Историја

Подемот на Александар III по смртта на Филип II

MacedonEmpire

MacedonEmpire

Александар Ристевски март, 2007

Апстракт: По смртта на Филип II, младиот Александар се соочува со многу предизвици. Иако неговите желби и аспирации се кон Персија и Египет, тој најпрво ќе мора да се справи со нападите кои ги трпи од север на Дунав од страна на Трибалите. Потешкотии има и на политички план, каде што е под постојан напад од страна на Демостен. Ова е период во кој тој мора да се докаже и како добар политичар, на страна од неговата војничка умешност.

По смртта на Филип II Македонски, на младиот Александар му е сосема јасно дека брзо ќе треба да ја докаже и покаже својата моќ. Демостен не пропуштил да искоментира дека „од момченцето не требало да се очекува ништо. Дека немало да мрдне од Македонија и дека ќе се шетал низ Пела“.

Самиот Демостен играл доста важна улога при побуната на Теба. Тој ја ширел инфомацијата дека Трибалите ја уништиле македонската војска, заедно со нејзиниот крал, и со него се појавил човек кој тврдел дека самиот тој бил ранет во битка, во која кралот погинал. Демостен ги мотивирал и поддржувал полисите од Пелопонес, да со воена сила ги поддржат Тебанците. По Александровата победа тој вели дека е спремен да им прости на Атинците, ако му ги предадат антимакедонските стратези, меѓу кои и Харидем, Ликург, Хиперид и Демостен. Во Собранието, поддршката на ова барање од страна на Фокион е проследена со громогласно „уа“, при што Демостен настапува со говор, давајќи пример со басната со овците, кои ги предале своите кучиња на волкот.

Благодарение на Демад, Александар настапува попустливо благодарение на зборовите според кои Демостен и останатите се толку посрамени да нивниот збор не вреди ништо. По уништувањето на Теба на Демостен му се вади афера дека проневерил персиско злато за лична корист. Некои податоци говорат за тоа дека тој му платил на Демад за да тој го застапува кај Александар. Можеби, за ова говори фактот што по таа 335 година, однесувањето на Демостен кон Александар станува многу по попустливо, и секој пат кога требало граѓаните да бидат повикани на востание или отпор, тој изјавувал дека треба да се настапи претпазливо и да не им се помага ни на Спарта, ни на Милет. Тука се гледа разликата во неговото однесување и дејствување од периодот кога го напаѓал Филип и овој, во кој е амбивалентен.

Неговиот развој како политичар од сите страни бил строго оценуван. Му префрлале за превртливост, недоследност, соработка со непријателот, па дури и за предавство, коментари кои воглавно биле злонамерни. Тешко дека Демостен може да биде карактеризиран како демагошки опортунист. Тој неретко завземал став спротивен од тој на народните маси, затоа што попрво сакал да биде груб и реален, отколку слаткоречив. Некои сметаат дека после големата вербална воинственост 335-та, тој станал малодушен.

Александар пред својот планиран поход кон Азија сакал да се осигура на домашен терен, па со себе зема воглавно грчка војска, а на Антипатар му ги препушта големите македонски одреди. Демостен останува претпазлив во своите ставои и коментари, и советува да не се поддржи Агис III, кој набргу ќе биде поразен и убиен. Александар за да ги придобие Атинци ги ослободува атинските војници заробени кај Граник, а ветува дека ќе го запали Персеполис, како одмазда за Акропол. 

Во случајотЗа Венецот, Демостен наоѓа добра можност да ги одбрани своите ставови за својата попустлива и превртлива политика, посебно околу не поддржувањето на Агис, како и моќност да се конфронтира со Ајсхин околу нивните различни гледишта од предходно. Ајсхин, зборувал прв и во својот говор, го посочува Демостан за главен виновник за се`, дури и неколку пати повторува: „Демостен и` носи несреќа на Атина“!

