Историја

Молба од Наум Ичко до српскиот кнез Милош Обреновиќ

milos_obrenovic

МОЛБА ОД НАУМ ИЧКО ДО СРПСКИОТ КНЕЗ МИЛОШ ОБРЕНОВИЌ, ЗА ОТКУПУВАЊЕ  НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ЗАРОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ

( 23 мај 1822 год.)

milos_obrenovic

„…Сега Ви јавувам, бидејќи Ви е познато за страдањата во Негуш за мојата несреќа. Тука се потрефил еден мој брат од стрико со целото семејство кој побегнал од Катраница во Негуш за посигурно, речиси кога го зеле Негуш и тие паднаа во ропство: неговата жена, четири девојки и три сина. А за мојот брат не се знае дали е е жив или мртов. Тука семејството го заробил еден буљукбаша од Дебар и го потерал во Битола за да им го продаде на христијаните, бидејќи тамошните трговци и еснафи многу робови откупиле, само владиката откупил 30 робови. Кога повеќе не можеле да откупуваат робови, тогаш жената им јавила на тамошните трговци, дека имала свој род во Белград, тоа му го кажале трговците на буљукбашата за да не ги води во Арнаутлукот, туку да се притрпи за 25 дена дури мене не ми јават. Буљукбашата се согласил и рекол од 4000 гроша поевтино не дава. Тогаш трговците ми пишаа да испратам толку пари за да се откупат 8 души. Должни сме Господаре, не само својот род да го откупиме туку и секоја христијанска душа да ја избавиме од турските раце. Туку ми е тешко да дадам 4 илјади гроша, затоа што епархијата е слаба;… затоа сум наумил во ова тесно време да дадам 1500 гроша, а кусур до 40 илјади да коленичам пред Вас… да помогнете и Вие да ги куртулисаме 8 души (молејќи се) за душата на Вашите родители и за здравјето на благород-ниот Милан”…

Наум Ичко

Архив Србије – Београд, КК ИИИ 492, 1822;

Документи…, т. И, док. 120, стр.173-174;


Д-р Иван Алексов

СТРАНСКИТЕ  ПАТЕПИСЦИ  ЗА  МАКЕДОНИЈА

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top