Историја

Историски белешки за Мијаците (1 дел)

kniga-za-mijacite-2

Македонска нација

kniga-za-mijacite-2

Георги Трајчев (1869 – 1945), уште познат под псевдонимот Вестителов или Мајков, е просветен деец и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Роден во Прилеп, во тогашната Отоманска империја, ја завршува Солунската гимнзаија и станува учител во Дебарскиот инспекторат. Во есента 1896 година станува член на ТМОРО, а во 1908 година претседател на Околискиот револуционерен комитет во Прилеп. По Втората балканска војна српските власти го протеруваат во Бугарија, каде работи како учител.

Во август и септември 1916 година Трајчев го придружува Љубомир Милетич во рамките на Научната експедиција во Македонија и Поморавјето, а потоа пишува спомени и книги на македонска тематика меѓу кои: „Мариово“ (Македонска библиотека No 1, Софија, 1923), „Дојран и неговото езеро“ (Македонска библиотека No 2, Софија, 1923), „Преспанско езеро’ (Македонска библиотека No 4, Софија, 1924), „Манасирите во Македонија, Софија, 1933 и др.

Во 1941 година ја издава „Книгата за Мијаците (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941). Претходно, на 2. февруари 1939 година, на иницијатива на Географското друштво при университетот, држи реферат на таа тема, а на 26 март рефератот го повторува во салонот на кино Македонија.

Во предговорот на својата книга за Мијаците тој вели дека „Во својот живот како егзархиски училишен инспектор во Дебарската епархија, во чиј реон припаѓа и Реканскиот, имал доволно можност да го проучи минатото, … начинот на живот на тој дел… чии што материјали се предмет на оваа книга“.

Во продолжение од кои ви презентираме извадоци, авторот Георги Трајчев прави историски осврт на таинствените Мијаци за кои вели:

„Мијаците се племе за кое малку се знае. А тие се споменуваат уште во времето на цар Самуил, кога од оваа средина се појавува првиот Охридски архиепископ Јован во 1018 година, како и многу други видни дејци во подоцнежно време, та дури до ден денешен. За нивната мистериозност треба да помогне фактот дека тие ги населуваат најзападните македонски покраини, изолирани и тешко достапни за странците и посетителите во вдлабнатините на Шар-планина, Бистра, Стогово и Кораб. Исто така и сточарскиот живот ќе допринесе за нивната таинственост. Затворени, со своите многубројни стада од овци и коњи, … Мијаците тивко го поминуваат својот осамен, самобитен и патријархален живот – пролет и лето во родните места, а есен и зима – доле на југ, кон Вардар и Солунското поле. Освен тоа, оваа изолирана област остана зачувана, зошто не била сцена на војни од странски упади. Едвај во поново време на нив потсетуваат Стеван Верковиќ и Иричек, Григорович, Шафарик. Иако дадоа истакнати просветни дејци, последните, строги, но скромни кон себе и кон својето племе, конзервативни во својот живот, речиси ништо не кажале за нив, а тие (Мијаците) се разликуваат од другите племиња… по своите духовни вредности, по јазикот, карактерот, обичаите, носијата и сл.“

Опишувајќи ја областа во која жевеат Мијаците Георгиев пишува: „Дебарската област се состои од околиите: Дебарска (Горни и Долни Дебар) и Реканска. Последната се дели на два дела: Горна (Голема) Река и Долна (Мала) Река. Реканската околија го носи епитетот од големата река Радика, десна притока на реката Дрим, по чие продолжение се простираат населби и двете страни на брегот. Река (област). Реканска каза (Река) се наоѓа северо-источно од Дебар и е затворена меѓу планините Љуботен, Шар, Кораб, Бистра, Стигово. Реканско граничи: северо-источно со Гостиварско; источно со Кичевско, јужно со Охридско и западно со Дебарско. Реканската околија нема централна населба која го носи името Река, како другите околии кои го носат името на градот (Скопска, Прилепска, Кичевска). Во турскиот режим околиски центар бил селото Жировница, се наоѓа во Мала Река, а сега околиски центар е градчето Галичник (во Мала река). Ете токму таа околија, реканската, ја населуваат Мијаците. Таа брои 47 населби, од кои 24 во Мала Река и 23 во Голема Река.“

Во списокот на населени места авторот ги наведува следните имиња. Во Мала Река (Долна река) се селата: Жировница, Видуше, Болетин, Требиште, Битуше, Велебрдо, Ростуше, Хаџиевци, Присојница, Скудриње, Косоврасти Горно, Косоврасти Долно, Мелничани Долно, Мелничани Горно, Могорче, Осој, Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки, Сушица, Галичник, Јанче. Голема Река (Горна Река): Киченица, Беличица, Волковија, Сенце, Врбен, Трница, Богдево, Ничпур, Нивица, Бибоње, Жужње, Грекање, Рибница, Реч, Стрезимир, Шировица, Танушане, Џ’бово, Нистрово, Залвајско. Кракорница, Стројче. Во табелата покрај името на место, авторот изнесува податоци за бројот на населението и етничкиот состав.

