Историја

Иселување на македонците во прекуокеанските земји

iselenici-usa

iselenici-usa

Треба да се спомене и фактот дека меѓу двете светски војни од Егејска Македонија поради големата тортура врз македонскиот народ се појави иселување и во прекуокеанските земји.

Традицијата на Македонците, посебно од насивните краишта, да одат на печалба е многу стара, а најмногу доаѓа до израз во 18-от и 19-от век. Македонски печалбари најмногу има во Цариград, Анадолија, Египет, Романија, Бугарија, Србија и во земјите на Австро-унгарската империја.

Македонските печалбари се познати како занаетчии, обични работници и ситни трговци. Посебно се истакнувале занаетите: ѕидарство, млинарство, фурнаџиство, слаткарство, бичкиџиство, меаниџарство, правење тули и ќерамиди и во други. Повеќето од овие печалбари своите семејства ги чувале во селата, каде што се враќале од време на време, за да ги посетат, изградат куќи, да купат имоти…

Позасилено емигрирање во прекуокеанските земји има и по балканските војни, особено од Егејска Македонија. И оваа појава има главно политички причини. Имено грчките власти, го потпомогнаа емигрирањето на македонскиот народ, кое е особено изразено во првите години на балканските војни. Меѓутоа, поради Првата Светска Војна, во која по силата на условите од 1916 година се замешува и Грција, ова иселување на Македонците од Егејска Македонија брзо се намалува. Кон крајот на војната и особено по крајот на Грчко-турската војна и силниот прилив на грчка имиграција од Мала Азија во Егејска Македонија, емигрирањето повторно се јавува во засилена форма. Овој пат се појавува нов бран на емигрирање и тоа најмногу во Канада и Австралија. Приливот на македонските иселеници во овие земји особено се зголемува по воведувањето на Метаксасовата диктатура од 4 август 1936 година, кога се зголемува и теротот врз Македонците дури до таа мера да грчките власти го забрануваат употреба на македонскиот јазик и во своите домови. Се зголемува и бројот на затворени и интернирани македонци, особено поради нивните национални чувства.

Овој процес на иселување на македонскиот народ од Егејска Македонија во прекуокеанските земји трае до Втората Светска Војна, практично до објавувањето на Грчко – италијанската војна од 28 октомври 1940 година.

И покрај сите тортури, принудни иселувања на Македонците од Егејска Македонија, сепак македонскиот народ и понатаму е доминантно население. Но сега во многу типични области каде што во историското минато никогаш не живееле Грци, како што се Воденско, Ениџевардарско, Гуменџиско, Кукушко, Валовишко и други, како последица на принудното и неприродно населување на грчко население во овие области Македонците станаа малцинство. Сепак во окрузите на Лерин, Воден и Костур, процентот на македонско население и натаму остана доста висок и се движеше од 55% во Воденско до 85% во Леринско.

Таквата состојба и натаму ја загрижуваше грчката власт, затоа што сите дотогаш применети мерки на присилно иселување и асимилација не ги дадоа до крај посакуваните резултати, иако останува фактот дека еничкиот состав на Егејска Македонија е драстично променет на војните и конвенциите донесени после овие војни, како и денационализаторската и асимилирачка политика на грчкате власти.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top