Историја

Историски белешки за Мијаците (3 дел)

kniga-za-mijacite-nova

Македонска нација

kniga-za-mijacite-nova

Во првите два дела од освртот на „Кигата за Мијаците“ (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941) од прилепчанецот Георги Трајчев, видовме дека авторот заклучува дека Мијаците се древно славјанско племе кое првично живеело во Солунско поле. Како доказ за неговата древност авторот меѓудругото се повикува на македонскиот деец Благоја Димитров (добар познавач на старогрчкиот јазик), кој посочува дека во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис „Тука почива војсководец, по потекло Мијак“.

Трагајќи по корените на Мијаците и нивната посебност, Авторот Трајчев ја согледува поделеноста на македонските славјански племиња, па повикувајќи се на историчарот К. Иричек пишува:  „..Славјаните на Балканот, иако имале заедничко име, не се соединиле во едно цело политичко тело. Тие биле разединети на многу мали племиња, при што секое од нив си имало посебно име и посебно управување.“  Авторот Трајчев иако не говори за заедничкото име и причните за нивната разединетост, тој всушност како да не наведува на одговорот.

Така, ако го апстрахираме тврдењето на некои историчари за т.н. доаѓање на Славјаните на Балканот, неминовмо доаѓаме до политиката на Рим, кој по победата врз македонскиот цар Персеј кај Пидна во 168 год. пр.н.е., Македонија ја поделил во 4 мериди (републики), а на жителите на македонските полузависни републики им забранил меѓусебно склучување на бракови и трговија. Оваа забрана на Рим ќе остави длабоки корени во однесувањето на населението на територијата на Македонија, односно на славјанските племиња, па и кај Мијаците. Тоа ќе го видиме подолу во текстот кога Трајчев говори за односот на Мијаците и Брсјаците. Но, претходно да видиме според податоците кои ги има Трајчев кои славјански племиња живеат на југот од Балканскиот Полуостров.

„Имињата на тие племиња не се на сите познати“, вели Трајчев и продолжува: „Најчесто споменувани на југ од Балканот се: Загорци, Драговици (н.з Драговити), Мораци, Смола (н.з. Смољани), Струмци (н.з Струмјани) и др. Во Едада (н.з. Елада) и Пелопонез: Милци (н.з. Милинзи), Езерце (т.н Езерани)и Велосичи (н.з Вајунити). Тоа се познати, а кој може да рече дека освен тие немалу уште други славјански племиња, за кои византиските летописци не споменуваат ништо.“ – ќе забележи авторот Трајчев.

Некои имиња на славјанските племиња како Загорци и Мораци, кои авторот ги спомнува, за нас остануваат непознати, односно само претпоставка за која не би шпекулирале. Но, авторот, токму во имињата на племињата: „Мораци“ и „Милци“ ја бара сличноста со Мијаците. Како што пишува Трајчев: „Нема ли нешто општо со нивното потекло? Или не ли се кријат нашите Мијаци меѓу оние славјански племиња, за кои Иричек вели дека не се сите познати?“  

Трагајќи по вистината Трајчев вели: „Денешните Мијаци се сметаат за чисти славјани, остаток од старите славјански племиња, кои ја населуваа земјата. Подоцна настанало мешање меѓу Мијаците и остатокот на Самоиловиот народ (т.н. Самоилови бољари – благородници или  аристократи), кои по распаѓањето на Царството … се  повлекле во недостапните македонски планини.“ Тој ги цитира историчарите Иричек и Шелонержер (?) кои заклучуваат дека Самоиловата армија го поминала Вардар и одседнала во западните краеви на Македонија..

“Како што пишува авторот, тие сметаат дека дошло до мешање меѓу Мијаците и Самоиловата аристократија, што потоа „на денешните Мијаци им дава причина да се чуствуваат за наследници на Самоила, односно дека имааат аристократско потекло.“

Потврда на ова нивно мислење Трајчев го наоѓа и во историските податоци кои говорат дека: „кога Турците, на чело Султан Мохамед II, кој во 1468 година, поминал низ Охрид, го сметал населението на дебарската област за аристократско. Исто така и Иричек ги смета населението од Дебарската област (Дебар, Дринкол, Река) за благородни луѓе со аристократска гордост.

