Историја

Прифаќајќи ги персиската облека и обичаи Александар се смирил со Азија

Alexander_the_Great_in_the_Temple_of_Jerusalem

Д-р  Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
(од праисторијата до почетокот на 21 век)

Alexander_the_Great_in_the_Temple_of_Jerusalem

Александар како крал, за да ги смири, припитоми, како вистински животни, тврдоглавите народи расположени за борба, се сетил да ги успокои и да ги задоволи, прифаќајќи ја нивната вообичаена облека и нивниот секојдневен начин на живот.

Му било припишано како злодело тоа што се зближил со лошата волја (се мисли на немање волја за прифаќање на власта на Александар од страна на покорените народи, н.б.), тоа што ја направил достапна на разумот на суровите суштества!

Зарем не би требало поправо да и се восхитуваме на мудроста со која, едноставно менувајќи ја носијата, тој се смирил со Азија? Додека ги потчинувал телата  со силата на оружјето, тој ги привлекувал срцата со начинот на облекувањето.

Плутарх, Моралиа, (За судбината на Александар”), 330 Б-Ц;

АЛЕКСАНДАР  СЕ  МОЛИ  ЗА  СЛОГА  И  ЗАЕДНИШТВО  НА  МАКЕДОНЦИТЕ  И НА  ПЕРСИЈЦИТЕ  ВО  УПРАВУВАЊЕТО  СО  ИМПЕРИЈАТА

Потоа Александар им жртвува на боговите на кои   обично им жртвуваше, порача оброк на сметка на војската: беше седнат, а околу него седеа Македонците, потоа Персијците потоа другите одбрани според нивната слава и нивната важност. Од ис-тиот кратер црпеа кралот и оние кои го опкружуваа, и тие направија исти либации (жртва ливаница, од лат. Либатио, онис, н.б.), додека грчките врачеви и магите ги подготвуваа мо-литвите.

Александар тогаш се помоли за среќа и особено за слога (хомоноиа) и заедништво  (коинониа)  на  Македонците и на Персијците во управувањето  со империјата.

Арриан., ВИИ, 11, 8-9 (француски превод Ф.Ванниер, изменет);

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top