Демостен при одбраната се поставува така што се претвора во обвинител и во Ајсхин го разоткрива предавникот кој ја предал Грција на Филип. Тој многу внимава да не признае дека тој е тој кој ги туркал Грците во безнадежна битка, велејќи дека Филип сепак можел да биде потиснат и дека ниедна битка однапред не е позната. Пресудата со огромно мнозинство била на страната на демостен, а Ајсхин дури морал да плати парична казна, по што пострамен решил да се исели и да замине на Родос каде што бил учител по реторика.

Што друго да се каже за Демостен освен дека во периодот на владеењето на Александар се трудел да го оствари тоа што го наумил, ослободување на грчките територии, но и да ја сочува својата глава. Неговата прагматичност функционирала се` до моментите кога е затворен. По краток период успева да избега од не така строго чуваните атински затвори и да побегне во Тројзен. По смртта на Александар летото 323 година п.н.е доаѓа до бунт кај Грците за нивно ослободување, а Демостен се враќа на голема врата со вратен углед, дури и народот гласа за негово враќање и му дава 50 таланти, за да се ослободи од својот долг. Бунтот не успева 321 г. по многу борби, Грците се разбиени, главните водачи покорени или убиени, додека Демостен се крие на островот Калаурија, каде што пишувајќи го своето последно писмо, труејќи се со графит тој се самоубива.

*    *    *

Трибалите, исто како и останатите околни племиња при дознавањето на информацијата за смртта на Филип II, се решиле за бунт со цел за одметнување од македонската зависност. Младиот Александар сметал дека не смее да се впушта во војна со Персија, пред да ги присили на покорност соседните племиња. Првиот негов голем воен поход, пролетта 335 година п.н.е бил токму против Трибалите. Без оглед колку тој поход за самите Трибали бил кобен, тој настан ги внел да станат дел од светската историја. Во историјата на Трибалите, војната со Александар завзема централно место.

Информациите кои постојат за војувањето на Александар со Трибалите се доста обемни, благодарение на пишаните информации на Аријан, кои се заснивале на раскажувањата на големиот современик и учесник на Александровите битки и основачот на македонската династија во Египет, Птоломеј Лаг. Тој запишал дека штом започнала пролетта, Александар тргнал во Тракија против Трибалите и Илирите затоа што чул дека тие се побуниле, а не сакал своите соседи да ги остави не покорени до крај, знаејќи даке се спрема за на поход кон исток. Тој тргнал од Амфиполис и навлегол во Тракија, движејќи се така што ги имал градот Филипи и планината Орбел од својата лева страна. Откако ја поминал реката Нест, десеттиот ден стигнал до планината Хема. Во теснецот низ планината Тракијците пробале да му го попречат патот, и по стрмнината со коли да насрнат на македонската фаланга и да ја разбијат. Александар наредил војската нагло да се тргне по страните и да ги пропушта колите, а во местата каде теснецот бил претесен, да легнат и да се покријат со своите штитови. Успехот бил зачудувачки – ниту еден Македонец не настрадал. Тогаш тој преминал во противнапад и на Тракијците им нанел огромни загуби и запленил огромен плен, кој го предал на Лисаниј и Филота, а самиот преку планината Хема продолжил кон земјата на Трибалите, на реката Лигин. Кралот на Трибалите Сирмо, заедно со својата војска побегнал и се засолнил на некоја од дунавските ади. Подоцна тие се стационирале на брегот од реката, покрај една шума. Александар ја распоредил фалангата во длабоки редови, и тргал со тоа што им наредил стрелците да истрчаат напред со што стрелајќи би го истерале противникот од шумата на отворено. Во моментот кога ги извекол од шумата, Александар му наредува на Филота да нападне со горно македонската коњаница од десно крило. Со Хераклид и Сополис, нападнал по левото крило. Во таа битка околу 3000 Трибали погинале, а останатите се разбегале, додека кај Македонците погинале 11 коњаници и околу 400 припадници на пешадијата.