Во тој контекст, авторот го спомнува преданието во кое се раскажува „дека игуменот Јоан од манастирот Св. Богородица, учествувал во помирувањето меѓу Василиј II и пребегнатите (во реканско) благородници, поради што Василиј, за благодарност, го поставил подоцна за архиепископ на Охридскиот престол. Второто предание говори дека синот на Самоил Гаврил…, имал ризиденција во село Скудрине, кое во тоа време било големо село со манастир.“

Според авторот Георги Трајчев и други околности наведуваат дека Мијаците се во сродство со Самоиловата аристократија. За тоа тој ги наведува следните примери:

„ 1) Тоа кажува дека во никоја друга област на татковината, не се среќаваат лични библиски имиња како кај Мијаците. И навистина, кај Мијаците се сретнуваат:

Аврам, Исак, Јаков, Рафаил, како и имињата на браќата на Самоил: Мојсеј, Арон, Давид и др.

2) Блескавиот (пурпурен) цвет на женската мијачка носија личи на аристократска.

3) Убавината на домашните параклиси и цркви, посочуваат на благороднички производ.

4) Мијачките младоженци (зет и невеста) за време на венчавка носат црвени или жолти обувки, какви што носеле византиските владетели, а покасно и бугарските цареви и благородници.

5) До скоро, во многу мијачки села мијачките главатари кои ги раководеа селските собранија, дела и собитија, како и некогашните аристократи го чуваа и бранеа населението од надворешна беда и напаст. Такви современи благородници беа: Томо ќаја од Галичник, Ѓурчин од Лазарополе, Сарџо од Тресонче, Исион Дељов од Росоки, Аврам Божинов и Филип од Осој; Битуш од Битуше и др. Тие современи благородници, со своето аристократско однесување, седнати на убави, добро одгледани и оседлани коњи, со злато украсени седла и узди, некои опашани со долги сабји, обиколени со многубројна свита – еднакво биле респектирани од Турците и Бугарите. Пред нив сите станувале на нозе и смирено благоповели

6) Мијаците имаат свое знаме, украсено со Лав, кое се развива над куќата во време на свадба. Тоа знаме е старо, колку што е старо и самото племе. Тоа е зачувано само кај Мијаците во Дебарскиот крај.

7. При погребувањето на покојниот, свештеникот зема парче тула или керамида, на која на врвот прави круг и крст во средината со буквите И. Х. Н. (Исус Христос Ника), а потоа се фрла во гробот. Се вели дека стариот круг служел за амблем на „бугарските цареви и бољари“.

Колку и да се обидува Трајчев да биде во рамките на бугарската пропаганда, која Самоил и неговото царство го претставува како бугарско, тој всушност во „Книгата за Мијаците, ја оспорува оваа теза и Самоил го  преставува како Мијак. Тој за ова во продолжение вели:

„Историски сеуште не се знае потеклото на родот на цар Самоил. Така на пример, проф Јордан Иванов тврди дека цар Саомил има ерменско потекло; проф. Златарски, Пастухов, Цветко Стојанов и други мислат дека родот на Самоил имал славјанско потекло – од македонското славјанско племе Брсјаци; проф. Никола Благоев го смета родот на Самоил за прабугарски; српскиот професор Владимир Петкович мисли дека Самоил има персиско потекло. Византиските историчари Јован Скилица, Георги Кедрин, Јован Зонара, Кекавмен и други ги сметаат Самола и брат му за бугари. Меѓу тоа разногласие на нашите и страните научници за потеклото на родот на цар Самоил, ќе додадам уште едно мислење. Онаа за кое се знае и говори во реканско. А тоа е дека има Мијаци, кои дури го сметаат Самоил за свој, за Мијак. Тоа свое мислење го засноваат и на фактот дека духовните вредности кои ги поседувал Самоил (јунак, силен, смел, решителен, неустрашив и т.н.) се својствени на мијачкото племе.“

