Историја

Византискиот континуитет на античките Македонци

vizantiski-kontinuitet1

vizantiski-kontinuitet1

Античките Македонци имале исклучително силно влијание врз процесот на групната самоидентификација и креирањето на идентитетот на населените Словени во Македонија. Во контекст на религиската ориентација на Македонците во 4 век, мошне илустративно е сведоштвото на Созомен. Тој пишува дека императорот Теодосиј, при пристигнувањето во Македонија, летото 379 година, бил мошне задоволен откако дознал дека „црквите дур до Македонците се единствени“ во почитувањето на никејската религиска определба. Идентификацијата на Македонците, во етнички и религиски контекст, во делото на Созомен е сосема јасно евидентирано. Ваквата констатација мошне конкретно е одразена) во недвосмисленото сведоштво на Теодорит Кирски за припадноста на градот Солун „на македонскиот народ“. Дека кај Теодорит постои јасно поимање за етничката констелација во Македонија во периодот од 4 до 5 век говори и фактот дека тој во својата црковна историја паралелно го користи терминот Македонци и при идентификувањето на приврзаниците на еретичкото движење на константинополскиот епископ Македониј, кое било мошне активно во втората половина од 4 век. Фактот што Теодорит не чувствувал за потребно да употреби различни термини за Македонците во етничка смисла и за Македонците приврзаници на учењето на Македонија само по себе говори за неговото јасно поимање за Македонците како доминантно население во Македонија во овој период. Ваквото поимање содржано кај Теодорит воедно ја одразува и генералната перцепција која во тоа време постоела кај црковните кругови. Тоа најилустративно е евидентирано во писмата на миланскиот епископ Амброзиј од крајот на 4 век, како и во опширната папска кореспонденција од рановизантискиот период, каде се наведуваат Македонците во религиско-етничка конотација. Најтипичен пример кој го одразува континуитетот и посведочената егзистенција на Македонците во рановизантискиот период, несомнено е сведоштвото на солунскиот архиепископ, Јован. Тој во првата збирка на Чудата на Св. Димитрија, недвосмислено ги портретира Македонците и Св. Димитрија како единствено заслужни за успехот во одбраната на градот од словенско-аварскиот напад во 586 година. Јован образложува дека одбивањето на опсадата од огромната словенско-аварска паганска војска, се должела на пресудната улога на Св. Димитрија, кој ја поттикнал храброста кај Македонците во Солун. Ваквото сведоштво на солунскиот архиепископ, претставува неоспорна потврда за егзистенцијата на Македонците во 6 век како доминантни жители во Солун, како и впрочем во Македонија, компарирано и со другите извори. Тоа добива посебно на значење, ако се земе предвид дека Јован како сведок на настаните и активен учесник во организирањето на одбраната на градот, не само што го пренесува своето лично поимање за етничката структура на Солун, туку директно ја одразува и тогашната перцепција кај Солунците. Фактот што Чудата на Св. Димитрија претставуваат и своевидни хомилии наменети за Солунците, ја илустрира и тенденцијата на Јован за креирање на претставата за Димитрија како светец, заштитник и победник против Словените – пагани. Ако кон тоа се додаде и занемареното сведоштво на Симеон Метафраст од 10 век, каде сосема јасно се констатира етничката поврзаност на Димитрија со „родот на античките Македонци“, станува сосема јасна и популарноста која ја стекнал култот на Св. Димитрија во Солун. Тоа е разбирливо, ако се земе предвид дека при самото креирање на култот на Св. Димитрија во средината на 5 век, всушност, биле вградени македонските традиции на популарното паганско божество Кабири. Супституцијата на богот Кабири со новиот христијански херој – Св. Димитрија, била сосема прифатлива за Македонците во Солун во периодот на глобалната религиска транзиција, како начин за продолжување на изразувањето на религиските традиции и идентитет. Евидентираното продирање на култот на Св. Димитрија меѓу Словените во околината на Солун во 30-те години на 7 век, истовремено ја илустрира и улогата на Св. Димитрија во првобитната фаза од процесот на христијанизација на македонските Словени. Процесот на интеракција и комуникација помеѓу Солунците и Словените од околината на Солун бил овозможен и од панаѓурот кој се одржувал традиционално во чест на Св. Димитрија. Директната поврзаност на Македонците со култот на Св. Димитрија продолжила и во наредните векови, што сосема јасно е евидентирано во византиската сатира „Гимарион“, составена во 12 век, каде се наведува дека „денот на Св. Димитрија во Солун е величествен фестивал како Панатинеи во Атина или Напионии во Милет; тоа е голема македонска прослава, каде не само што се собира македонскиот народ, туку и народи од сите видови и од сите правци: Грци од различни региони на Хелада, мизиски племиња кои ги населуваат областа околу Истар (Дунав), регионите на Скитите, Кампанианите, Италијците, Иберијците, Лузитанците и Келтите зад Алпите“. Како заклучок се наметнува констатацијата дека во перцепцијата на мнозинството автори од рановизантискиот период (4 – 6 век), Македонците се идентификуваат како доминантен етнички елемент во Македонија. Ваквата перцепција е проследена со конкретното и прецизно етничко, политичко-територијално и религиско издвојување на Македонците од соседните области на Македонија. Посведочениот континуитет на античките Македонци како доминантно население во Македонија, несомнено имал суштинска рефлексија врз процесот на пренесувањето на античките македонски традиции на населените Словени на македонска територија од 7 век. Тоа го потврдуваат најновите историско-археолошки студии за населувањето на Словените на Балканот, кои покажуваат дека словенското населување не претставувало класична миграција, проследено со масовна колонизација. Оттаму, населувањето на Словените немало капацитет директно и целосно да ја промени етничката констелација во регионот, иако неоспорно било силното влијание на словенскиот етнос. Станува збор за етапен процес, кој ја овозможил заемната симбиоза помеѓу античките Македонци и населените Словени во Македонија. Новата сложена етничка конфигурација која се формирала на територијата на Македонија во текот на 7 век, преку евидентираното присуство на античките Македонци и на населените Словени, ги навело византиските автори во своите сведоштва од 8 век да започнат да ги идентификуваат населените Словени на македонска територија, со единственото име – Македонски Склавинии. Поаѓајќи од тоа, може да се констатира дека античките Македонци имале исклучително силно влијание врз процесот на групната самоидентификација и креирањето на идентитетот на населените Словени во Македонија.

ТВ Сонце

Најново од: Историја

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

To top