Три дена по битката, Александар стигнува на Истар и допловува до островот каде се засолниле Тракијците и Трибалите и пробува да се истовари, но струјата и лошата теренска конфигурација му го оневозможува тоа, па се повлекува со своите бродови, одлучува да ја помине Истар и да удри на Гетите. При своето враќање кон дома, проаѓа низ земјата на Агријаните и Пеонците.

На голем проблем научници им претставувало определувањето на патеката по која Александар го поминал Балканот, и каде точно избил на Дунав. Забуната ја правеле двата града со името на неговиот татко, Филипи во подножјето на Пангајската гора и Филипополис кај сегашен Пловдив. Размислувањата често воделе до нелогични теории околу тоа зошто Александар кружел или заобиколувал непотребно некои места, но се` се разјаснило кога се открило дека постоел уште еден град кој го носел името на Филип, во Парорбелија на подножјето на планината Орбела, западно од Стримон, а јужно од Беласица. Сите вакви неконкретни информации дезинформирале околу тоа каде точно биле населени Тракијците и Трибалите. Уште поголема недоумица се јавува при потребата да се одреди каде се наоѓал островот на Дунав на кој Трибалите нашле засолниште. Дали тој бил на устието на Дунав или пак назад узводно? Некои научници сакаат да протуркаат теорија дека се или два острови со исто име, или дека тоа е всушност познатиот островот Пеуке. Како и да е, ниедна од овие теории не звучи издржано, што тера на сомнеж кон дадената теза, затоа што многу прашања и овој пат остануваат неодговорени.

Различни се и информациите околу начинот на организирање на војската на Трибалите и нивниот распоред на терен. Во збирката „Интересни обичаи“ на Никола од Дамаск пишува дека Трибалите ги  распоредувале силите во четири бојни редови: напред оделе оние најслабите, по нив оние најсилните, потоа коњицата и на крајот жените кои со навреди и колнење го спречувале бегството на војниците наназад. Се работело за организирана воена формација која за разлика од кај многу други племиња, се засновала на одреден концепт за организирано војување. Александар сериозно го сфатил овој свој поход и повикал воени бродови кои од Визант преку Црното море и Дунав дошле до островот на кој биле стационирани Трибалите, како и чамци кои ги зел од локалното тамошно население. Победата на военото поле отварала можност да се заробат или превземат голем број робови, стока и друг подвижен имот што за Александар бил дополнителен мотив.

Иако истоварувањето на островот не било успешно и иако трибалскиот крал и неговите сили не биле во тој момент поразени, преодот од левата страна на реката и војувањето со Гетите предизвикало сите околни племиња да се „спријателат“ со Александар, па дури и Сирмо, кралот на Трибалите испратил дарови за младиот македонски крал, со што формално ја изразил својата покорност. Од тој момент територијата на Трибалите може да биде земена во предвид како територија која Александар ја имал под своја контрола и со тоа да се промени дотогаш евидентираната граница на неговото кралство на север.

Војувањето на Филип и Александар на северните граници на Македонија, не било со цел да се прошири македонската држава, туку за јакнење на нејзината власт и стекнување на богатство. Покорените племиња – Трибали, Илири, Дарданци, Пеонци, Агријани ги зачувале своите домашни владетели со неизменето политичко уредување. Нивната потчинетост кон македонскиот крал се манифестирала со давање војска, плаќање на данок и слично. Трибалите учествувале и со еден контингент на војска, при Александровите походи на Исток, каде што во пишаните материјали се вели дека покрај македонските, грчките и наемните (платениците) војници, имало и 7000 Одризи, Трибали и Илири. Името на Трибалите било споменувано во скоро сите поголеми битки на Александар, па може да се земе за сосема веројатно дека нив им било обврзно постојано да праќаат контингент со војска.

Литература

  1. 1.      F.PAPAZOGLU, Srednje balkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo 1969, str.23-35; 38-43
  2. 2.      П. Крлије, Демостен, Скопје 1994, стр. 222 – 255

Миќуновиќ, Љубо; Современ лексикон на странски зборови и изрази –Наша книга, Скопје 1990

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top