Историја

Деметриј I Опсадникот

dimitrij-prvi

dimitrij-prvi
Биста на Деметриј I Опсадникот

moneta-demetrij-prvi
Монета со ликот на Деметриј I Опсадникот

opsadna-kula
Опсадна кула (хелеполис) на Деметриј I Опсадникот

Деметриј I Опсадникот (337 п.н.е. – 283 п.н.е.), син на Антигон I Едноокиот и Стратоника, бил крал на Македонија кој владеел од 294 п.н.е. до 288 п.н.е. Бил припадник на Антигонидската династија.

На 22-годишна возраст неговиот татко му дал задача да ја брани Сирија од Птоломеј I Сотер. Деметриј катастрофално ја загубил Битката кај Газа (312 п.н.е.), но набргу делумно ги повратил загубите со победа кај Миј.

По неуспешниот поход на Вавилон и неколку походи против Птоломеј I Сотер на крајбрежјето на Киликија и Кипар, Деметриј запловил со флота од 250 брода кон Атина. Таму го ослободил градот од власта на Касандар и Птоломеј, го истерал гарнизонот поставен од Деметриј Фалерски, и ја опседнал и зазел Мунихија (307 п.н.е.) По овие победи атињаните го славеле како заштитно божество под титулата Сотер („Запазувач“).

Во походот во 306 п.н.е. против Птоломеј го победил Менелај, Птоломеовиот брат, во поморската битка кај Саламина, сосема уништувајќи ја поморската моќ на Египет. Во 305 п.н.е., носејќи ја титулата дадена од татко му пошол да го казни Родос за тоа што го напуштиле. Поради неговата генијалност во осмислувањето на опсадна машинерија го стекнал звањето „Опсадникот“ („Полиоркет“). Меѓу неговите изуми се вбројуваат и опсаден овен долг 60 м, со кого морале да управуваат не помалку од 1.000 војници, како и опсадна кула на тркала – хелеполис („Градозаземач“) 40 m висока и 20 m широка, со тежина над 163 тони.

Се вратил повторно во Грција како ослободител. Но Деметриј бил толку развратен и екстравагантен, што атињаните посакале да се врати Касандар. Исто така, предизвикал љубомора кај останатите дијадоси; Селевк I Победникот, Касандар и Лизимах, кои се обединиле да го уништат него и неговиот татко. Противничките војски се сретнале кај Ипс во Фригија (301 п.н.е.), и во борбата бил убиен Антигон, а Деметриј, по претрпените големи штети се повлекол во Ефес. Оваа промена на околности предизвикала непријателски чувства против него – атињаните одбивале дури и да го примат во градот. Но, кратко потоа тој ја пустошел територијата на Лизимах и се помирил со Селевк I Победникот, за кого ја омажил ќерќа си Стратоника. Атина во ова време била под опресивна власт на тиранинот Лахар, но Деметриј, по подолга блокада, го зазел градот (294 п.н.е.) и им простил на жителите за претходниот лош однос.

Истата година го зазел македонскиот престол по убивање на Антипатар II, синот на Касандар. Но оваа нова позиција била во постојана опасност од Пир Епирски, кој го користел неговото повремено отсуство за да пустоши по беспомошните делови од кралството (Плутарх, Пир, 7). На крајот, заедничките сили на Пир, Птоломеј и Лизимах, помогнати од делот од народот кој не го сакал Деметриј, го натерале да ја напушти Македонија во 288 п.н.е.

Преминал во Азија и ги нападнал некои од провинциите на Лизимах со различен успех. Поголемиот дел од војската му умрела заради глад и болест, па така побарал помош од Селевк. Но пред да дојде до Сирија избиле немири, и по здобивање со некои предности над неговиот зет, Деметриј бил сосема запоставен од неговите единици на бојното поле, па морал да му се предаде на Селевк.

Син му Антигон понудил се` што има, па дури и сам себе, само за да го ослободи татка си. Но сето ова било залудно, и Деметриј умрел по три години лежење затвор (283 п.н.е.) Неговите останки му биле предадени на Антигон, и му бил приреден раскошен погреб во Коринт.

Неговите наследници продолжиле да го наследуваат македонскиот престол се` до времето на Персеј, кога Македонија била освоена од страна на Римската Република.

  • Плутарх, Животот на Деметриј (англиски)
  • Диодор Сикулски, Library of History, книги 19–21 (англиски)
  • Polyaenus, Stratagems, 4.7 (англиски)
  • Јустин, Epitome of Trogus, книги 15–16 (англиски)
  • Athenaeus, Deipnosophists, 6.252–255 (англиски)

R. M. Errington, A History of the Hellenistic World, pp. 33–58. Blackwell Publishing (2008). ISBN 978-0-631-23388-6. (англиски)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top