Историја

Крушевска афера

sloboda-ili-smrt

sloboda-ili-smrtКрушевската афера или Јосифовата провала започнала во месец февруари 1902 година, а со неа бил опфатен Битолскиот револуционерен округ, поточно Крушевската револуционерна околија.

Аферата со оружјето започнала во месец февруари 1902 година, кога фатениот од отоманската полиција пренесувач на оружје, Јосиф Петков од с. Жабјани, познат како Јосиф Жабјанец, подложен на страотни мачења го открил својот соработник, крушевчанецот Никола Михајлов, познат како Миха Х’ча Кола.

Во истото време, не знаејќи дека е откриен, Миха Кола заедно со Тега Херту со своите коњи се наоѓале во Битола, во анот на Стерјо Жежов. При рутинското легитимирање на посетителите на анот од страна на отоманската полиција, кај Херту биле пронајдени 100 лири кои ги носел за купување на оружје.

Со исказите на анџијата дека е чесен трговец кој постојано тука тргува, Херту успеал да се спаси од апсењето. Но Кола ја немал таа среќа.

Спроведен во Уќуматот и подложен на невидени мачења тој станал предавник на своите соборци. Така, им ги разоткрил на властите пренесувачите и прифаќачите на оружјето од грчката граница до Битола, како и скривниците во градот и селата.

Веднаш потоа, без да биде осуден, Кола бил сместен во делот на другите македонски осуденици во Катилането кое што пробудило сомнеж кај Даме Груев и некои други затвореници.

Како резултат на оваа провала, наскоро во битолскиот централен затвор биле затворени луѓе со најразлични занимања: учители, свештеници, кираџии, занаетчии, трговци итн, меѓу кои се наоѓале и имињата на Петар Ацев, браќата Ашлакови, Јанаки Забле, Таќу и Фанија Љакови итн.

Во дворот на Љаковци се наоѓала една од важните скривници на оружје. При претресот, властите ја откриле истата, но оружјето било претходно однесено од припадниците на Организацијата.

Меѓутоа, во скривницата полицијата пронашла празни сандаци, џамаданот на убиениот од Ѓурчин Наумов и Јордан Пиперката, Рустем Ага, еден затворач од пушка и неколку чаури.

Сите осомничени биле одведени во Уќуматот, а од таму во битолскиот затвор.

Дознавајќи дека е откриен од власта, раководителот на Крушевската револуционерна организација, Петар Ацев, во втората половина на месец април 1902 година го напуштил Крушево и заминал за Прилепско.

Во мај истата година, по налог на Битолскиот окружен комитет, во с. Вранче се сретнале четворицата војводи: Веле Марков, Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев и Славејко Арсов, при што одлучиле да формираат, од делови на битолската, крушевската и кичевската чета, уште една – прилепска чета. За војвода на прилепската чета бил назначен Петар Ацев.

Во истото време, во Крушево се случило уште едно предавство чиј извршител останал неидентификуван за Организацијата. Овој непознат предавник, и доставил на османската власт список со луѓето вклучени во крушевската организација, како и места на дотогаш неоткриени скривници за оружје во Крушево.

Благодарение на Ѓаку Козар, служител во Уќуматот, луѓето биле навреме известени и спасени од апсење. Речиси целото активно револуционерно јадро успеало да побегне од Крушево, со исклучок на двајцата крушевски учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, родени во Велес, кои биле уапсени од османската полиција.

Полицијата пристапила кон темелно претресување на сите куќи по списокот. Благодарение на тоа што целокупното оружје и материјали биле навреме пренесени во нови скривници, а старите канали и врски биле заменети со нови, полицијата не успеала да пронајде ништо.

Двајцата затворени крушевски учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, ги издржале страотните мачења и не ги предале тајните на Организацијата.

Крајно измачени и претепани, овие биле одведени на натамошни тортури и во Битолскиот централен затвор, но и таму продолжил нивниот молк.

На крајот властите ги ослободиле. X. Чивчиев и X. Павлов останале верни на својата заклетва. На тој начин оваа опасна провала не и нанесла поголеми штети на Крушевската револуционерна организација.

Извори

„ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА“ Автори: Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год.

Литература

  • Христо Силяновъ,Освободителнитъ борби на Македония,София 1933,т.I
  • Революционната борба в Битолския окръг, Спомени от Георги П. Христов, София 1953
  • Димитар Димески, Јосифовата провала во 1902 година, Годишник на Филозофскиот факултет, Скопје 1973

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top