Историја

Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот

sonce-i-kosmos

Поимот обелиск- древен македонски збор и значи обелоденување

Клаудија Лутовска

sonce-i-kosmosОбелискот којшто праисторискиот човек на планината Кожуф, близу Гевгелија го поставил пред речиси 5000 години пред нашата ера, во педесеттите години на 20 век, диви копачи, најверојатно со некаква помошна механизација, барајќи злато – го урнале и го преполовиле на два дела. За жал, од незнаење за вредноста на обелискот на локалитет кој датира од праисторијата направена е штета врз него. Двата уништени делови на обелискот, кој бил висок 5,5 метри, на се уште нерегистрираниот локалитет наречен “Милисин”, кој всушност претставува шумарско-ловечка заштитена зона на Кожуф Планина, денес се само сведок за единствениот обелиск-споменик на културата на праисторискиот човек на овие простори кој верувал во култот на Сонцето и Космосот.Оваа приказна ја раскажува архитектот и проучувач на историјата на македонската цивилизација, автор на многу дела на оваа тема, Васил Иљов, кој направи реконструкција на обелискот и се обиде да го дешифрира натписот издлабен на каменот.

Овој начин на пишување кој е регистриран на обелискот е соодветен на пишувањето во раниот неолит.

Исто такво пишување има на печатот од Говрлево – издлабени написи на камен на еден одреден принцип. Околу четири месеци траеше осмислувањето на кој начин да се дешифрира издлабениот дел. Според дешифрираното стои: “Со мојот владетел Сонцето”, потоа “И Ракле Зпаски – тоа веројатно значи име на некој владетел”, објаснува истражувачот Иљов. Локалитетот “Милисин”, кој во науката не е многу афирмиран, е мошне атрактивен локалитет. Името го добил по реката Милисин што тече во близина, а целото подрачје, всушност, претставува шумарско-ловечка зона, Истражувачот Иљов објаснува и додава: “Останав фрапиран од она што го видов. Како може еден таков уникатен објект – споменик од праисторијата толку да се уништи. Според моите сознанија, тој е првиот обелиск што досега бил регистриран на овие простори”.

sonce-i-kosmos-1Обелискот бил поставен во слава на Сонцето, бидејќи древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот. Се надевале дека кога ќе починат, кога покојникот ќе го стават на клада, кога ќе изгори – преку зраците на Сонцето, ќе стигнат до Космосот и таму ќе станат вечни. Архитектот Иљов потенчира дека и самиот поим обелиск е древен македонски збор и значи обелоденување.

– Македонскиот народ знаеше да создава под какви било околности. Затоа ние сега треба да знаеме како тоа да го сочуваме, затоа што овие остатоци и’ припаѓаат на македонската цивилизација и на македонскиот народ, вели Иљов и додава дека затоа е потребно да се изврши реконструкција на обелискот, да се постави во вертикална позиција и да се вратат камењата на своето место. – Македонските археолози ваквите локалитети како да не ги забележуваат. За нив поатрактивни се, на пример, некрополите, бидејќи во нив има предмети, богатство.

Овој локалитет е од бесценето значење за Гевгелија и Македонија и претставува реткост во регионот. Го обогатува како локалитет и  центарот на Кожуф. Еве уште една можност на посетителите да им се презентира праисторијата на Македонија…..

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top