И така, продолжува авторот, „Мијаците се малуброен остаток од старославјанско колено, кое го населувало солунско занимавајќи се со сточарство, чиј што живот ги натерал да бараат подобри прибежишта и пасишта за многубројните стада од овци и коњи. Таквите прибежишта и удобности ги наоѓаат во денешните свои населби во реканско, од каде по старата традиција, секоја година слегуваат со своите стада за зимување во солунско поле, укажувајќи на таков начин на својата стара прататковина (солунскиот крај), од каде првично тргнале. Тие го задржале својот сој чист, благодарение на својот конзервативен дух и големата изолираност на родот меѓу планиските разграноци на Шар, Кораб, Бистра и Стогово. Следствено, тие се „македонски Пруси“.

Тука нема ниту Албанци, ниту Грци, ниту Срби, ниту Евреи, ниту дури Цигани, и затоа немало преливање на крвта од една раса во друга низ браковите.  Подоцна настанало мешање со Самоиловите благородници.“

Римската забрана за склучување на бракови меѓу Македонците од различните мериди, како долго време да важеа за Мијаците. Како што пишува Трајчев  „Мијаците и Брсјаците, иако и во блиско соседство (кичевски на пример), немаа абсолутно никаков контакт меѓу себе. Ниту се женееа, ниту се мажеа едни со други… “  Оттука, тој причината за оваа појава ја бара во психата на Мијаците, за што вели: „Галичаните се чуствуваат себеси како роднини на некогашните благородници, во кои тече аристократска крв; па следователно на тоа имаат аристократски дух, т.е. се современи патриции, а сите други (брсјаци и др.) се плебејци, подолна раса на луѓе, со кои е навредливо да се ородите.“

На крај, тој во својата книга се осврнува и на пишувањето на српската пропаганда, односно  за тоа што говорат српските научници за Мијаците. Во тој контекс го цитира Светозар Томич (посрбен галичанец) кој во своите патни белешки за Мијаците вели:  „Српското племе Мијаци се спомнува од најстарите времиња.  Сите кои пишуваа за Македонија или за српското племе, ги спомнуваат и Мијаците. Брсјаците и Мијаците се највидни српски племиња во Јужна Србија. Уште во првите денови на историскиот живот на нашите народи, тие се први спомнати. Додека сите други останати племиња на нашиот народ во Македонија го изгубиле својот етнографски лик, само Брсјаците и Мијаците го запазиле, а најмногу Мијаците.  Денес може да се каже дека тие две племиња живеаат како компактна племенска маса и т.н.   

Според Трајчев, тврдењата на Томич се во полна противречност со историската вистина. Како што вели авторот на крајот: „српското племе се јави во историскиот живот на Македонија едвај во XIII век, а Мијаците и Берзитите (Брсјаците) се најстарите славјански племиња (Струмци, Загорци и др.) го населувале Балканскиот Полуостров. Нив тука ги затекнуваат Бугарите уште при нивната појава и по претопувањето и асимилирањето, во смисла на Мијаците и Брсјаците, се јавуваат денешните Бугари, кои за време на цар Самоил му беа најхрабра армија која цели 20 години ја  застрашуваше Византиската империја. Исто така мислат Томо Смиљник – Брадина (Библ. Македония № I, 1924 г.), Р. Огњановиќ (Јужна Србиа, 1922 г. кн. II, бр. 17), без да си дадат сметка за историската вистина.“

Всушност, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ ги негира тврдењата не само на српската туку бугарската пропаганда, посочувајќи притоа дека за разлика од Мијаците, Србите и Бугарите се дојденци и многу подоцна се појавуваат на историската сцена.

(крај)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top