Историја

Протокол на ЦК на ВМРО за востановување на дејноста по Првата светска војна

raspiska

11.06.1920 год.

raspiska

Централниот комитет на ВМРО на своето денешно заседание – 11.VI.1920 год. – откако ги зеде предвид новосоздадените услови во Македонија, останата под ропството на Југославија и Грција, како и тешката политичка, економска и внатрешна положба, во која се наоѓа Бугарија, ја изработи следната директива за дејност во Македонија:

I. Целта на Организацијата си останува, како и досега: извојувањето на слободата – под форма на автономија или независност – на Македонија, во нејзините етнографски и економски граници.

А. Во Македонија под српско ропство Организацијата си ја постави следната непосредна задача: Внатрешната македонска организација поради причини од внатрешен политички карактер и од тактички мотиви засега ќе содејствува наполно со сите, кои што се борат внатре по легален начин – врз основа на законите во државата и во согласност со другите поробени народности во Македонија и другите области на Југославија – за извојување на федеративно управување во Југославија со Македонија – рамноправен член во федерацијата.

За постигање на горната задача или за успешно водење на легалната борба, Внатрешната македонска организација ќе содејствува да се создаде, доколку условите тоа го дозволат, една легална организација под името „Македонски федеративен сојуз“, слично на Сојузот на Конституционите клубови во Турција (1908-1910), која што организација ќе води легална борба, влегувајќи во врска и разбирање за заемна дејност со организациите и партиите во другите области на Југославија, кои исто така ја следат горната цел.

Основните начела, на кои ќе се потпира Македонскиот федеративен сојуз, може да бидат следните:

1. Секоја област да има полно самоуправување, со свое Народно собрание, форма на внатрешно управување согласно вољата на населението, со официјални јазици на оние од мнозинствата од населението.

2. Општо Народно собрание со сразмерно претставништво од сите области, општи министри за надворешни работи, за финансии и за војската, општи официјални јазици.

3. Називот на државата: Федерација на Срби, Хрвати, Словенци, Бугари и др.

За да се организира населението внатре, како и да се зачува народноста и да се извојува слободата на Македонија, исто така во прво време и за водење на легалната борба, да се испратат на секои две-три околии по три-четири души легални и нелегални агитатори. Нелегалните треба да се движат многу претпазливо, за да не го изложуваат населението на прогонување од српската власт.

Б. Во Македонија под грчко ропство, каде условите се многу различни и потешки, отколку во Југославија, Организацијата ќе има за главна и непосредна задача: да се зачува националната свест и името на бугарското население таму и да се најдат начини тоа да не емигрира – да не се примени договорот за „доброволно“ иселување, склучен меѓу грчката и бугарската влада, затоа што и без тоа бугарскиот елемент таму е значително разретчен од 1913 год. наваму.

Доколку дозволуваат условите, да се работи заеднички со другите националности таму – Турци, Евреи, па и со македонските Грци, кои се незадоволни од однесувањето и управувањето нан Грците од кралството – за извојување права за месната самоуправа, слобода во јазичен, просветен, религиозен и друг однос.

Врските со грчка Македонија ќе се одржуваат преку пунктовите началници во Петрич и Неврокоп, а за пооддалечените краишта, како Воденско, Костурско и др., ако се создадат благопријатни услови за тоа и преку Битола-Охрид.

На истото заседание се донесоа и следните решенија:

II. За да бидеме добро запознати што станува во Југославија, Грција и др. и за да можеме да го запознаваме опшественото мнение во Бугарија и странство за тешката положба на нашите сонародници, останати под ропство, во Софија се формира „Информационо биро во Претставништвото на Организацијата“, согласно чл. 131 и 132 од правилникот. За таа цел да се авансираат суми за набавување на неопходните книги, весници и списанија од Југославија, Грција и др., коишто го засегаат македонското прашање.

Ако се укаже за возможно, да се отвори слично информационо биро под форма на читалиште во некој град на Македонија под српско ропство, каде условите се поблагопријатни за тоа.

III. Во отсуство на Тодор Александров од Бугарија во Претставништвото на Организацијата да го заменува другиот член од Центр. Комитет – Петар Чаулев, а за советници на задгр. Претставништво на Организацијата освен досегашните г. професорите д-р И. Георгов, д-р Љ. Милетич и Н. Милев да се поканат уште и г. Баждарев Георги, кој земал активно учество во револуционерното движење во Серскиот револ. Округ и за време на Илинденското востание бил со чета и г. Кирил Прличев, долгогодишен раководител во Воденската револуционерна околија.

IV. Да се искористи ова лето, за да се засили Организацијата внатре, да се стегнат редовите, да се создадат врски со цела Македонија, да се создадат канали, пошта и др., внимавајќи тоа да се направи многу претпазливо, за да не им се напакости на бугарското население внатре и да не се излага Бугарија.

V. Да се откупат (100) сто примероци од книгата на П. Дарвингов „Историја на Македонско-Одринското движење“.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top