За време на колежот во селото Загоричани во 1905 година, жителите на Б’мбоки избегнале колеж, при што грчкиот андарт капетан Вардас (Георгиос Цондос) се заканил до нив со зборовите:
Ќе заколам сè, па дури и кучињата
Потоа испратил заканувачко писмо до Б’мбокчани во кое се велело:
Ако не преминете во патријаршијата, и тоа бргу, ќе влезам во селото и ќе заколам се: мажи, жени, старци, деца и сите кучиња во селото.
Но, поради тоа што по настанот во Загоричани, под притисок на европските сили, османлиската војска постојано била стационирана во тој крај и поради што и самите селани се организирале, заканите не се оствариле.
Барем не до 1949 година.
С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981.