ПИСМО ОД СТЕФАН ВЕРКОВИЌ ЗА АЈДУТСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
СПОМЕНАТИТЕ ЧЕТИ СЕ ОСВЕТНИЦИ ЗА НЕЧУЕНИТЕ НЕПРАВДИ НАПРАВЕНИ ВРЗ ХРИСТИЈАНИТЕ, А НЕ ПРОСТИ ЗЛОСТОРНИЦИ И УБИЈЦИ.
“Има веќе тринаесет години откако Пиринските и Малешевските Планини не биле вознемирувани од ајдутски чети…
Меѓутоа , вчера разбрав од сигурен извор дека од Ѓурѓовден таму се движат две поголеми чети. Секоја од нив има по 20 души и прилично пакости се веќе направени низ Мелничка и Малешевска околија, ме уверуваа дека тие не закачале досега добри луѓе, туку само изедници и особено селски кожодери – падари и настојници на чифлиците, бидејќи тие, како Турци, на стотини начини ја мачат сиромаштијата.
Ако е тоа вистина, тогаш споменатите чети ќе бидат осветници за нечуените неправди направени над христијаните, а не прости злосторници и убијци.“
Иван Катарџиев, Кресненското востание 1878,
Наша книга, Скопје 1978, стр. 16;