се зафатив со оваа историја, не сметајќи се за безвреден да ги прославам пред човештвото делата на Алек-сандар…

…Персиските војсководци беа Армаса, Реомитра, Петина и Нифата и со нив Спитридата…Тие веќе се беа залогориле кај градот Селеја со барбарската коњица и со Хелените платеници. Кога тие се советуваа за ситуацијата, откако беше јавено дека Александар преминал, Мемнон од Родос ги советуваше да не ризикуваат со војна против Македонците, кои беа далеку понадмоќни со пешадијата, особено што е Александар присутен, а Дареј не е со нив и бидејќи се во предност…

Притоа Александар напредуваше кон реката Граник со војската подготвена за борба, распоредувајќи ја двојно фалангата со тешко вооружените војници, со коњицата на крилата, а спремата одзади. Хегелох пак ја водеше извидницата, заедно со коњицата со сариси и петстотини лесно вооружени војници. И Александар не беше далеку од реката Граник, кога извидниците, кои јаваа со најголема брзина известија дека од другата страна на Граник Персијците стојат распоредени за борба. Александар тогаш целата војска ја распореди за бој…

Аријан,  Александровата  Анабаса…, кн. И,  предговор, ЏИИ-ЏИИИ , стр.15-17;

Д-р  Иван Алексов

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top