Историја

Ропството на Македонија под Ромеја

romejsko-carstvo

romejsko-carstvoМногу од Рoмeјските владетели биле родени во Македонија. Тие ја користеле македонската архитектура и начин на живот, па сепак за Македонија како независна држава не направиле ништо, ТУКУ сета нивна слава ја направиле за Рoмeја.

Сепак, Македонците успеале да го задржат својот идентитет, име и култура и под ропството на Рoмeја.

За да ги асимилира различните етникуми во својата држава во Ромеја, Ромеја ги менуваше вистинските етногеографски имиња на областите, добиени по името на етносите кои ги населуваа тие територии, во нови, кои немаат врска со националноста на домицилниот народ. Поради тоа, Ромеја само ги дислоцираше имињата од една во друга Ромеиска област. При тоа, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за Ромеите се Ромејски тематски жители и поданици – Македонци, без разлика на нивната етничка припадност.

Цариград и неговата околина, беа сместени во тема Тракија, а жителите на оваа нова тематска Тракија од Ромеја беа нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегоа во poмeиска тема Воулгариа и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Воулгариа беа за Ромеја тематски “ВОУЛГАРИ“, поданици на Ромеја.

Додека денешна Бугарија (без Пиринска Македионија) ја направија тема Паристрион или Мезија, а жителите по ромејската книжнина беа нарекувани Паристрионци или Мизи.

Поимот Византиско царство е модерен термин и не им бил непознат на современиците на царството. Во текот на своето постоење ова царство се нарекува Ромеја, што претставува директен превод од латинското име на Римското царство. Imperium Romanorum, сите постоечки записи говорат за „Ромеи“, значи земји кои се наследници на Римското царство и нивни поданици.

Називот Византија прв пат се користи во 1557 (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae, каде што се вели дека називот Византија потекнува од стариот град Византион, кој се однесувал на една колонија која постоела на Босфор пред формирањето на Константинопол.

Рoмeја најголемиот културен и архитектонски развиток го доживеала кога била владеана од Рoмeјски владетели родени во Македонија.

И во Рoмeја, Македонското Име и Македонците биле негирани и забранети од страна на Рoмeјските негатори…

Македонците биле многу побожни. Тие во времето на ропството на Рим и Рoмeја биле познати и како народот што го носи и шири зборот на Бога… СЛОВО БОГА и од тука и преименувањето на народот од другите народи во СЛОВЕНИ, што значи СЛОВО БОГА – СЛОВЕН. Од Македонија започнува и ширењето на македонската (словенската) писменост… Ширена од македонските просветители и учители. Благодарение на нив Македонското писмо го пишуваат околу 500-600.000.000 луѓе на планетата. Тоа писмо денес е познато како КИРИЛИЦА.

Најново од: Историја

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

To top