Историја

Грчко признание на македонското име и азбука

makedonska-azbuka

Во седумдесеттите години на минатиот век тогашните грчки администрации два пати се обврзале, прв пат во 1977 година и втор пат во 1982 година, на конференции на ООН да го почитуваат името Македонија. 
 
Еве што стои запишано во грчкиот весник „Катимерини“: 

makedonska-azbuka
 
На Третата конференција на ООН за типизација на географските имиња, која се одржа во Атина во 1977 година, Грција ја прифати Резолуцијата на Конференцијата, без никакви резерви.  
Според оваа резолуција системите кои се прифатени во Анексот на оваа Резолуција да бидат усвоени како меѓународни системи за транскрипција на латиница, српско-хрватските и македонските географски имиња во Југославија. 
 
Во 1982 година на Четвртата конференција на Обединетите нации, што по истиот предмет беше одржана во Женева, грчката страна го предложи следниот став:  
„Во врска со ексонимите, и покрај долгата историска употреба на грчки топоними во територии надвор од границите на денешната грчка држава, Грција им дава поддршка на сите соодветни резолуции на Конференцијата на Обединетите нации за типизација на географските имиња, особено на оние што се однесуваа: на ликвидирањето на ексонимите кои се наоѓаат во меѓународна употреба (мапи, патни исправи, пропаганден материјал), што е можно побрзо; на почитување на националните топоними, така како што тие се типизирани од компетентните органи на географските имиња во секоја одделна земја“.  
 
Овој текст на Резолуцијата е пренесен во грчкиот весник „Катимерини“ од страна на новинарот К.И. Ангелопулос, а написот датира од 14 февруари 1993 година. 
 
Сe` ова значи дека пред триесеттина години официјална Атина ни ги признала правата за употреба на името Македонија и придавката македонски, вклучувајќи го и јазикот.  
 
Едноставно и јасно во 1982 година, во Женева, Грција го признала името Македонија. 
Во рамките на Договорот приложени се и документи и мапи како материјален доказ за тоа.  
 
Од своја страна, Грција понудила географски карти за својата територија на кои немало ниту еден регион, ниту една област од денешната грчка држава, која го носи името Македонија.  
Тоа се случило дури во 1988 година.  
Документите биле донесени без гласање, со акламација, на 31 август 1982 година. 
 

Првата Резолуција од 1977 година е заведена под број E/CONF.69/C.IV/L.4.  
 
Резолуцијата од 1982 година е запишана во Организацијата на Обединетите нации под бројот E/CONF.74/L.107 како дел од заклучоците на Конференцијата за типизација на географските имиња.  
Во регистарот на усвоени резолуции стои дека таа е подготвена од Благој Зашов. 
 
 Грчката резолуција, пак, која го опфаќа и горенаведениот напис во „Катимерини“ е заведена под број E/CONF.74/L.110 и како нејзин автор се спомнува контроверзниот Евангелос Кофос. 
 
1982 Е/CONF 74/L.110 е бројот под која е заведена Резолуцијата во ОН со која Грција се согласува со користењето на македонската азбука и македонските географски имиња.

Михаил Барак

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top