Историја

За сојуз меѓу Титова Југославија и Димитрова Бугарија

gorgi-dimitrov-i-tito

Кон обединувањето на словенските и на сите народи на Балканот

gorgi-dimitrov-i-tito

Македонскиот народ е толку загреан приврзаник на републиканските народни режими во Југославија, Бугарија и Грција, зашто во тоа ја гледа гаранцијата за пријателско раз-решување на македонското прашање за цела Македонија, со тоа што ќе се почитува неговата волја и правото на обединување…Но ние исто така нема да престанеме да пледираме и за обединувањето на нашиот македонски народ. Тоа е наше право, што сме си го извојувале со 50-годишната борба за слобода и независност, не само во Вардарска Македонија, туку и и во цела Македонија и пособно со активното  учество на нашиот народ во општата антифашистичка борба на демократските и слободољубиви народи во последниве неколку години. Обединувањето на Македо-нија го бараат нејзините етнографски, историски и природни граници. Тоа се јавува како една горлива економска потреба за нашиот намачен и раскинат народ, како една неопходност за не-говиот слободен развиток. Впрочем, обединувањето на македон-скиот народ , или поинаку речено – целосно разрешување на македонското прашање, е едно право, што се  базира на прокламираниот принцип во Атланската карта и во другите решенија на трите големи сили, како и во Уставот на ООН,за самоопределување на народите.

Македонската држава се создаде, но во неа влегува само еден дел од Македонија, Тоа значи дека македонското прашање не е целосно решено. Македонскиот народ треба да се обедини и тој ќе се обедини. При постоењето веќе на македон-ската држава – Народна Република Македонија како рамноправна единица во нова федеративна Југославија, обединувањето на  македонскиот народ може да се оствари со присоединување на Егејска и Пиринска Македонија кон неа. Тоа денеска е кон

кретниот пат за обединувањето на нашиот народ. Тоа разрешување на македонското прашање може да стане и ќе стане со заемно братско решение меѓу ите влади на соодветните братски народи на Балканот и во согласност со интересите и волјата на маке-донсКиот народ, без да се бара туѓо мешање однадвор. При условите и можностите што пшостојат сега, тоа може да се нап-рави првин со Пиринска Македонија, потоа – по премавнувањето на монархофашистичкиот режим во Грција , кога таму исто така народот ќе ја земе власта во свои раце – и со Егејска Маке-донија. Уште потесно зближување и еден сојуз меѓу Титова Југо-славија и Димитрова Бугарија ќе го олесни обединувањето на Пиринска Македонија со Вардарска Македонија. Обединувањето на Пиринска со Вардарска Македонија ќе биде еден блескав пример за народот во Егејска Македонијаи тој ќе го бара итиот пат за обединување со своите браѓа во НР Македонија. Само то-гаш македонското пррашање може да добие целосно разрешување.

Се разбира , ние сега уште не го поставуваме акционо прашањето за обединувањето на нашиот народ. Ние, Македонците, водиме сметка за особената внатрешна и меѓународна положба на ОФ Бугарија, како и за поважните задачи, што сега ги има маке-донско население и ЕАМ во Грција. Ние не сакаме ненужно да ја отежнуваме положбатанба братска Бугарија и на  ЕАМ во Грција. Но, истовремено ние, како народ, стоиме здраво на нашето право за обединување. Ние ќе работиме и ќе пледираме за него. Обеди-нувањето е една  наша, поблиска или подалечна цел и во секој случај не толку далечна, така што уште долго да се трпи една стара и недопустлива неправда во однос на нашиот народ. Рас-покината Македонија треба да се обедини! Македонскиот народ ќе се обедини и Македонија од јаболко на раздорот, каква што беше во минатото, ќе стане обединувачка алка меѓу јужнословенските и балканските народи.

Драги сонародници, така стои нашето македонско народносно прашање. Такви се актуелните прашања  перспективите на Македонија. Овде во братска Бугарија кај голем дел од интелигенцијата што учела по старите учебници што ја фал-сификуваа македонската историја, има многу напластени (од минатото) погрешни и наивни, но по суштина великобугарски сфаќања по македонското прашање. Наш долг е да помогнеме тиа заблуди да се развеат…Правилно да ја објаснуваме  каузата на Македонија сред бугарската демократска јавност….

Емиграцијата е должна да му дава политичка поткрепа на македонскиот народ што се бори за своето самозачувување и ослободување во Македонија под грчка власт. Овде огромното мнозинство од нашата емиграција е имено од тој дел на Македо-нија и сака да се врати во своите родни огништа…кога Ќе стане возможно  слободно враќање по родните места во слободна и обединета Македонија.

Васил Ивановски, Македонија и најзините непријатели,

Архив на Македонија -Матица Македонска, Скопје 1995,  стр.271-312

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top