Историја

Масакр во Загоричани

zagoricani

zagoricani
Девојки во рушевините на Загоричани по андартскиот колеж во селото

Масакрот во Загоричани во 1905 година бил извршен во селото Загоричани од страна на грчките андрати. Трагедијата селото ја доживеало на 27 март – 7 април, 1905 кога околу 200 до 300 грчки андрати го запалиле селото, а населението го масакрирале. Имено, убиле 60 селани (жени, деца, старци), имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис затоа што еден дел од населението во Загоричани ја прифатило Бугарската егзархија.

Масакр во Загоричани (1949)

Масакрот во Загоричани во 1949 година бил извршен од страна на грчките монархофашистичките сили кои убиле 18 млади загоричанци, меѓу кои 15 биле жени и млади девојки.

Македонскаенциклопедија (првакнига) „МАНУ“, Скопје 2009 година.

Од Илинден до Загоричани 1903 – 1905

Излезе од печат книгата “Грчката анти-македонска борба (прв дел: од Илинден до Загоричани 1903 – 1905)” од историчарот Димитрис Литоксоу.
Книгата нуди досега необјавени потресни сведоштва за теророт што го спроведувале грчките андартски чети врз Македонците на почетокот на 20 век.

Досега и други автори пишувале на оваа тема, но книгата од Литоксоу е исклучително значајна и вредна заради тоа што Литоксоу е Македонец кој е роден (а и денес живее) во егејскиот дел на Македонија! За разлика од останатите македонски автори, кои пишувале на оваа тема, Литоксоу ја имал ретката можност лично да ги истражува архивите во Грција и трпеливо да собира материјали за темата што ја опишува. Сведоштвата што тој ги објавува главно се земени од досега необјавените дневници и записи што ги оставиле самите грчки андарти, во кои самите тие пишувале за масакрите што ги правеле врз македонското население.

Во книгата меѓу другото може да се прочита за односот на грчката држава кон Илинденското востание, како и односот на современата грчка историографија кон Илинден. Исто така, во книгата се обелоденети досега необјавени документи од преписката помеѓу грчките службеници во Македонија со својата влада за време на Илинденското востание. Така на пример, грчкиот конзул во Битола, на 25 јули 1903 година (стар стил) во доверливиот извештај до грчката влада, помеѓу другото, пишува: “Востанатото население сега е убедено дека се бори за своето ослободување и ништо не може сега да ги запре нивните револуционерни убедувања”. Од исклучително значење е неговото признание дека грчката влада тајно ја помагала турската војска. Тој пишува: “При секоја можност и помагаме на турската власт за задушување на движењето”. Грчкиот андарт Левидис во своето доверливо писмо до грчкиот Министер за надворешни работи пишува: “Турците ги затвораат очите спрема грчките банди и дејствија… Ниедна од бандите под команда на грчки офицер не се судрила досега со Турците…”

Книгата зборува за ѕверствата што ги правеле грчките банди против мирното македонско население. За разлика од тврдењето на денешната грчка пропаганда дека членови на овие банди биле “Грци од Македонија”, кои се бореле за “ослободување на Македонија и припојување кон Грција”, историчарот Литоксоу нуди автентични документи и сведоштва дека голем дел од овие бандити биле платеници од Грција (конкретно од Крит), кои биле финансирани лично од грчката принцеза Лујза. Тие имале лажни документи и тајно биле префрлувани во Македонија.

Оваа книга дава детален опис на подмолните убиства на македонските револуционери организирани од страна на грчкиот епископ Каравангелис и документирани податоци за тајното испраќање на грчки офицери од страна на грчката влада во Македонија со цел да војуваат за грчката кауза. Еден од нив бил и фанатикот Павлос Мелас, кој сепак признал дека народот во Македонија воопшто не го познавал грчкиот јазик. Пренесено е автентично сведоштво од самиот Мелас, во кое тој тврди дека децата во едно училиште во Македонија пееле на (цитат) “македонски јазик”, што тој не го разбирал, иако подоцна (како што самиот пишува) научил (цитат): “неколку македонски зборови”. Понатаму, Мелас во своите автентично пренесени записи признал дека, иако дошле да се борат за “Грците во Македонија”, со недели талкале како загубени низ Македонија, каде населението непријателски ги пречекувало.

Книгата изобилува од досега непознати сведоштва за дејноста на родо-отпадникот Коте од Руља (поранешен член на ВМРО, кој подоцна станал грчки платеник и кој им нанел многу зла на Македонците). Предадени се детали за неговите злосторства врз Македонците и тајната соработка со грчките служби. Пренесени се и досега малку познати податоци според кои, Коте од Руља бил предаден на Турците од страна на самите Грци, на кои им служел! Овие податоци денес се кријат од пошироката јавност во Грција.

