Григор Прличев на 6. мај 1885 г., во Солун изјавил:
“Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена.
Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив…
Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име! …
Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија цел свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денес ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението …“
