Историја

Ферман до кадиите и наибите на Дебар (Цариград, 2 септември 1826 год.)

ferman

ФЕРМАН ДО КАДИЈАТА НА  ДЕБАР, СО КОЈ ИМ СЕ НАРЕДУВА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ДА НЕ СЕ МЕШААТ  ВО ЦРКОВНИТЕ РАБОТИ НА ПРАВОСЛАВНОТО НАСЕЛЕНИЕ  И СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ  ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА МИТРОПОЛИТИТЕ

fermanПатријархот на цариградската Грчка патријаршија и собирот на митрополи-тите… испратиле претставка и го известиле царскиот диван дека митропо-литот на Дебар, Кичево и околните места, монахот по име Григориј се обратил и барал постапувајќи според одредените прописи во неговиот берат да му биде озозможено извршување на верските обреди кај рајата од овој крај, непречено да ги врши сите верски работи, а посебно прибирањето на годишните мириски приходи и вообичаени такси… По доставувањето на ваквата претставка биле проверени дефтерите на епископската муката, а водворското книговодство и било установено дека во бератот на молителот било одредено… да биде примен, како митрополит, во однос на нивните христијански обреди споменатиот да биде почитуван… нивното именување и разрешување да биде извршувано исклучиво преку митрополитот, да не се мешаат други лица, никому во територијата на таа митрополија, без царска наредба да не му биде одземена некоја црква или манастир, никому отстрана при реновирањето на некоја црква или манастир да не му биде дозволено ме-шање и спротивставување, никому од припадниците на воените формации, до-дека не пристигне царска наредба да не му биде дозволено проверувањето на црквите и манастирите, никој да не биде нападнат и обвинет, при вен-чавањето на некого од зимиите или при поништувањето на бракот, никој освен митрополитот или неговите овластени лица да не се меша и да не интервенира, секакви завети на починатите зимии или монасите извршени според нивните обреди да бидат уважени, на митрополитот да му биде овозможено казнување на сите епископи, монаси, свештеници и калуѓери во неговата митрополија… по разрешување на некој од свештениците да не му биде дозволено на новоименуваниот свештеник некој да му пречи, никому да не му биде дозволено да посредува за унапредување на некого од поп во чин на епископ или за разрешување на некого од некоја црква и за предавање на истата на друг свештеник…

…Поради ова, испратените претставки, кои биле оверени со печат на советот на митрополитите и на монаштвото би требало да бидат сметани како веродостојни. Потоа, секакви молби што се однесуваат на нивните обреди би требале да бидат задоволени, да не се спречува читањето на Евангелието во куќите на митрополитите и на свештениците… никому од мирмираните и припадниците на воените формации да не им биде дозволено да земаат пари и да малтретираат, сите овие услови да бидат внесени во нив-ните берати и ферманот да биде регистриран во кадиските сиџили… и на ни-кому да не му биде дозволено да го принудат некој христијанин да ја прими муслиманската вера… и никој да не се противи и да не се меша во владеењето и во начинот на располагањето со црквите, манастирите, овекафените лозја, бавчи, чифлици, ниви… воденици, манастири, куќи, дуќани, покретнини, нешта, пари и добитоци и со прибраните пари од такси од ајазмите и панаѓурите. Во случај да бидат поднесени жалби против мит-рополитот и неговите епископи да се побара неговото интернирање, а па-шите, кадиите и наибите да дадат претставки за неговите и нивните нечесни дела. Сите такви полаки, барања и претставки да бидат отфрлени и тоа се додека не се утврди апсолутната вистина…

…од предвидените приходи на црквите и од другите мали и големи приходи и даноци и при собирањето на сето ова да биде заштитен од зулумите и угнетувањата на припадниците на секаква воена формација и никому не му е дозволено да се меша, да го напаѓа и да му се спротивставува… Ако преку овластените лица на митрополитот биде склучен некој брак, ако бидат разведени двајца сопружници, или бидат средени односите на двајца скарани зимии, и ако заинтересираните бидат повикани да се заколнат, иако биде решено нивното казнување, од страна на кадиите и наибите да не биде сп-речено и интервенирано. Без дозвола на митрополитот поповите во неговата митрополија да не ги венчаваат зимиите, за кои според нивните обреди тоа не е дозволено; на зимиите, според нивните обреди, да не им биде дозво-лено склучувањето на повеќе од три бракови и да не им биде дозволено напшуштање на брачната жена, како и венчавањето со две жени… Епископите и поповите, кои не ги плаќале мириските даноци и се инаетеле да бидат казнети со истрижување. Кога ќе се разрешуваат таквите попови и ако нивните места се доделат на други лица, никој од страна да не се меша и спротивставува… Секакви завети на зимиите околу овакафувањето на една третина од нивните оставнини, кои биле наменети за црквите, мнастирите, патријарсите, митрополитите и епископите да бидат уважени… Никој да не зема и употребува јавачки коњи и маски, како од митрополитот, така и од неговите придружници. На никому од припадниците на воените тајфи не му е дозволено да бара конак во куќата на митрополитот, да се почитува неговиот митрополитски стап и никому од мирмираните, санџак беговите, мутеселимите, мутевелиите, назирите… мајсторите, субашите и селските забити не им е дозволено да му се замеруваат, да го спречуваат и да му се спротивставуваат. Туку, на митрополитот да му биде овозможено сло-бодно и несметано да располага со митрополијата и со митрополитските ра-боти. Барајќи, митрополитот да располага со митрополијата, според условите дадени во неговиот берат, да ги врши сите верски обреди на православната раја, во неговата митрополија и преку своите овластени лица да ги прибира мириските даноци и другите вообичаени давачки, се наредува, кога ќе стигне… во овој поглед, да се постапи според оваа царска наредба. Бидејќи митрополијата била доделена врз основа на берат, каде биле означени сите услови, се бара митрополитот да ги врши сите обреди на христијанското население по селата и градовите во неговата митрополија и преку своите овластени лица да ги прибира сите мириски приходи и другите вообичаени даноци и да биде штитен од секакви неправди и угнетувања. Така да се знае и на славниотзнак да се потпрете.

Се напиша на ден 28 мухарем 1242 (2 септември 1826) година.

Во од бога заштитениот Константинопол

 Александар Матковски, Кануни и Фермани за Македонија, 

Мисла, Скопје 1990, ферман бр. 11, стр. 414-419;

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top