Книгата располага со автентични признанија од грчките андарти, според кои, македонското население (дури и од редовите на патријаршистите) не сакало ни да слушне активно да работи за грчката кауза во Македонија.

Книгата објавува досега непознато сведоштво за грчкиот војвода Вангелис (кој денес е глорифициран од грчката влада како “херој” во ширењето на грчката кауза во Македонија), според кое, тој всушност бил турски шпион. Ова е запишано во мемоарите на еден грчки четник од тоа време, коишто во Грција се уште не се објавени.

Книгата нуди детални описи на убиствата на Македонци и Власи што ги спровела бандата на Мелас и нивната активност за присилно погрчување на Македонците.

Вистинската причина за смртта на Павлос Мелас. Имено, во денешната грчка историографија се учи дека овој грчки офицер “смело загинал” од турски куршум. Но, во книгата на Литоксоу е предадно неверојатно автентично сведоштво од 1927 година, од човек кој бил соборец на Мелас и кој бил присутен за време на неговото убиство. Тој тврдел дека Мелас не бил убиен од Турците, туку од еден негов соборец Грк, по име Пирзас, кој го убил Мелас за да ги украде парите што тој ги носел со себе од Грција. Од ова јасно се гледа и моралниот лик на грчките андарти, а овој податок за убиството на Мелас денес, исто така, се крие од пошироката грчка јавност.

Книгата дава опис на вистинската Македонска крвава свадба, која се случила во селото Зеленич во 1904 година. За време на свадбената веселба грчката банда предводена од Катехакис убила 47 недолжни Македонци (мажи, жени и деца). Овој невиден масакр, кој своевремено бил осуден и од европската јавност, го опишуваат самите грчки бандити кои во него учествувале. Така, на пример, во својот дневник, бандитот Клидис го опишува заобиколувањето на куќата во која се одржувала свадбата и влегувањето внатре. Тој пишува: Однатре се слушаше музика и песна… Дукас чукна на вратата и рекол дека е поканет. Една жена му отворила, а тој ја избодел со нож и им отворил на другите… Четворица се искачиле по скалите и застанале на првото скалило да внимаваат. Излегла и друга жена. Ја убиле и неа на скалилото со нож… Потоа влегле во собата каде се одржувала свадбената веселба и отвориле оган по недолжните мажи, жени и деца кои внатре се веселеле. Бандитот Гипарис, во својот дневник пишува: “Се обидуваа да избегаат, но насекаде се соочуваа со црните цевки на грчките пушки”. Бандитот Каравитис понатаму продолжува: “Ниско и колку што е можно хоризонтално ја насочував пушката така за да најде што повеќе тела… Никој не остана здрав од оние што беа во куќата…”

Книгата, исто така, дава детален опис на ѕверствата врз Македонците направени од грчката банда на Вардас. Опишано е палењето на куќата на една жена во костурското селото Либешево, во која живи изгореле единаесет мажи и жени, а меѓу нив и две деца. Овој монструозен чин е опишан во дневниците на самите грчки бандити кои учествувале во него.

Книгата дава детален опис и на палењето на големото македонско село Загоричани и масакрот врз тамошните Македонци! Покрај деталниот опис, предадени се и автентични сведоштва на грчките бандити кои учествувале во овој масакр. Бандитот Клидис во своите мемоари ќе запише: “Првата куќа ја запали Макрис. Потоа една по една, ноќта стана посветла од ден… Никој никого не слушаше. Над сите бомби, над куршумите и над криковите се издигна само гласот на Цонтас. Беше толку силен што го слушна пола Загоричани: “Над шеснаесет години, никој жив да не остане”! Бандитот Раптис, пак, пишува: “Врескаа и пискаа сите петстотини куќи на селото… Бараа спас, но не можеа да го најдат. Немаа можност да избегаат. Пулакис, Куклулакис и Скундрис убиваа секого пред себе… Тој ден се наситивме од колење”. По овој невиден масакр грчките бандити избегале во планината, водејќи со себе 27 заробени Македонци. Таму сите биле заклани.

Каравитис пишува: “Патрос го стави штикот на пушката и почна да ги боде построените заробеници”. Во книгата на Литоксоу за првпат во јавноста е објавен еден документ од историско значење, а тоа е список со имињата на сите луѓе што биле убиени во село Загоричани. Овој документ е од 1905 година и досега не е објавен пред пошироката јавност во Грција. Со овој документ паѓаат во вода тврдењата на грчката историографија и пропаганда, според кои, наводно во Загоричани дошло до судир помеѓу грчката банда и некоја бугарска чета.
Во документот (извештај составен од грчки офицер) дословно пишува дека во Загоричани (цитат) “… е извршен колеж на невооружено население” и дека (цитат): “не постоел никаков судир со Бугари, затоа што во Загоричани нема пребегнато Бугари”.

Извор: СMK

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top