Историја

Борбата за Автономија – Карнегиевата комисија

komisija

komisija

Почнува со историски осврт на ослободувањето од Бугарија и сонот по тоа за –“Голема Бугарија” од која ете “неправедно” отпаднала Македонија. А таму “Македонските Бугари”, воделе борба со Турците за – целокупна Бугарија.

– Борбата во Македонија се разжестува за што авторот дава податоци од Англиската сина книга на почетокот на 1904 година за Македонијa и според која во просек месечно се убивани по 100 луѓе.

– Не можејќи да ги скрие автентичните македонски интереси искажани од дејци на македонскиот народ низ печатот, а така спротивни на бугарските долевани од Софија, Милјуков плетка се` и сешто (повеќето биле“млади луѓе“ и како такви, така се однесувале заради некој вид “космополитски идеализам“). Цитат:

“Меѓутоа секогаш постоеја разлики меѓу гледиштата на официјална Бугарија, која сакаше да го користи движењето како инструмент во својата надворешна политика и оние на самите револуционери, повеќето од нив млади луѓе вљубени во независноста и исполнети со еден вид космополитски идеализам“.

– Но разликите се огледуваат и во следните редови:

“Секако постоеше Централен комитет“ во Софија, чиј претседател обично беше некој кој ја уживаше довербата на кнезот“.

– И пак не можејќи да ја крие автентичната сила на македонскиот народ констатира:

– “ВИСТИНСКАТА револуционерна организација, БЕСКОМПРОМИСНА и ЉУБОМОРНА НА СВОЈАТА НЕЗАВИСНОСТ, СЕ НАОЃАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА“.

– Низ краток историски развој на ВМРО, Илинден и последиците и Младотурската револуција, Милјуков сега ги бои работите и меша поими (со термини-“Македонски Бугари”, “Бугари” но и “Бугарски Македонци”).

– Правдајќи ја индиректно Бугарија со иницирањето Балкански војни за Македонија, Милјуков Младотурската влада ја прави полоша од предходните режими.

– Иако вели дека Македонците масовно купуваат земја од Турците (особено Македонци повратници од САД), Милјуков исфрла проблем – Турците ги бркале од купените ниви и ги делеле на Муслимани од Босна.

– Ова според него е мотив што четите се пак по планините (всушност Врховистичките –з.н). Милјуков во пристрасноста, крие дека тоа е масло на Бугарија на која не и` одговара демократизацијата на Турција, а со тоа и зголемената свест на македонскиот народ за своја национална држава.

– Затоа и преќутува што тоа не е случај со најбројните чети на македонскиот народ (илјадниците под команда на Сандански кој дури им помага на Младотурците во повеќе борби против султановите поддржувачи).
Затоа го преќутува и жестокиот одговор на Сандански и ликвидациите на Бугарските Врховистички чети (во кои има голем број офицери и војници од Бугарската армија).
Затоа и преќутува за Македонската политичка елита која на демократски начин во Турскиот Парламент издејствува низа Закони, кои се` повеќе водеа кон автономност и сувереност на Македонија и македонскиот народ што и ги тера Бугарија, Србија и Грција на договор тоа да престане.

– На крајот од овој дел за автономијата, Милјуков го завршува дека 1910 година е веќе крај за секаква идеја Македонија да биде автономна и независна (што е неточно зашто тоа е 1912 година кога сосетките увидоа дека се поизвесната независност, може само со војна да се спречи).

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top