Историја

Критика од ЦК на КПЈ до ЦК на КПГ за новата политика на КПГ за обединета Македонија во Балканска федерација (Радиограма од 3 март 1949 година)

egejska-makedonija-naselenie

egejska-makedonija-naselenie„До ЦК на КПГ,

Во врска со денешната политика на КПГ по македонското национално прашање, ЦК на КПЈ смета за потребно да укаже на следните факти:

1. ЦК на КПЈ смета дека ставот што го зазеде В-от пленум по прашањето за Егејска Македонија во основата е правилен и полезен за денешната ослободителна борба на грчкиот народ.

2. Сепак, ЦК на КПЈ се чуди дотолку повеќе поради тоа што вашиот Пленум, на II-от пленум на НОФ во Вичо за тоа е донесена резолуција во која се вели дека во март Конгресот на НОФ ќе го прокламира обединувањето на Македонија во една единствена, независна и рамноправна македонска држава во народно-демократска федерација на балканските народи.

ЦК на КПЈ смета дека дека таквиот став не е во согласност со одлуката на Пленумот и е штетен и опасен за натамошниот развој на борбата на грчкиот народ и може да го поткопа единството на борците на ДАГ, кое денес е основна потреба за вашата борба.

ЦК на КПЈ овој став го заснова врз следното:

Истакнувањето да се создаде независна држава во рамките на балканска федерација денес не е актуелно, туку само го одвлекува вниманието на грчикот народ и на Македонците од Егеј од основната задача на заедничката борба против монархофашистите.

Воопшто не е сфатливо како некој може од името на еден дел на македонскиот народ, независно дали е тој од Македонците од Егеј или од Пирин, да сака да го реши македонското прашање, немајќи односи, ниту договор со Народнна Република Македонија во која веќе е собрано мнозинството на македонската нација. Сметаме дека таквата политика е насочена против ФНРЈ…

б) ЦК на КПЈ, исто така, смета дека дека засебната прокламација за сенародно востание на Македонците од Егеј надвор од рамките на сенародното востание на цела Грција, може само да ја изолира борбата на Македонците од Егеј од заедничката борба на целиот грчки народ.

Поради тоа ЦК на КПЈ смета дека ЦК на КПГ треба да го спречи водењето на таква политика на Конгресот на НОФ на Македонија… Чекаме од вас непосреден одговор.

ЦК на КПЈ, 3 март 1949 година”

Исто, КПГ и македонското национално прашањ…, стр.438-439

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top