Историја

Нема поголем доказ за Македонците од античките монети од Хераклеја

moneti

moneti

Монетите со ликови на античките владетели од македонскиот период пронајдени на нашите археолошки локалитети се доказ од прва категорија дека на овие простори се протегале делови од Македонија и дека живееле антички Македонци. Ова за „Дневник“ го изјави Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на изложбата на монети пронајдени на Хераклеја Линкестис, која викендов беше отворена во Заводот и музеј во Битола. Тој вели дека овие артефакти ќе послужат како доказ за правото на нашиот народ врз името Македонија. Затоа, вели, е потребно да се направи ново картирање на сите монети откриени на територијата на нашата земја.

– Ако козата лаже, рогот не лаже, вели народот. Со картирање ќе ја покажеме концентрацијата на монети што ги имаме. Таа концентрација ни покажува дека на оваа почва живееле луѓе што користеле монети со македонските кралеви. Што биле тие? Македонци. Тоа е еден доказ од прва категорија. Поголем доказ не може да има. Kој било граѓанин или политичар ако ги прелиста тие карти, би можел само да констатира дека овие луѓе имаат право, тоа е Македонија или северните краеви на кралството Македонија – изјави Лилчиќ-Адамс.

Нaјмногу антички моменти во јужна Македонија

Едно од првите картирања на монети во Македонија било направено во 1994 година. Тие се објавени во книгата „Kралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија“ која Лилчиќ-Адамс ја објави заедно со нумизматичарот Никола Шелдров.

– Но, дојде време по 20 години да се направи ново картирање, бидејќи во меѓувреме се извршија многу археолошки истражувања. Особено со владините капитални проекти имаше истражувања на многу локалитети што датираат од времето на раната антика кога живееле античките Македонци на ова наше подрачје – додава Лилчиќ-Адамс.

Најмногу антички монети кај нас се откривани во јужните делови од земјата, во Битолско, Валандовско, Гевгелиско. При последните археолошки ископувања во Хераклеја беа откопани антички монети на кои најверојатно преставени се ликовите на владетелите Александар Трети Македонски и Филип Петти.

– Пронајдовме монети од Александар, не го потенцирам ниту Филип Втори, ниту Филип Петти зашто монетите с` уште не се прочитани. Допрва треба да се дообработат. За овој материјал правиме каталози, научно ги обработивме и ќе ги презентираме. Монетите се претежно од бронза, но има и сребрени – изјави археологот Аница Ѓоргиевска, кустос- советник во битолскиот Завод и музеј.

Многу монети се изнесени од земјава

Според Лилчиќ-Адамс, на едната монета најверојатно ликот на Александар Трети Македонски се изедначува со оној на митскиот предок Херакле, па затоа на главата има лавовска кожа. На другите ковани пари можно е да се ликовите на јунакот Персеј, богот Зевс или на Филип Петти Македонски.

За жал, дел од вредните артефакти останати од минатото нашата земја ги изгубила неповратно, преку дивите копачи што го изнеле надвор.

– Во Македонија како истражувач посетив најмалку околу 1.000 стари градови и тврдини, можам да речам дека нема локалитет, стар град или тврдина каде што не видов дупки, помали и поголеми. Помали дупки каде што се трагало најверојатно со детектор, а поголемите ги направиле понеуки луѓе кои барајќи злато уништувале културни хоризонти и објекти. Претпоставувам дека од тие дупки биле вадени монети. Замислете тоа богатство да се најдеше во музеите – додава Лилчиќ-Адамс.

Жанета Здравковска

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top