Историја

Опис на стратешки места во Македонија

ali-pasa-janinski1

Со опис на стратешки места во Македонија, поради  можна француска инвазија  и одметништвото на Али-паша Јанински

( Јанина, 76 ноември 1805 година)

ali-pasa-janinski1

Мој Лорде,

На 31 август го напуштив ова место (Јанина, н.б.) и продолжив за Мезово; откако го оставив десно делот од преминот низ Пинд, што навлегува во големата Тесалиска рамнина кај калабака, ја преминав планината што води преку Горна Тесалија кон Македонија, откаде се образува модерниот пат за Солун, преку Гревена, Сијатиста и Вериа. Овој пат го следев од Сијатиста со цел да испитам еден важен премин до тоа место, а кој води од Тесалија кон Македонија. Оттаму продолжив, од Селитеа за Костур, град што се наоѓа на цврсто утврдено место, на еден полуостров во едно езеро; од Костур продолжив да ги обиколам планините на Македонија, што ја опколуваат низиската област на Горна Тесалија сеж до рамнината на Корча во која се спуштив по еден друг премин не помалку значаен од првиот.

За да се оцени важноста на овие клисури треба да се има на ум дека тие се единствените два отвора низ еден венец од планини што стрмо го сечат копното на северна Грција од Охрид до Лариса, потоа од граничните рамниини на Тесалија до североисток и север, па според тоа претставуваат една од главните бариери за Грција. Преминот кај Сијатиста доминира над врската помеѓу Горна Тесалија и Македонија, а оној премин кај Цангон меѓу Корча ги поврзува рамнините и отворената теритоерија (која се протега од тој град скоро до Охрид) со рамнините на Тесалија. Доколку непријателот, кој би напредувал по патот Егнација кон Охрид, би го зазел овој премин, тогаш би му овозможил лесно да навлезе во низината што се протега дури до планината Ета…

…Намерата ми беше да продолжам од Берат до Драч, па по должината на целата траса на римскиот пат што се вика Егнација да стигнам во Солун, а оттаму да го завршам патувањето по Тесалија и Македонија. Но војната меѓу јанинскиот и скадарскиот паша, што се водеше на патот по кој одев, неопходноста во вакви прилики да се има цврста поддршка и помош од Поратата, а уште повеќе лошата болест што ме фати на патот за Драч, ме принудија подолго да се задржам во Берат и да се вратам овде преку Клисура и Пермете.

Клисура ненадејно се отвора зад една висока планина, низ која реката Виоса си пробила пат и тој премин е со таква природна утврденост што една мала сила  би можела успешно да и се спротивстави на колкава било војска. Тој се простира во должина од 10 милји до Тепелени и изгледа дека е дел од клисурата  што на древните народи им била позната под името Фауцес Антигоненсес. Реката Виоса од Корча до Клисура тече низ една тесна долина во која може лесно да се влезе од јанинската рамнина крај подножјето на планината Стимфе. Во средината на оваа долина се наоѓа градот Пермети, место од голема важност за Али-паша, кој ги држи приодите кон главниот град од северна Албанија преку Берат и од Северна и Североисточна Румелија преку Корча. Затоа тој таму има подигннато една тврдина која би им дала отпор на недисциплинираните турски единици…

…Не пред многу време дојде до отворен раздор меѓу Али-паша и скадарскиот паша. Нивните трупи се судриле во рамнината кај Охрид. Во таа битка трупите на Али-паша биле надмоќни…

…По неколку дена имам намера, мој Лорде, да го напуштам ова место откако ќе прокрстарам по еден дел од Тесалија и провинциите на Фокис, Беотија и Етолија за да го прокрстарам оној дел на Мореа што ми преостанува да го проучам. Оттаму имам намера да се вратам во северна Грција за да го завршам патувањето по Тесалија и Маке-донија…

PRO -FO 78/57, Turkey. Captain W.M. Leake. November 1803 to december 1807; Britanski dokumenti… (1797-1830), t.I,  dok.23, str. 28-32;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top