Историја

Грчки документ од 1979 година: На Атина не ѝ пречело нашето уставно име

grcki-dokument-1979

grcki-dokument-1979

Писмото е потпишано од Константинос Цацос, поранешен шеф на грчката држава, кој беше на власт од 1979 до 1980, а важеше за еден од најблиските соработници на Константин Караманлис постариот

Грција немала никаков проблем да ја именува нашата држава под уставно име во времето на поранешна СФРЈ. Тоа го докажува и овој документ – писмо за именување на генерален конзул на Грција во Скопје од 1979 година од властите во Атина, во кој нашата држава се именува како Социјалистичка Република Македонија.

„Со назначување и прифаќање на номинацијата на г. Antoine Nicolaidis во својство на генерален конзул на Грција во Скопје, со надлежност на територијата на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичката автономна покраина Косово, за сите наши граѓани кои живеат таму, или кои доаѓаат да тргуваат, или да извршуваат други активности, добиваат помош и правна заштита… Ја молиме Владата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија да му овозможи целосно и слободно извршување на своите конзуларни функции и да му ги даде сите права и привилегии што ги уживаат сите конзули од другите земји“, се вели во документот од 14 септември 1979 година.

Како што може да се види, писмото е потпишано од Константинос Цацос, поранешен шеф на грчката држава, кој беше на власт од 1979 до 1980, а важеше за еден од најблиските соработници на Константин Караманлис постариот.

Професорот од Солун, Власис Власидис, за Телеграф.мк го дава своето видување зошто Грција во тоа време без проблем ја именувала како Македонија нашата држава.

– Земјата беше дел од југословенската држава. Тоа беше внатрешно прашање на Југославија, а не меѓународно – смета Власидис.

И од други документи од архивата може да се забележи дека на грчките власти не им пречело уставното име во периодот пред независноста.

Поголемите политички партии во Грција на 13 април 1992 се согласуваат дека зборот Македонија не може да биде вклучен во ниту една форма во името на Република Македонија. Грчката дијаспора, исто така, се мобилизира вршејќи силен притисок во Соединетите Американски Држави и во Канада. И денеска, грчките иселеници се најтврдокорни во тврдењата дека Грција во преговорите за името не смее да попушти за тоа зборот „Македонија“ да биде дел од името на соседната држава.

(Ивана Костовска/Телеграф.мк)

Macedonia : a True Endless Story …

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top