Покрај ова авторот се осврнува на присилната исламизација и албанизација на која Мијаците биле подложени во последните 150 – 200 години, односно се говори за период кој започнува крајот на 18 и почетокот на 19 век. За овој процес авторот Трајчев вели:

„Населбите во Голема река се сите албанизирани – говорат албански и едни се уште христијански, а други муслимани. А селата во Мала река се чисто „бугарски“ (н.з. македонски), едни христијански, а други муслимански. Целото население на Реканската околија брои 25.559 души, од кои христијани (н.з. Македонци) 12.015 души, муслимани (н.з. Македонци) 6.565 души; христијани (Арнаути) 3.221 души; муслимани (Арнаути) 3.738 души. Мијаци има и надвор од таа област. Тие се населени во селото Смилево (Битолско); Папрадиште и Ореше (Велешко); Еловец (Кичевско); Крушево и раселени се низ други места: Солун, Битола, Скопје, Бугарија ( Лом, Видин, Свишов, Софија и други места). Сите бројат околу 5.000 души и избегани се поради Арнаутските зулуми и од страв од потурчување на своите родни огништа, уште пред 150 – 200 години.

Целото население на Долна река (христијани и исламизирани) говорат чисто „бугарски“ (н.з. македонски). А во Горна Река населението говори албански (христијани и муслимани). Само во Селце, Волковија и Киченица има уште стари жители, кои говорат „бугарски“ (н.з. македонски). Исламизирањето на населението во реканскиот крај настанало уште пред 150 години. Сега се случува поход против јазикот на населението, против „бугарскиот јазик“ (н.з. македонски јазик). Започнуваат катастрофални инвазии на албанските разбојници. За да се спасат делумно од тие опустошувања, започнуваат да се служат со јазикот на разбојниците – албанскиот јазик. На таков начи, преку албанскиот јазик мислеле дека ќе ја сочуваат верата (христијанската)… Исламизирањето дури ја изменила и носијата…, од чисто мијачка, почнале да носат албанска носија. Така преку јазикот и носијата да можат да личат на чисти Албанци и да се спасат од разбојничките напади. Останатите … христијани, сепак, најмногу преземала и сега, иако го сменија јазикот (зборувале албански). Мијачката носија ги издавала дека не се чисти Албанци за какви се претставувале, па така се наложило и на тие да ја сменат својата мијачка носија со албанска.

Тоа било пред околу сто години. За ова сведочи фактот дека во родови се забележуваат фрлена мијачка облека на таваните на куќите, или пак при ископување на старите гробови забележани се остатоци на мијачка облека и сребрени украси.“ Кон Мијаците авторот ги вбројува и селата: Маврово – 800 луѓе, Леуново 600 и Никифорово 1.000 лица, кои се соседи на Горна Река, но припаѓаат во Гостиварската околија. И тие, како што вели Трајчев „пред стравот од албанската инвазија, ги смениле носиите (од мијачка во албанска), но го задржале јазикот и христијанската вера.“

За сите тешкотии со кои се соочуваат Мијаците од мрачното минато, како што се: потурчувањето на поголемиот дел од Мијаците и за егзодусот на другите Мијаци од родните огништа, во другите македонски покраини, авторот ја обвинува турската политика и теророт на Албанците. Во контекст на ова тој ќе напише:

„Потурчувањето започна пред 150 – 200 години. Ретко се останати чисти исламизирани села, повеќето се мешани – Исламизирани Македонци и Македонци христијани. Потурчувањето го извршил познатиот Синан паша, љубимец и везир на султанот. Се говори дека тој бил владика од Призрен кој се потурчил и си зел да ги потурчи Мијаците од Реканско. Тој го разрушил и манастирот Св. Архангел.

Францускиот патешественик Лежан (н.з. Гијом) вели дека беговите настојувале да престане потурчувањето бидејќи немало кој да ја обработува земјата. Тогаш бил разрушен и манастирот Св Јован Бигорски“ – ќе напише Трајчев.

За егзодусот на Мијаците, кои ги напуштаат своите родни огништа, Трајчев вели дека исто така не се случил не порано од 150 – 200 години. Говорејќи за нивната преселба тој вели:

„Некои од избеганите Мијаци формирале нови населби поблиску или подалеку од родните огништа. А други се населиле во старите населби. Значи гратчето Крушево половина на број се Мијаци. Селото Елховица (Кичевско) е чисто мијачко, 80 куќи, населено во блиското соседство на Реканско. Историското село Смилево е подалечна мијачка колонија. Таа се наоѓа во Битолско – Демир Хисар. Најмногу далечни мијачки колонии се: селата Папрадиште и Ореше во Велешко, местноста Азот. Освен овие иселувања имало и други, поединечно или групно во разни градови како што се: Битола, Солун Скопје, каде што ги повикува егзистенцијата стопаните. Не помалку се иселени Мијаци во Бугарија, кои се сместени во Софија, Лом Видин, Свиштов и на други места. Мијаци има и во Романија и Србија.“

Авторот во овој дел ни дава една добра слика за процесот на албанизација и исламизација во Западна Македонија, процес поради кој Македонците се иселуваа и процес кој трае до денес.

Продолжува

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top