Историја

За македонските кралеви (Полибие)

polibie

polibieПолибие ги бележи споредбено културните и државните настани во Македонија, во временска рамка од 150 години, времето од Филип Втори до Филип Петти.

Во Рим биле однесени 150 илјади интелектуалци од Македонија да го применат Аристотеловиот македонски образовен систем. Од тоа време останала поговорката: „Сите Македонци – генерали, сите Римјани прости војници”. Набрзо сите генерали се враќаат во Македонија за да ги обноват седумдесетте градови што Римјаните ги разурнале. Рим продолжи да копира се` што е македонско, процветаа науките од Аристотел и на крајот Римскиот конгломерат пропадна. Македонија продолжи како учителка на светот да го наметнува своето совршенство во сите подрачја, посебно во писменоста. Што бараат гробовите на Персеј, Полибие, Св. Кирил во Рим? Што бараат Аристотеловите и Климентовите списи во Ватикан? Нека ни ги вратат, барем да знаат дека знаеме што се тоа македонски корени во цел свет распослани, Македонци мои.

Високообразованите луѓе од Македонија, целото племство, се појавија како робови да ги описменуваат Римјаните со науките на Аристотел како што во Атина се описменуваа со Софистите. Македонските библиотеки во Александрија, Пергам, Антиохија, со Клеопатра настрадаа на ист начин како Персеј. Останаа само науките со филозофијата на Аристотел. Тие се возобновуваат, неуништливо градиво на оригиналот што се одржа да сведочи за Македонството во светската историја, за силите на умот, за најумниот човек, за Аристотел – Македонецот. Тоа што е Аристотел за Филип Втори тоа е Полибие за Персеј, тоа е Климент за Самоил. Сите апостоли за сите кралеви и цареви од Македонија, како образовен континуитет до денес. Триста години од Филип Втори до Персеј се е истоветно во македонската држава.

Македонската држава со родословието на македонската династија, со совршено уредените институции и фалангата, во неповторливите уметнички дела во континуитет и покрај сите ограбувања и присвојувања останува како јадро околу кое ќе се движат светските цивилизации со македонско наследство.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top