Историја

Антигон I Едноокиот

antigon-1-ednookiot

antigon-1-ednookiot
Монета со Антигон I Едноокиот

Антигон I Едноокиот (382 п.н.е. – 301 п.н.е.) бил генерал во војската на на Александар Македонски, зачетник на Антигонидската династија.

Антигон бил значајна личност за време на војната на дијадосите. Се прогласил себеси за крал 306 п.н.е., имал намера повторно да ја обедини Македонската Империја, но не успеал во своите намери.

За време на Александар Македонски, Антигон управувал со Фригија од 333 п.н.е., а после неговата смрт 323 п.н.е., регентот на империјата Пердика го поставува за сатрап на Фригија, Памфилија и Ликија. Подоцна Антигон се свртел против Пердика склопувајќи сојуз со Антипатар, Кратер, Птоломеј и Лизимах.

После смртта на Пердика, дошло до конечна поделба на Македонската Империја. Антигон се борел против Еумен во Мала Азија. После поразот на Еумен, ја контролирал Азија и станал најсилен дијадох.

Антигон влегува во Суза и Вавилон, градови кои биле под владение на Селевк I Победникот, кој пак бил во сојуз со Птоломеј, Лизимах и Касандар. Неговиот син Деметриј I Опсадникот претрпел пораз од Птоломеј во битката кај Газа312 п.н.е.. Селевк успева да го поврати Вавилон во 311 п.н.е. година.

Антигон склопил мир со Птоломеј, Лизимах и Касандар, но продолжил да војува со Селевк I Победникот, обидувајќи се да ги поврати изгубените источни територии. На одредени моменти повторно го освојува Вавилон309 п.н.е., но после неколку порази присилен е да се повлече.

Започнале војни помеѓу Птоломеј и Касандар. Птоломеј се проширува на Кипар, Егеј и делови од Мала Азија. Деметриј I Опсадникот го победил Птоломеј во битката кај Саламина на Кипар 306 п.н.е.. После оваа битка Антигон и неговиот син Деметриј се прогласуваат за кралеви и наследници на Македонската Империја.

Антигон подготвил огромна поморска флота и во 306 п.н.е. се обидел да изврши инвазија врз Египет. Но силна бура го спречила да помине низ одбранбениот систем на Птоломеј и да изврши инвазија врз Египет. Островот Родос одбил да учествува во инвазијата врз Египет, па затоа Деметриј I Опсадникот извршил опсада која траела од 305 п.н.е. до 304 п.н.е. и која се завршила со мировен договор.

Антигон бил во војна со Селевк I Победникот, Птоломеј, Лизимах и Касандар, бидејќи граничел со овие дијадоси. Толку многу воено го исцрпил Касандар така што овој молел за примирје, а Антигон го одбил и барал да владее со цела Македонија. Меѓутоа сојузничките напади го спасуваат Касандар, па Антигон и неговиот син Деметриј се борат против Лизимах. Селевк и Лизимах на крај го победуваат и убиваат Антигон во битката кај Ипс301 п.н.е..

Антигон имал намера повторно да ја обедини Македонската Империја. Но Селевк, Птоломеј, Лизимах и Касандар немале таква намера, туку ја прифатиле поделбата на Македонската Империја во неколку помали кралства. Империјата на Антигон после поразот ја поделиле Селевк I Победникот и Лизимах. Деметриј I Опсадникот ја презел Македонија во 294 п.н.е. и таму владее со Антигонидската Империја се до 168 п.н.е. кога неговата империја после македонско-римските војни е завладеана од страна на римјаните.

Извор

  • “Antigonos the One-eyed” by Richard A. Billows (англиски)
  • Диодор Сикулски xviii., xx. 46-86
  • Плутарх, Деметриј, Еумен
  • Непос, Еумен
  • Justinxv. 1-4
  • The contemporary Babylonian Chronicles, especially the Chronicle of the Diadochi (= ABC 10 = BCHP 3). (англиски)
  • Köhler, “Das Reich des Antigonos,” во Sitzungsberichte d. Berl. Akad., 1898, p. 835 f. (германски)

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top