Историја

Валандовската афера

valandovska-afera

Валандовската афера од декември 1899 година е една од поголемите провали со кои се соочила Македонската револуционерна организација кон крајот на 19 век. Во текот на аферата настрадала организациската мрежа во Гевгелиско, Тиквешијата, Дојранско и Ениџевардарско при што биле мачени и уапсени околу 100 души.

Во Мемоарот на Организацијата не се дадени причините за почетокот на аферата, а во него се вели дека таа била предизвикана од еден предавник од село Балинци. Овој податок подоцна како таков го презел Христо Силјанов и тој влегол во литературата. Под влијание на Мемоарот и Силјанов, тоа го прифатил и Христо Татарчев.

Ангел Динев навлегол подлабоко во откривањето на причините за разврзувањето на Валандовската афера и според него таа произлегла од самоволието на Иван Карасулијата.

valandovska-afera
Иван Карасулијата

На 7 декември 1899 година, Иван Карасулијата со својата чета влегол во Валандово со цел да зграби богат гркоман, но притоа четата била откриена и дошло до неколку часовна престрелка со жандармеријата во која загинале двајца заптии, а четата успеала да се повлече без загуби.

Истрагата за овој инцидент ја презел солунскиот полициски иследник Ќазим бег, кој имал потекло од Тетово. Додека Ќазим бег започнал со измачувањата, војската го блокирала Валандово.

Поради мачењата Васил Тајтајкин и Гирџиков признале дека четата ја кријат Иван и Пено Гегови од село Балинци. Меѓутоа тие од своја страна се покажале како издржливи, но властите сфатиле дека станува збор за поголем заговор и дека од левата страна на реката Струма се крие чета.

Набргу во реонот започнале големи потери. Во село Балинци биле тепани 5 селани, во Ѓавато 12 души, во Грчиште 20 души. Во Богданци биле тепани: Гано Пеев, Христо Николов, Караискаак, Ичко Тодоров и други.

Во куќата на Хаџи Мито биле уапсени десет души. Поради турските претреси и тепања од Богданци побегнале повеќе селани, а меѓу нив се наоѓале Мицо Марков – кадијата, Дељо Колчов и Гоно Ванчев.

Во Богданци исто така биле уапсени уште деветмина, а меѓу нив и попот Фригор Јанев. На тој начин аферата се проширила постепено во Гевгелиско, Дојранско и Ениџевардарско.

Аферата набрзо го опфатила речиси целиот Солунски вилает, а се проширила и во Кавадаречко. Таму биле погодени селата Бегниште и Ресава.

Во селото Прждево, Кавадаречко, османската потера извршила големи апсења. По извршеното предавство за кратко време било уапсено целото раководство на Револуционерниот комитет од селото: Атанас Кондов, Ристо Масларов, Ефрем Јанев и Арсо Самарџиев. Врз нив војската и полицијата примениле најсурови методи на измачување за да откријат кои се членовите на тајната организација, за нивните врски со околиското раководство и да откријат каде се наоѓа скриеното оружје. Првите тројца стоечки ги издржале сите измачувања, но Арсо Самарџиев потклекнал пред жестоките мерки и ги открил сите тајни на Организацијата со што бил нанесен удар на подемот на ТМОРО во Тиквешијата.

Поради тепањата и апењата неселението почнало да испраќа жалби до странските дипломати во Солун. Под влијание на дипломатите, турските власти започнале постепено да ги ослободуваат уапсените, а од Солун дошла специјална комисија која требало да ги испита злосторствата на дојранскиот, гевгелискиот кајмакам и Мехмед паша кои биле отпуштени од своите должности.

Тоа било сторено со цел да се заблудат дипломатските претставници во Солун. Сето тоа допринело да дојде до смирување на апсењата и тепањата.

Во април 1900 година дошло до возбновување на аферата кога Ќазим бег убил по еден селанец во Тумба и Дабово и 4 овчари од село Бојмица.

Меѓу овчарите имало и едно 12 годишно дете. Потоа во Бојмица биле уапсени 6 селани и учителот Филип Георгиев кои биле сместени во затвор. Меѓутоа жената на учителот ги организирала селаните и тргнале кон Солун. Поради тоа биле прекратени апсењата. Во текот на аферата бил поткажан Турчинот Мајмедин кој ја снабдувал Организацијата со пушки.

Тој од своја страна поткажал дека пушките му ги доставувал на Иван Делипетров од село Сехово. Делипетров признал дека купил пушка за себе, но по мачењето кажал дека му дал и една пушка Гоно Делиманов од Смоквица.

Тој бил уапсен и признал дека на селаните им дал 8 пушки и тие биле истотака уапсени. Уапсените селани биле осудени според член 54 од Османлискиот кривичен закон, односно за недозволено држење на оружје.

Иван Делипетров и Гоно Делиманов биле осудени на 5 години поради конспирација. Во текот на аферата биле мачени и тепани 150 души, а околу 100 биле уапсени.

Валандовската афера ќе биде повод Христо Матов да ја создаде револуционерната елегија „Валандовска песна“ со која се воспеала смелоста на народот.

Извори

Х. Сиянов, цит. дело, т.1, 108

Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995

Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 – 1903 година, Скопје, Институт за историја – Филозофски Факултет

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top