Д-р Иван Алексов
“8 август 1470 година. Султанот запре и конакуваше од другата страна на клисурата во едно поле што ја претставува границата на Македонија”, поаѓајќи од Платамон (место јужно од планината Олимп, н.б.) застана и конакуваше во местото наречено Китрос (северно од Катерини, н.б.) во споменатиот залив.
Тука има многу селани и недалеку се наоѓа голема река наречена Вардар, која поминува низ Македонија и се влева во Солунскиот Залив.
Поаѓајќи од Солун, султанот логоруваше во близина… Сер, конакуваше во близината на Света Гора… Оваа планина е многу висока и тука се наоѓаат многу манастири на христијански калу-ѓери, од кои некои се Грци, други Македонци, Власи, како и други нации, кои живеат живот на светци, залогорува во близина на една убава и раскошна тврдина наречена Бари, која се наоѓа крај морскиот залив. Тука живеат Грци и Македонци”.
А. Матковски и П. Ангелкова, Неколку кратки патописи за Македонија – Гласник на ИНИ, XVI/1(1972), стр.246-247