Историја

Томо Апостолски за формирањето на македонската бригада „Гоце Делчев“ во Софија

apostolski

(Септември 1944 година)

apostolski“Во текот на војната многу напредни луѓе од Македонија фашистичкиот бугарски окупатор ги одведе во работни единици во Бугарија. Со нив судбината ја делеа уште толку кои мораа да служат воен рок во бугарската фашистичка армија.

Јас служев во 13 работна “дружина” на фашистичка Бугарија, во прво време во Вакарел 1943 година, а потоа во Симитли и Софија… Бев одведен на работа во Бугарија бидејќи одбив да бидам претседател на општината Шемшево, во близина на Тетово, каде што бев учител. Беше тоа во февруари 1943 година.

Девет месеци и повеќе работев во Вакарел на изградбата на патот Софија-Пловдив. Во втората година бев во работната единица на пругата Ќустендил-Симитли… дојдов во Софија. По откритието дека сум симпатизер на НОВ и НОД во Југославија, морав по казна да појдам во 17 казнена работна дружина на Пирин Планина, кадешто ме затекна капитулацијата на фашистичка Бугарија.

Тогаш, со поголема група Македонци, Албанци и Турци појдов веднаш за Софија, бидејќи таму на видик беше можноста за формирање бригада од наши кои се затекнале во Бугарија. Тоа беше иницијатива на нашите раководни другари од Македонија и Врховниот штаб на НОВ на Југославија. Меѓу оние кои први пријдоа кон формирање на бригадата “Гоце Делчев” бев и јас, па воедно бев и член на штабот на бригадата.

Поголемиот дел од половината на септември и првата половина на октомври 1944 година ни помина во настојувањето војниците кои се по потекло од Македонија да се ослободат од бугарските единици. Особено се залагавме за нашите другари политички интернирци и за сите оние кои се наоѓаа по било кој основ во Бугарија на 9.ИЏ.1944 година, да се приклучат кон батаљоните и четите на народноослободителната бригада “Гоце Делчев”.

Нашата бригада нарасна на околу 7.000 борци. Нашите единици во Бугарија, до заминувањето на фронтот во Македонија (во Струмичко-брегалничкиот корпус во Пехчево) беа распоредени во јавни и културни објекти во Софија.

Во октомври нашите единици почнаа постепено да ја напуштаат територијата на Бугарија (Софија), а не добија оружје и опрема кои толку упорно ги ветуваа властите на отечественофронтовска Бугарија. Некој тоа го попречуваше. И тоа не само нам за бригадата “Гоце Делчев”, туку и на нашите раководители кои по одредени задачи ја посетуваа Софија од Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија. Меѓу нив беа Петар Манговски, Киро Миљовски и други.

Имаше и тежненија кај некои бугарски фашистички офицери да влезат во составот на нашите единици, во намерата да ги саботираат нашите акции. На штабот на бригадата “Гоце Делчев” му беше поставена задача да го уапси Борис Бунев, познатиот михајловист и огорчен непријател на македонскиот народ и на единството на нашите народи. Со таа задача со драга волја се зафатив, бидејќи на своја кожа ги почувствував не-говите недела од  деновите на окупацијата. Тој е пронајден и уапсен. Но нам не ни е предаден.

…Кога се приближивме кон Горна Џумаја, покојниот Спиро Бабов ме замоли да свратиме кај генералот Иван Кецкаров, командантот на Петтата отечественофронтовска армија… Бевме негови гости. Откако му ги изнесов своите критики за одредени врвни кругови на ОФ армија на Бугарија во Софија околу изневерените очекувања да ни дадат оружје и опрема при заминувањето во Македонија, генералот Јован Кецкаров ми рече дека може да ми помогне доколку на патот до крајната станица Симитли не стасало оружјето и останата опрема за нашите единици кои беа собрани во Симитли.

Но, во Симитли ништо од оружјето не беше стасало. Затоа веднаш по телефон го побарав генерал Кецкаров. Тој изјави дека сеж ќе среди донекаде да ги задоволи нашите потреби за оружје. Тогаш добив два камиона и овластување да ми се врачи сеж што ќе изберам во магацините и складиштата.

Додека нашите единици пристигнуваа во Пехчево, јас со мојата мала но вредна екипа ја завршив работата. Донесов многу лесно и тешко наоружување, одела и друга опрема во Штабот на Струмичко-брегалничкиот корпус во Пехчево.

Набрзо, како просветен работник, отидов од војската да го организирам школството во еден крај во ослободена Македонија…”

Како је формирана македонска бригада “Гоце Делчев”, М. СтефановиЌ, М. КрстиЌ, Апостолски: Великобугарске претензије…, стр.251-253;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top