Историја

Патопис на Пиер Белон за Македонија (1547 год.)

Belon_Pierre_1517-1564

Belon_Pierre_1517-1564Појдовме од планината Атос (т.е. Света Гора, н.б.) за да стигнеме во Салоника, каде што дојдовме за два дена. Салоника е голем град, многу познат и богат, по старо наречен Тесалоника за кој што спомнува и Св. Павле. Тој се наоѓа во Тесалија која што граничи со Македонија (со името Тесалија односно “ Прва Тесалија) била нарекувана Македонија, а со Втора Тесалија – вистинска Тесалија, н.б.) каде што чумата толку ги проретчила жителите, што тие го оставиле градот и ги напуштиле своите имоти…

Заминувајќи од Салоника, минавме само два дена пат до рудниците во Сидерокапса во Македонија (на североисточниот дел на Халкидишкиот полуостров, на падините на Холомонда планина, н.б.). Тоа место во старо време се нарекувало Хрисити. Сега тоа е село, кое поради големото количество злато и сребро, му донесува на Турчинот исто толку голем приход, како најголемиот град во цела Турција. Освен тоа, од неодамна повторно почна да се извлекува руда за да се добие злато и сребро…

Поради металите што се вадат во Сидерокапса овде се населиле рудари и го зголемиле населението. Таму тие направиле прекрасни градини и овоштарници, зашто тука секаде има вода, што го олеснува градинарството. Лозјата, што се наоѓаат во околината се особено добро обработени. Оние што се населени во рудниците на Сидерокапса се собрани од разни краишта и се служат со различни јазици, како словенски, бугарски, грчки и албански.

Френски п’теписи на Балканите, ЏВ-ЏВИИИ в. Софија, 1975, стр. 95-96;
Документи за борбата на македонскиот народ…, т.И, док.87, стр.138-13;
Д-р  Иван Алексов

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top